Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.873
Драга,
Толку имав да ти кажам а те немаше:(
Си сакам ја пиво, сум кажала више веројатно многу пати. Ама не секогаш пивото е фино со мене. Еве на пример пред некој ден, наместо на бившиот да пишам порака, ја пратив на дечко ми. Да драга, тој проубавениот бивши. Кој рекол дека не е добро да го знаеш пасвородот на дечко ти на ФБ, не се нашол у ситуација како мене. Дека ме спаси од објаснувања со денови.

Денес си напраив солиден шопинг, искочив по една работа, се вратив со 20. Плакарите ми крцаат, ама за недела дена паќ ќе нема што да носам. А уствари не дека немам, него ме мрзи да пеглам. Па секогаш ги носам оние алишта што бараат најмалце пеглање.

Имам испит за спремање и проект за правење. Се освестувам дека утре е 8ми и дека имам уште неполни 3 недели. Ваљда можам да ја истерам и последнава сесија без утка?!

И за крај, фак ју Барселона!
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.448
Поени од реакции
42.731
Кога и да земе титула Барсава ме потсеќа на загубените финалиња на Манчестер во 2009та и 2011та токму од нив, и ми паѓа расположението. Нема ли бе апчиња за оваа работа? :cautious:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Последниве две недели некаде бев на работа по 10 саата а гледам дека последниве неколку дена и @Peja989 почна да ми прави друштво. @leandra Леандро имаш некоја спротивна клета уста, чисто да знаеш. И место во петокот конечно да се испцујам тука на раат дека се ослободив од товарот поради кој јадев еднап на три дена и спиев по 2 и пол саата на ден, морав всушност да спијам а не да кукам :icon_lol:

ниедни пари не го купуваат мирот што може да го има еден човек.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Во два - три саат навечер некој спие или евентуално лудува, а јас стаорци бркам:confused:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Драга,
Запалив цигара.
Се мразам себеси.
Се мислам дали да одам да си купам кутија. Или да одам да се убијам.
Едвај чекам да помине следната недела. Под итно ми треба energy refill.
Надвор се раздени.
Силно светнал ден.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Не се сеќавам кога последен пат имам спиено до 12-13 .часот вчера у 01-30 легнав еве ме сега у 8саат станат пробувам да спијам неможам порано кога ги гледав луѓето како стануват волку рано си викав како е возможно станав дел од тие луѓе работните обврски и навики си го направија својето и свесен сум за тоа но има еден ден каде што може да си пружиме добра спиенка ама не и во мојов случај што да правам сеа мислам има шо да се праи ќе се фура накај козјак,матка,водно ама пак не ми оди спиењево:mad:

ajde poz
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
После лајкот што го добив од Шумеча во темите за ракомет, денеска се будам со лајк од истата персона во Лига на ШаНпиЈони темата-фудбал. :D

wat iz next? :нинџ:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Ни дадоа автобус, не да го возиме одговорни да бидиме, ај сега :icon_lol:...


За тебе пеам песна...
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.753
Поени од реакции
24.443
Внимание, контроверзен пост кој може да ги вознемири некои од читателите. :D
Се шетам прееска сама во шума и гледам две силуети се доближуваат накај мене. Двајца доста високи личности, облечени во црно. Лик не гледам, далеку се. Прво нешто што ми падна на памет беше „ИСИС“. :D
mkajq.jpg

Потоа видов дека шетаат пудлица и се намирив. :LOL:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.476
Поени од реакции
68.905
Се надевам Ѓоковиќ ќе изгуби денес во финалето на Ролан Гарос :kuracc:
Отапеа со хаштази неговиве фанови во последниве денови, #djokovic#final#champion#rolandgarros:kuracc:
Уште само тој трофеј му фалел... Никад да не го освои :нинџ:
Толку ми е омразен што кога купувавме рекети за тенис на плажа во Грција, другариве одбрале рекет со Ѓоковиќ, го земав го вратив и земав рекети со картата на Грција :blablab:

#go#wawrinka#dupisigodjokovic :busi:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Кајге, па пратам ја, само нејќам да се фалам. :P Не бе, нема ништо лошо човек да игра спорЦка. :icon_mrgr:
Порано играв у петто одделение, од 9 утакмици у Депортиво, стандард една ме зезна, ќе си земев 27 илјади. Тогаш реков ако ги земам, ќе си купам компјутер со тенок монитор. :tapp: После се откажав и после некое време чат-пат. :D
И вчера Барса си ја фатив, али оваа денеска некако не иде ко што треба. :misticen:

Башка тоа, треба да учам, а не ми се учиииииииууууууууу. :X3:

И така, ај брм. :motorce:
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
#ОнаКога ќе се убиеш 3 дена од работа, без да имаш време за јадење и спиење, за да го завршиш проектот навреме, и таман кога со последната капка енергија ќе ја напишеш последната буква, ти го продолжуваат рокот за цела недела. #ФакЈуВериВериМачЈуСтјупидСанОфАБич!

И кажувам на другарка ми за еден колега што ми се пушта.
Вика „Ееее, па топ е дечкото, го знам“.
Јас: „Абе он е топ, ама не е мој тип, премногу е женствен за мене“.
И пази одговор: „Па добро де, мора некој да е женствен у врската“. :kuracc:
BUUUURN!

Кога сум ненаспиена се ми е смешно. Заборавам колку ми е тажен животот. :D
Не сум сигурна дека постоел ден кога на Шумеча и се учело. А ја знам долго време. Се прашувам што ќе праи кога ќе дојде на ФИНКИ и ќе ја малтретираат со идиотскиве проекти. :свиркам:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.128
Поени од реакции
15.959
Драга,

Деновиве ме оправа тоа што кога ќе станам пијам нес. И го тегнам саат време.
Да, тоа ми е причина за станување сабајле.

Носот ми е затнат више три недели. Мислам дека сум настината, зашто да беше алергија ваљда ќе кивав ко луда и очи ќе ме печеа. Right?! А и ми е гајле.

Ме нервираат сите околу мене. Има влијание тоа што сега малце ми се мрдна ПМСот и ми почнува две недели пред да добијам. А ваљда има врска и тоа што сите се нешто зафатени или дури и кога ќе се видиш, се прашуваш кој кур јас изигравам соучесник во глупиве муабети.

Крајно, лута сум сама на себе.
Не знам во кој момент во животов ја изгубив самодовербата во поглед на тоа колку сум способна и почнав да се однесувам баш ко оние што се - турни ме да поодам. А јас мразам бавни особи. И не сакам промени. Си се осеќам мирно и спокојно во некоја удобна и лежерна состојба, од која не сакам да мрднам, па се заборавам во неа. Мирно и спокојно, а уствари сакаш побрзо да се тргнеш од неа.

Од друга страна, само папагалов не ме лути. Не знам што му е на малото, почна и кафезот да го гризе во последно време покрај тоа неговото, како и да се вика. Толку е плашливо, до прозор кога го ставам, трепери. Ваљда нема поима кутрото дека постои нешто што се вика - надвор. И знам дека ко особа сум доста себична, можам да му земам уште едно папагалче и двајцата да си се дружат (ако не се искубат), али не, така нема да се приврзи кон мене уште повеќе. Себичност, тоа ти е.
Бар сум си свесна за сите мои лоши карактеристики. Тоа што не работам на случајот да ги сменам е друга работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom