Пред две години на една пијанка, случајно се најдов на софра со еден Швед кој се шета како паун низ град, дотеран во одело. Истиот е некој ситен капиталиста. Ме убедуваше дека е многу лесно да најдеш работа во Шведска како имигрант само со англиски јазик. Он, тукашен, спие на пари и никогаш не го искусил тоа, ме убедува мене... Падна кавга, не смирија некако, не разделија, тури му курот, пијана работа.
Две години подоцна, откако јас се соочувам со истиот проблем по стоти пат(не за мене лично), ми текна на пијаниот разговор со Шведото во пет сабајле. Не знам како, му се сетив на името дури и го најдов на фејсбук. Во пет сабајле му напишав еден реферат каде му се изнаебав матер, повторно со факти, затоа што мразам кога сум во право, а некој ме убедува на спротивното.
Во пет сабајле јас успеав да ги истурам сите фрустрации, анскиозности и бес на еден рандом странец кој тогаш го сретнав и никогаш повеќе, гарант ниту се сеќава на мене, ниту на разговорот.
Никогаш не ја потценувај способноста на една луда и хормонално дисбалансирана жена.