Драга кајгана.бг
Еден од нај кјут аспектите на моите нови сонародници ми е кога пробуваат да ми покажат дел од нивната култура, нешто што е приватно за нив. Место што го сакаат, ресторан кој им е како втор дом, езеро во кое одат да пливаат, бањи со термални води во Баден Баден (за жал полни со одвратни руски олигарси).
Со тоа пробуваат да ми покажат дека сум добредојден меѓу нивните кругови. За мене е кјут пошто бев растен со ликови кои по Југословенски воени филмови, пуштени на 100ка, ми ветуваја дека Викизите сонувале за да ме сварат сапун. Немаат попаметна работа па за тоа ќе сонуваат. Плиток поглед на нештата. Последно нешто што сакаат се наново конфликти на нивниот континент. Гледајќи како вековно (не од сега) примале европјани од други европски држави, па дури и Унгарци меѓу себе, согледав дека добар дел од митот кој пробаа да ми го продадат за нив беше политички. И на Америка гледаат со едно солидно ew. Балкански политички интелектуалци од секогаш беа синоним за давење во плиткото.
Ем си во плиткото, ем се давиш. Само лик растен на тие простори го разбира чувството.
У биџонс стил - сега лупајте тажно смајли. Тажно е, богами.