Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.285
Поени од реакции
22.574
^ Само на Рон постот не е избришан дека е VIP куче. Ваљда ставрно е VIP куче штом цела тема му се посветува нему и тоа во општи муабети (најчитан подфорум) а не во миленици (најпасивен подфорум).
За луѓе изгубени посебни теми не се отвараа.
 
C

confusion

Гостин
Форумов си допира дно одново и повторно, таман кога ќе помислиш дека неможе пониско да падне модерацијава, оп изненадување.
Тетките и разни бугари имаат уништено две илјади теми со рак постови ама чекај да изиграваме шерифи на тема за изгубено куче на позната личност, отворена во погрешен подфорум само затоа што сме се заебавале.
Зошто сте бе вакви тажни луѓе, што ако заклучивте и избришавте, тоа ќе го најде кутрето, ќе помогне?
Првин дозволувате таква тема место у старт да ја избришете/модерирате, после коа се ствара добра заебанција и смеа, глумите шерифи, бришете и клучите.
Какви снегулки, отидено е и ова место за слободно изразување, да ви се мочам на истото.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.850
Кајг,

20230317_162818.jpg

не треба реновирање на студентски домови, туку реновирање на посебни вечерни училишта, за да можат овие нови академци да се вратаат да се описменат!

...така ли се пишува јавно, на улица транспарент од студенти сите букви печатни големи, а само една буква мала меѓу нив, па после тетките се криви, а тие неписмени до коска :icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.850
Кајг,

ice_screenshot_20230317-165326.jpg

а и средношколците не се поарни, мала буква меѓу големи печатни букви, каша попара напишано, но ако подобро размислам може не се тие криви, оти се вака се неписмени изгледа кривците се тие во основно учителите и наставниците ако вака дозволуваат пишување или полошо така ги научија!

П.С.
тетките се како вегета, во секоја манџа се ставаат, па дури ако некој накриво моча тие се криви, разбира се!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.850
Кајг,
објасни му на мачево твое што ми мјаука на секој мој пост, дека не е исто пишување на форум и социјални мрежи со јавно пишување и дешаванки јавно со транспаренти за барање нешто да се промени околу образованието, а тие неписмени, а идни дипломци и матуранти.

... моите три точки значат продолжеток на мислата на претходни коментари или како надоврзување, а да мешаш мали и големи букви во еден текст е срамота за првачињата, а не за средношколци или уште полошо идни дипломци!
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Драга,

Ти текнува ли на времето кога се собраа Климент и Наум Охридски со нивните учители Кирил и Методиј и се договорија дека бијонс има право на форум да пишува .......како сака .... а, протестирачите мора да пишуваат..... поинаку.

... времиња.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom