Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
Офтопик: (до Џонтра Волта) Окапав едно три месеци во тоа Украината на обука. Го наполнав пасошот со печати.
Мислам дека сум стасан со лајкување кај 450-60та страна од ДК :)

Онтопик:
Украина..... АХХХХХХХХХХ.
Пола Прилеп помина таму.
Прекрасен народ.....Под тој народ подразбирам Украинци, Унгарци (таму каде што бев е гранично место).
Работат за помали плати од нашите. 6-8000 денари по 12 часа на ден. И пак секој ден идат на работа насмеани, расположени.
Кај нас и 50000 да земаат плата, ќе бидат како немтури.
Роднините ми велеа да не зборувам руски заради ситуацијата таму. Украинците неќеле руски да им зборува.
Неќеле? Се радуваа кога им зборував на руски. Се разбиравме за се.
Во средно ми се смееа кога само јас од цел клас учев руски, а тие англиски. Рускиот немало да ми се најди никаде. Мех.
Имаше случај првиот ден требаше превод за заштита при работа. Дојде еден, и праша некој дали знае украински. Сите молчеа. Потоа праша дали некој знае унгарски. Никој. Руски...
Јас кренав рака. Некоја праша зашто не на англиски. И баткава ми вели преведи и го ова:
Ова не е Англија за да зборуваме англиски, ова е Украина. Овде се зборува украински и унгарски, руски во краен случај. Никој во градов нема да ти зборни на англиски.
Така и беше. Три месеци и секаде каде купувавме и шетавме и прашувавме за цени, никој не знаеше англиски.
Алкохолот ефтин, се друго речиси како кај нас.
Пивото 4 лименки туборг за стотка. Коњаци, вотки, вина, виски.
Виски блек џек 70 гривни (0,7), вотка Медоф литар (100), вино 40 гривни.
Уба кулава а? :)


Можам да кажам дека од пивата најдобри им се; Стела Артоа, Балтика и Оболон
Тоа крофните и месените работи ко кифли, мини пици...... Ауф. Такво нешто немате вкусено.
Полиција (иако е воена состојба во Украина) немам видено. три месеци и не знам како изгледаат. Чат пат некој од овие УКРОП паравоени единици ќе налетавме и толку.
Имавме проблем со интернетот. Wi-fi и немаше во хотелот, пред Нова Година пуштија.
Во Украина има еден прекрасен оператор Лајф. Ставаш 50 гривни кредит (околу 120-130 денари) и имаш 4 ГБ мобилен интернет цел месец. Во Македонија ниеден од операторите не се заинтересирал за тоа :)
Град со 20000 жители, сообраќај слабо. Стандард колку кај нас.
Толку колички со бебиња немам видено во животот. Во Прилеп нема толку колички со деца.
Украинки...Не видов дебела....Сите со танки нозе санќим соленки.
Интересно е што се мажат на 18-19 години, ама брате се разведуваат на 22.
Притаена проституција. Изиграва домаќинка со дете, а прави се и сешто по купатила.
Во градот најчесто се возат Лади, секакви.
Немојте да пробате да испиете осум балтики за 100 минути, во спротивно ќе ги знаете сите српски кафански песни. И кога ќе одите во вц, ќе се потпирате на ѕид.
Тука би сакал да им се заблагодарам на цимерите кои ме трпеа 3 месеци, и кои се погрижија да го снимат моето прво пијанство. Фала ви. Ми недостигате. :pijani:
Водици во Украина.... Кршеа мраз за да се капат


Работа ко работа кајги, 9 часа на нозе, три паузи. Лепиш силикон со тоа пиштолот едно 600-900 парчиња на ден, грејачи за седишта за форд, туарег, ауди, дачија, рено. Тие од туарег ме сексаа максимално. Тоа кримпот требаше нагоре, прстиве ме болат кога ќе помислам. Ги искинав на тоа кримповите. не се малку 3000-4000 да ти поминат низ рака за една недела.
Манијачиш и чепкаш Украинчиња. Најголем дел од работниците беа женски да напоменам.
Најубаво јадење добивавме на работа.
Кајги, јас не сум јадел ориз. Ваму пројадов. Ориз и пире обавезно.
Немаш поим како ми течеле лиги на пржени компири :love:

Прво бевме сместени во хотел во центарот. Јадењето не е ко дома :) Ама центар си е центар.
Вториот пат не сместија во санаториум. Првпат гледаа Македонци. Под планина, а долу тече Тиса. Вардар е рекичка за неа. Имавме базен со топла вода за 100 денари за цел ден. Тие што доаѓаа од надвор плаќаа 100 денари на саат. Имаше бар, со секакви пијалоци. Купувавме вино од соседното село.
Со ова одевме на работа. Идеално возило за никакви патишта. Ќе не поминеше возот една вечер.


Шефицата на линија во слободно време правела слатки и торти. Ни донесе торта два дена пред да си одиме. Ние и купивме сребрен прстен. Претпоследниот ден не ни се работеше. Последниот ден ни беше ден за плачење. Втора смена, петок. Музиката да трешти. Се отепавме од гушкање со тоа шефици, контроли, колешки вечерта. Последниот сат ни беше фотосесија.

Убе беше бре, сакам пак ама да е потопло. Грдо е ко ќе имаш зимски алишта во куфер :)
Ми недостигаат пиците во Салве, Ориент Експрес, Џеј Џеј... Кафето во Фонтан и Орлиное Гниздо, виното од Мала Копанија, насмеаните фаци на украинките :)

А да, ова украинциве најчесто ги користат овие зборови:
-Скоро, скоро!
-Робимоооо!
-Норма буде!

Доста за Украина. Цел комшилук мене ме пцуе. Денес го исчистив дворот. И го запалив ѓубрето. Таков чад Везув не пушта :)
За лајкнување....си велам дека ќе успеам овој месец да надохнадам за овие 4 :)

Ова ми е најдолг пост. Мех.
 
Последно уредено:

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250
Твoите финo те вoспитaле, пaметен си и знaеш кaкo и кaде дa се oднесувaш, дa гo примениш тoa штo си гo нaучил. Амa не знaaт сите, не прaктикувaaт сите. Зaтoa нa глaвa ќе ти се кaчувaaт. Зaтoa ќе бидaт oгoрчени и прaзни.
Акo не си и ти безoбрaзен не знaaт дa рaзберaт пoинaку.
А и не е интернет зa секoгo. Некoи ништo не зaслужувaaт.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.051
Поени од реакции
15.026
Драга, морав да купам 20 празни двд цедиња. Користам интернет од телеком. Оној пакетот од 30 гига "јак" интернет и после влечкото.
А кога е слаб интернетот јас симнувам торенти. 80 kbps максимум.
Вчера гледам 400 Kbps. Се радувам ко мало дете. Удрив на симнувања :)

Во 2012-та симнував филмови со 20 kbps. Па сметај. 8 саати еден филм од 700 мб.
Денес броев, дека имам едно 150 цедиња со по 5-7 филмови.
Уште женска да си фатам и да правам пуканки.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Драга Кајгана,
И баш кога човек ќе се почуствува активно, спремно и позитивно расположено, одма доаѓа некоја глупа настинка која ќе ги собере салфетите, апчињата, мамурлакот и маките околу тебе, и целосно ќе ти го уништи доброто расположение.
:вонзем:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Си бараш школски на фејсбук, немојш да ги најдиш, пошо се мажиле и си менале презиме логично, некој допрва.
Некој во моментов децата си ги заспиваат, а јас обесена на пинтерест постери барам да си испечатам и да си лепам низ соба и по потреба си пуштам Драган Вучиќ само ради Дамбo.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.442
Поени од реакции
7.829
Дојдов на темава заради Денис, arakenx, останав поради постот на Беркут. И почнаа во глава да ми се врти бифшата ми колешка од брод, родена во Киев, Ина Рожнатовска, Иначка...
Туку да не бидам офтопик, од немање ништо работа си најдов две, и таман почнав да се уходувам се разболев... Сега ќе си направам чајче и ќе пијам апчиња и то... Да не беше настинкава ќе се чувствував како Дејан Манасков со неговиот трансфер :)
И имам идеи за уште неколку нешта, но за тоа потоа. Ако почнам да ги правам ќе се пофалам тука, на ФБ, на инстаграм, на твитер...
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
834
Поени од реакции
1.368
Само што го изгледав најдобриот документарен филм, го препорачувам на секого, па дури и ако не гледате документарни. Секоја чест за луѓево што го направиле, особено човекот во главна улога. И Хју Џекмен го има на кратко.

 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.815
Поени од реакции
72.145
Во населбата во која се решава иднината на Македонија СО ГОДИНИ не е мрдната ниту една цигла :icon_mrgr: После толку време, кога се брои ситно до претстојните избори, госпоѓата Туфи реши дека треба да се РЕНОВИРА ТРОТОАРОТ на главната улица. Тотално небитно што на тротоарот апсолутно ништо не му недостасува, тотално небитно што улиците зјаат со дупки длабоки по пола метро, од општината решиле дека треба нешто да се сработи во населбата и да се додаде во програмите кои и онака никој не ги чита. Да не мрчиме дека ништо не работеле... :icon_mrgr:
Додуша сакаа да сработат и нешто друго. Со години ја имаат желбата да го срушат стадионот и на негово место да изградат станбен комплекс, ама не им успева додека не се смени сопственикот на клубот. Мада и да се донесе таква одлука, има востание да дигнам, се да им ебам неспособно :icon_mrgr: Па вакви фаци се во тоа општината, да ги бирале не можеле поголеми глуптони да одберат. Кој од кој се сите...
Славија трга со нови амбиции во третата лига, да опстанеме годинава, па идна година ќе влагаме, volume 384237438 :icon_mrgr: Па идна година и млади генерации ќе има (само тренери нема) и женски фудбалски клуб :icon_mrgr: Нема лабаво, спортско друштво е ова или заебанција ебате :icon_mrgr:
Плус ќе шиткаме фудбалери во Германија пролетва, да ги засилиме малку и Немциве :icon_mrgr:
Како рече претседателот на клубот на едно интервју на телевизијата АБ, "тоа што е Јувентус за Италија, Славија ќе биде за Македонија" :kuracc:
Клубот со години нема млади категории, а типот на прашањето кое место се младинците и кадетите, вика младинците се први, а кадетите некаде на средината на табелата :ojeaa::zver::pivo2:
Да се знае кој играл квалификации за најсилната Југословенска лига во 1935/36 бе :ojeaa:


Постот го завршувам со уште една урбана легенда на населбата. Тешка пијаница, околу 75 години :pijanco:Типот е најголемиот манијак што го познавам. Жена му почина, се прежени и таа почина. Сега пак брка жени. Во автобус секогаш гледам некои убави девојчиња и дур си викам дали да им направам муабет или не, ќе се симнат од автобусот :popce::lolzz: Е кај типов нема размислување и тоа на факинг 75 години. Станува од седиште и се приближува до една баба. Си ја размуабети, после гледам заедно си одеа накај дома :toe:
Кога и да дојде на игралиште поставува некои первзерни прашања. Имаа тренинг еден женски фудбалски клуб додека ние играме баскет. Ми доаѓа типов и ми вика добри се женскине?
Јас му викам, бегај бе како машки се. И кога направи една кисела фаца :pos:
Отиде самиот да се увери, како мисир дремеше пред соблекувалната пола саат :pos::pos::pos: Пола екипа седнале надвор, овој дреме до нив и шпиунира низ врата дали има некоја разголена во соблекувалната :pos: Го гледам влага внатре и слушам некои машки гласови како му се закануваат :blablab: Иначе типот е скаран со сите комшии, ги има гонето со секири :pos: Пред некој месец ме гледа на улица ми се дере СРЦЕ ДЕДИНО :pos::pos::pos:
Колку и да е отиден, населбата би била едно подосадно место без него :icon_mrgr:
Пред многу години дур бевме копиљана и жена му беше тазе почината, го гледаме седи со новата жена во нејзината кола додека оваа отишла да пазари во локалната продавница. Наеднаш отвара врата и ни вика ебете ли бе вие? Јас јебев од једанаес :pos::pos::pos:

Во глобала то је то. Дојдов да се издувам на темава пошто направив 34534543 програми викендов, со по 39249 реда кодови, и сите резултати можам да ги фрлам во вода, пошто на едно место сум ставил + место *. Не знам кој пат да го фатам, дали се разнесам во влада или да се распнам на орелон во Топанско поле.

п.с. Дамбо е дете Комитско :icon_mrgr:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.794
Поени од реакции
6.208
Драга
На твоиве страни запознав многу добри луѓе (со некои сум се дружел и предходно но се најдовме и тука). Студенти, домаќинки, вработени, невработени, фотографи, обезбедувачи, фармацевти, рецепционери, програмери, бизнисмени, религиозни, атеисти, љубители на мачки, љубители на кучиња, татковци и мајки, вљубеници во готвење, љубители на книги, археолози, дизајнери.......

Секој со својата професија и својот живот, но на некој начин и дел од мојот живот. Секоја разменета идеја, секоја шала зачинета со пиво (чај, кафе, ракија....), секое кулирање во парк или прошетка во природа го шири мојот светоглед, ми дозволува да го погледнам животот од друг агол, од нивен агол, и да да добијам поцелосна слика за светот.

Убаво е чувството кога на улица, во автобус, негде ...ќе сретнеш форумџија и ќе се поздравиш како со стар пријател. Уште поубаво е кога ќе седнете негде и ќе ги размените вашите мисли. Секоја средба отвора нови насоки, нови можности.

Биди горда Кајги. Добри членови имаш.

Посветено на сите добри луѓе на Кајгана
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.969
Поени од реакции
11.608
ДК,
И ја лапнав еден куп лајк4иња од Беркут. :P

Него, каков циркус еј, па за ова треба да наплаќаме бе и така странски туристи еден куп ќе дојдат, сеир да гледаат, ќе капне некое париче у државава. Абе следна сезона на 24 у Македонија да се снима, у 5 до 12 се дешаваат сите главни срања.
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.724
Поени од реакции
21.051
Драа Кајгана

Увек кд иду у Куманоо, деси ми се екскурзија
Оги ми вика ујче, ако ти се љути девојка ти, само ке гу цунеш у уста и ке ву купиш цфеќе:ROFLMAO:
Kој Оги? Оги шфриждер : D Собира сликичиња битолското чупе : D

Mноо ми е криво што не гу глеа целу бубамару,само крај га фати, крај беше врф. Какфа маестрална изведба еј. Тај девојка од Љубојну, тија дечки што сфиресфа еј, сфака чаз, на моменти ми изглеаше како шпонгл лајф перформанс. Јако еј
После тој Џими Хендрикс Стефанофски развалијо еееееееј, сс тога дечка на флејту, флејта ли е кларинет ли е знам дека е нешто као сунет иструмент:icon_mrgr: Некој македонац што жии у Њујорк
:cuc:

Али јутретодн на ручак беше јако, мама вика виде ли колко добро појасфа Благојна:vozbud:
Не ми се веруе бе,Благојна бе ги кажа, нема могуќе!!! Згазисмо се сс тату
Љубојна Благојна : D

Мноо смо се смеасмо се hehe
 

Kajgana Shop

На врв Bottom