После земјотресот, на Скопје му се случува Кензо Танге.
Кензо Танге е величан до небо од скопјани, као демек јапонскиот архитект едно планирал, ние друго правиме со дивоградби и криминал, он многу убаво си нацртал, ние не сме разбрале...
Скопјани мора да се сетат на неколку работи пред да го спомнат овој проект за реизградба на Скопје.
Прва задача на архитектот е да гледа не 5 години унапред, туку 500 години унапред, најмалце.
Кензо Танге најверојатно размислувал дека после 1963 запира времето и луѓето нема да се размножуваат, коли нема да има повеќе, повеќе домови нема да требаат, повеќе транспорт нема да треба итн.
Типот ја посрал на повеќе полиња кога ја мислел за Скопје.
- проектирал двосмерни улици во центарот на градот
- Проектирал монструозно грди ѕидови од згради во самиот центар
- Не планирал никаков паркинг
- сите државни институции се сместени на радиус од 500 метри
- не испланирал трамвај
- не оставил простор за ширење на градот
Запомнете годината е 1963, за разлика од сега или било кога во историјата на Скопје имаш поволна прилика да го изградиш најдобриот град по што ќе те памти светот.
Бонус мотивација - властите се комунисти, само кажи што ти смета и зградата се прогласува за оштетена и се руши за да се ослободи просторот *како комунисти реално не ни им треба изговор за рушење(види колективизација).
Бонус мотивација - Цел свет донира пари, угледот на Тито е ставен во прашање како претседател, практично нема ограничувања на тоа што може да се испланира.
Бонус мотивација - Скопје е во котлина, можеш да проектираш милионски град на рамна плоча
Кензо Танге не разбира ништо за Скопје, -
- не ја разбира неговата историја како втор најважен град после Солун, во текот на цела македонска историја,
- не гледа напред дека братството и единството на Тито може некогаш ќе умре па на овие гревови ќе им треба главен град (зашто природниот главен град им е анексиран од соседна држава),
- не го разбира балканскиот менталитет кој практично вика - си живеам со Цане инспекторот од општина не ми треба дозвола за поткровјето, нека дојде зетот домазет.
- Не знае ни зошто војсководците викале, кој ја држи вардарската долина го држи цел Балкан, практично не разбира дека Скопје има потенцијал да биде раскрсницата помеѓу Европа и Азија од геолокациска гледна точка.
Благодарение на потценувањето на Кензо Танге кој Скопје не го гледал како ништо повеќе освен од провинција, денес Скопје е хаос од град пред се од лошото проектирање, а после и од градењето кој кај ќе стигне поддржано од владата на РМ и владата на РСМ.
Едните цареви клинички ќе прават одма до постоечкиот зашто нели нема гужва сеа таму и топ идеја е по тоа сокакот нагоре да јуриша брза помош со свети николски регистарски таблички, другите цареви па ќе го граделе кај Бардовци, да им биде поблиску на браќата од Косово за кои сите ние одвојуваме од месечната плата за они да се лечат со книшките на роднините од Тетове.
Ќе живее Скопје, ќе дојдат подобри времиња!