Драга
Ќе си решаваш, ќе си решаваш и ќе ти текни да си ја пуштиш "Жал за Деспина" и сфаќаш дека мора да имаш шише вино во секое време. Исто ко мајкиве шо чуваат по дома шише ракија за бришење прашина и дезинфекција. Секако

Кога сме кај учењево, последнава година пред секој положен предмет сонувам неколку дена кошмари, од тоа татко ми дека ме тепал со каиш, до земјотреси, ајкули и други глупости. И вечерта пред полагање убавезно сонувам кај шо сум закаснала на полагање, а предметот ми бил преучен.
Добро ова можеби се и трауми од статистика кога се успав за на полагање зошто вечерта се наголтав кетонали, па сега го терам да мести аларми и да ми ѕвони, зошто ако и речам на мајка ми да ми ѕвони во 7,а полагам во 8, таа ќе ми ѕвони на телефон во 8,30 и ќе ми речи "не полагаше во 8?"(статистика), така да мајка си ја чувам пред полагање да го поплавува влезон со вода.
Лани и со цимерката си имавме таков ритуал, па не гледаа комшииве кога е колоквиумска, jaс 4 пати, кај неа тогаш 6 пати низ влезот фрчеа тенџериња вода (демек во чаша малку е нема да се фати

), дури еднаш еден дедо ми посака среќа, иако многу не комунициравме со комшиите.
Тоа беше истата година кога ни го демолираа влезот и лифтот кога не работеше цел ден, баш тогаш за локалните избори. Кај им се погоди се прашувам. Да ги прашаш овие од УМС шо се десило тој ден ќе ти речат универзумот така сакал лифтот да се расипи, а влезот сам се демолирал.