Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.865
Поени од реакции
25.083
И после дијаспорците биле евтини, а цела Скандинавија масовно поправа заби во други земји уште од памтивек.

Screenshot_20230629_205019_Facebook.jpg
 

Лаик

Фираун
Член од
4 август 2018
Мислења
1.486
Поени од реакции
3.222
Можда сум отиден у курац психички ама оваа тенденција на имитирање на тајната вечера ладно ја препознавам и финтата е што оние кои очекуваат противник од другата страна некој со брада религиозен и аскетски тип ќе ги дочека тазе бричен Христов војник..


 
Последно уредено:

Византиецот

NO! you ass.
Член од
14 март 2021
Мислења
2.782
Поени од реакции
6.332
Belle, секогаш ги имаја најубавите жени во Европа.
На се што е убаво му е суден крај. Од омраза, од гнев и љубомора, видено веќе премногу пати во мојот живот, до степен на неинтересност и неможност за подобро. Од ситност.
Бардот инспирација и за Адел и за Спирс и за словакињата Ивана, некогаш Трамп.
о бел Лилјану, од Архангелот за Марија.



Франките, она што беа некогаш,
моите засекогаш најсакани. Моите Гали, моите Баскијци, моите засекогаш победници против императорот Рим. Кога тие пропаѓаат, со нив пропаѓа цел континент. Ода на радоста, за некои туѓи турци некои. Некои вечно сити, а вечно лакоми на туѓи несреќи.

 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.417
Поени од реакции
29.981
Хрватска денеска прославува 10 години членство во ЕУ. Нека им е честито!
Хрватска -Кратка и јасна статистика.
01.07.2013
$10.214 БДП/жител
01.07.2023
$17.894 БДП/жител

Македонија во 2013-та имаше БДП $5.239 по жител односно 50% од хрватскиот.
Денеска Македонија има БДП од $6.694 по жител.

Бугарија членка на ЕУ од 2007-ма во која имала БДП $4.694 по жител, денеска Бугарија има БДП $14.600 по жител, односно за 220% поголем од македонскиот.
Грција и покрај сите финансиски проблеми одамна надмина $21.000 БДП по жител

Толку е постот. Кој сфаќа океј, кој не пак океј.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.320
Поени од реакции
11.062
За се треба баланс во животот. Себичноста сама по себе е негативна особина ако дозволиме да надвладее со нас. Но во суштина на секој човек му треба доза егоизам за да преживее. Понекогаш кога емоциите преовладуваат, не сме ни свесни дека човекот може многу да се загрози себеси во обидите да не биде егоист, подредувајќи ги своите потреби во однос на другите.
Никогаш не сум била воспитувана да бидам себична, секогаш делев од најрани години, помагав таму каде што може да се помогне и колку што може, сочувствував со другите. И колку само пати сум се осудувала заради некои мои себични одлуки и самољубие. А ретроспективно гледано таквите одлуки се едни од најубавите и најпаметните одлуки кои сум ги донела и се причина за најголемите мои успеси и мемории во животот.

Не е толку погрешно да се грижиш за себе, своите желби и потреби пред се. Секој човек мора првенствено да се сака себе, да престане да се залажува и да се прифати таков каков што е. А сите други приказни се пишуваат врз основа на тоа.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.333
Поени од реакции
5.550
Мразам кога некој ме потсеќа за тоа дека животот е краток.
 
Член од
1 октомври 2022
Мислења
302
Поени од реакции
586
ДК
Животот е краток и секој момент е драгоцен.Искористи го до максимум оти незнаеш кога ти е последниот ден.И живеј го онака како што ти сакаш.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.534
Поени од реакции
59.075
Dear K,

Животот е претерано долг. Деновиве се будам целиот искршен, што не ме болело пред спиење ме боли наутро. Пред два дена малце се опоравив од температура и ме натера ѓаволот да влезам во вежбална. Сила имав за 15 минути вежбање, по што ми се врати и температурата ама сега како бонус ме болат и рацете и грбот. Си викам како не умрев вчера, да не ве замарам денес...

Некои луѓе кога ќе погледнат наназад велат дека животот им се чини како еден миг. Мене ми се чини како цела вечност. Имав и добри времиња и лоши времиња, првите беа пократки ама сакам да се сеќавам на нив, вторите ги оставив во минатото. Но во секој случај, поминав толку многу што некогаш сум уморен што сум жив. Некогаш не можам да се сетам на лицата на пријатели и познаници, или на девојките што сум ги сакал. Животот е ебено долг. Ако имаш среќа.

Да чукнам во дрво, никогаш не ми било подобро од сега. Никогаш не сум бил повеќе исполнет, сакан, среќен. Се надевам дека уште долго ќе ве замарам; сепак, би сакал да верувам дека еднаш ако ме снема од форумов без предходна најава, ќе ве има стотици кои ќе го помислите истото: фала Богу, време беше!
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.730
Поени од реакции
4.481
ДК

Од телеком ми дадоа промотивно поради менување на пакет 10гб интернет, а јас со промената веќе си добивам неограничен. :pos::pos::pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom