Каков ден Кајги...
Седнав да појадувам, ручам и вечерам наеднаш, ќе испијам и кафе и повторно назад на работа. Имам уште 13 аранжмани и 1 голем да завршам. Останува бидермаери и китенки, а количево утре сабајле. После ќе одмараме.
Уште само 1 вечер сама дома, утре доаѓа заедно со little princess и госпоѓа мајка на ручек. Ќе морам да најдам сила зошто ќе биде тешко. Утрово ми се јави лепотичето да ми рече дека едвај чекала да дојде, и мене ми недостига, цел месец не сум ја видела.
Убаво беше дур траеше паузава, време е за работа...
Тука сум стигнала вчера околу 5, се сеќавам само дека станав и мрак... Пак моето желевце отишло у к**ац! Ај докторот го истрпив некако, ама господин супруг и неговиот упад во соба утрово беше малку ту мач! Ок, знам, мора да јадам, мора да пијам, мора да слушам попаметни од мене, ама ете заборавив... Си ќарив 3 кончиња на брада, ваљда нема да остане лузна, шината нога и тададаааамммм пукната десна подлактица, токму под лактот, едвај пишувам. И сега што да правам 4 недели без рака?! За украс ќе седам у цвеќара, е така.
Туку денес не ме поштедија од семејни мелодрами, сепак имав мала претстава. Нели еднаш у месец ќе се гледаме, се издржува. Бубамарчето не ми дојде, а толку се радував ќе ја видам. Уф се надевам деновиве ќе ја донесе татко и, ми недостига.
Доста кукав, ќе ми дојде медицинскиов брат да ме предупреди да оставам телефон да не замарам рака и кој ќе слуша приказни. Бар кутре ме дружи на терасава дур пијам чај и уживам во тишина. Добра ноќ!