На денешен ден пред 75 години,набрзо по завршувањето на втората светска војна,кога светот е тотално разрушен,кога сеуште се отцртуваат граници од големите сили за територии,а луѓето плачат по загубите на своите најмили,баш во тие моменти "Мате и Кате" од Сплит го добиваат своето 5то дете.
Ретко кој може да претпостави дека во тие моменти на војни,препирања и омраза ќе се роди дете што во животот ќе го промовира баш тоа спротивното,кое го сака секој нормален,поштен и здрав човек.
Мајка му се одлучува да му го даде името Оливер,по Оливер Твист,главниот лик од романот на Чарлс Дикенс.
Првата година од животот ја поминал во Вела Лука со постариот брат Аљоша, а подоцна се преселиле во Сплит поради работата на неговиот татко.Учел во тогашното најдобро основно училиште во Сплит „Владо Багат“. Сепак, Оливер самиот признал дека неговото детство,воопшто не било лесно.
На петгодишна возраст добил усна хармоника од неговиот татко Марко и во тој момент кај него се родила љубовта кон музиката. Се запишал во музичко училиште и се научил да свири на пијано,кларинет и гитара.
Првите четири години од основното училиште имал само петки и добивал книги како награди.Потоа целосно се вљубил во музиката со што по цели денови свирел и пеел.Шестото одделение го поминал со четворка,седмото со тројка,а осмото со двојка.
Како тинејџер,Оливер не можел да се оддели од пијаното.Во Сплит завршил нижо и средно музичко училиште,а подоцна запишал педагошка академија.
Се откажал од факултетот уште во привиот семестар бидејќи успеал да положи само еден испит,поради тоа што бил премногу посветен на музиката.
Сепак што ќе му е такво "школо" во животот кога тој подоцна го изучил и совладал "она" вистинското,по кое сите луѓе го паметат и поради кое станал тоа што беше.Најдобар музичар на Балканот.
Прв пат настапил во дует со брат му Аљоша,во далечната 1957-ма година на радио Сплит,каде што на радискиот фестивал настапиле со песната „Picaferaj“,која поминала незабележано и затоа Оливер одлучил да свири по клубови и во странство.
Цели четири и пол години свирел од Европа до Мексико,а потоа се вратил дома со видливо здебелен и рапав глас од многу пеење и непроспиени ноќи.Една година поминал со трубачите во Дубровник,каде ја запознал својата сопруга Весна,која работела во болницата,се венчале 1974-та година,а подоцна ги добиле синовите Дино,Дамир и Давор.
Покрај славата која што ја стекнал, живеел скромно, далеку од гламурот и од очите на јавноста, а летата секогаш биле поврзани со неговата сакана Вела Лука.
На 7 август 2017 година, на погребот на својот пријател,на Оливер му се слошило и со брза помош бил пренесен во болница,каде неколку дена подоцна му бил дијагностициран рак на белите дробови.
Се чувствувал се полошо и полошо, па на крајот на јуни бил примен на онколошкиот оддел на Клиничкиот болнички центар во Сплит,каде што починал во 2 часот по полноќ на 29 јули 2018 година,на 71-годишна возраст.
Неговите песни не може само да се слушаат,нив морате да ги почуствувате,живеете,дишете,тоа не е само песна,тоа е нечија приказна,ЖИВОТ.
Во неговите песни се чувствува прекрасната Далмација,звукот,вкусот и мирисот на Јадранското море,додека ги слушате само затворете очи,препуштете се на фантазијата и ќе почуствувате море,сонце,галеби,љубов.
Не знам дали некогаш повторно ќе се роди човек што ќе ги опева овие работи и ќе ги долови толку добро за да допрат до сите,да овозможи на слушателот да ги почуствува и осети,да го доживее секој негов збор од текстот.
Велат дека луѓето додека живеат и ние живееме со нив,кога ќе починат стануваат песни и приказни.
Оливер е песна,а секогаш кога ќе ги слушаме неговите песни чувствуваме дека неговата душа живее и пее со нас.
Галебот ги склопи своите крила,но неговите песни,текстови и глас никогаш нема да се заборават,ќе летаат и понатаму со раширени крила.
Људина,Хрват,Далматинец,патриот и врвен музичар!
Уште еднаш фала ти за целата фантазија што ни ја остави,одмори се,не си далеку,тука си меѓу нас.