Сега ќе пишам нешто за кое најверојатно ќе бидам после тоа линчуван, ама ако, нема да ми биде ни прв ни последен пат.
Дечки, ЕКВ се најпреценет екс-ју бенд на сите времиња.
Не најлош, ама убедливо најпреценет.
Пред да почнете со камењата, де малце да дојдам до збор, два. Ислушајте неколку песни. Еве рандом да почнам.
Само првата минута од песната има повеќе композиција од 5 различни на ЕКВ. Не мора ни да ја ислушате цела, доволно е првата минута, првите 60 секунди. Почнува како концерт од класична музика за камерен оркестар. Жичаните инструменти се провлекуваат низ целото пеење ако запазите детали, нема редундантност, има цело течение на композиција. Одиме понатаму.
Делот од 2:40 до 5:05 дваесет Милани Младеновичи да живеат по 40 животи секој од нив немаат ниту кликер ниту креативна енергија да го измислат.
Одиме чекор понатаму:
Песната има толку рифови, солажи, премини и крешченда што не постои количина на хероин што Маргита може да си го убризга па да биде 10% од тоа. Ако ставам уште 5-6 па макар и рандом песни од Смак да ги компарирам на долго и широко со било кои на ЕКВ има опасност да им се набијат комплекси на многу ЕКВ-аши. Еве една анегдота за кога биле предгрупа на Deep Purple:
ЕКВ можат да бидат предгрупа само на некој tribute бенд на Deep Purple.
Продолжуваме.
Било која на ЕКВ песна за оваа:
е тоа што е таблица множење во споредба со математички приемен тест за во НАСА.
Уште треба? Ајде:
Enjoy the videos and music that you love, upload original content and share it all with friends, family and the world on YouTube.
www.youtube.com
Добро, јас се па тешкаши одбирам. Може нешто полајт, Здравко Чолич да речеме, воведов и композицијата низ строфите и рефренот, вклопувањето на повеќе инструменти во скоро неокласична партитура:
Сакате богохулието да го доведеме до максимална позиција на ерес, барем да ми се исплати линчувањето? Сега ќе ви го ставам Шабан Шаулич. Не, не се заебавам, Шабан Шаулич ќе ви го ставам. Сакам да ја ислушате оваа песна, почнува како класична музика, низ строфите цел оркестар свири, детали како суптилното додавање во втората строфа на гитарата кога вика -Уз гитару плако, таков дел со гитара нема во првата и третата строфа, како инструментите го пратат кралскиот глас на Шабан како да е снимка во живо пропратен со филхармонија. Само првите 20 секунди од песната вредат колку пола албум на ЕКВ:
Или да ставам некој анонимни бендови кои не добиле ни 10% од извиканоста а треба:
Дечки у реду е. Малце ми е скурца од целото тоа нивно лакањашко, миркопоповистичко величање. И нивното и тоа на Азра. Да, ок, оставиле некој белег, да биле глас (ако бидеме брутално искрени биле еден од гласовите) на некоја генерација, да имала некоја хипстерска лавина на нивно прифаќање, ама дајте да не ги правиме како да биле некои музички генијалци. Три-четири акорда, јас имам траг под леву мишку, имала је очи бојде меда, боје меда боје Дунава. Уствари не тоа Казалиште беа нив треба да ги хејтаме оти ги свират во Дијон и по свадби. А да, Ти си сав мој бол х40:
Полабаво малце со ЕКВ и Joy Division. Обично истата публика е што ги гледа и двата бенда како свои божества.
Те за крај нешто наше. Нешто што ЕКВ може да сањаат да го направат:
Compilated by .... Vrzovski, Cvetkovski & Vangelovski
www.youtube.com
А еве и едни млади дечки, ама џабе кој курац кога не пеат турбофолкерски рефрени како-Воли ме онако како никад ниси волела. Синан кога пее такво нешто тогаш е сељак, нели?
Zulu 3.4 is an instrumental band from Skopje, Macedonia.This song is from our upcoming third release. Subscribe to Zulu 3.4 channel for exclusive music video...
www.youtube.com
А сега можете да поченете со камењата:
https://c.tenor.com/8JyhyoSrhKwAAAAM/stoning-stone.gif
Бонус. Најдобрата репортажа на сите времиња:
Sinan Sakić je priznao je da su ga viski i kocka uništili, da za noć potroši i po 50.000 evra, da mu je za dobar koncert potrebna droga, ali bez obzira na to...
www.youtube.com