Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И после сарс и мрса и корона вирус ќе се фаќа. Ако нешо треба да се пали, животински трупови дефинивно спаѓаат.
 
Како можеа да го остават човекот вака? :place:
Се мачи и полошо му е,и тоа поради нечија негрижа.
Да ви се плукнам во докторските мантили,гадови едни смрдливи... :boksix:
Идиоти!
 
Полагам за кола и морам да одам на курс за ризик. Што е курс за ризик? Те седнуваат во соба со слики од сообраќајни несреќи инти пуштаат филмови со последици од истите, значи гледаш лешеви, изгорени луѓе итн. Еве ме во ходник си доаѓам на себе и не ми се полага повеќе. Нека, ќе си возам точак по снегот.
Денеска е вториот дел. Освен сликите и видеата, ќе се потрудат дополнително да ни ја расплакаат мајката со машинерија која ќе симулира кола што се превртува, додека си внатре, а потоа ќе возиме брзо на замрзнат пат и нагло ќе ја свртиме колата за да научиме какво е чувството кога губиш осет врз возилото додека се лизга. Два валеријана за појадок.
 
ДК за потсетување темната страна на Кобе
рапист.jpg
Жално но вистинито 2003 година силувал собарка со која се спогодиле за непозната сума на пари за сите обвиненија да бидат отфрлени против него
и како велат карма си е карма порано или подоцна ќе го стигне секој.
By the way ова не е ситење на судбината само доказ дека правдата ќе стигне во даден момент колку и да се трудиме да ја покриеме може да ја покриеме со тони злато или пари таа ќе излезе на површина.
 
Се успал коњот и грижливите сопственици решиле да не го будат и само да го качат на камион и така да го превезат, наместо да го будат и маалтретираат сам да оди. И одма дезинформирана руља сака да ги беси.
 
Коњ на булевар, лагано кењање во паркче во строг центар, багра што вика по азијци “Корона вирус мрш од тука мамето ваше”... тоа се во рок од 24 часа.

Каков Ханиленд, ова е ОРКленд, земја на орки.
 
Толку многу доцниме во однос на светот, што додека главна болест низ планетава е Коронавирусот, кај нас луѓе умираат од маларија...

1580328139443.png
 
Прв пат во мојот живот од дома земав пари, се сеќавам кога бев 5-6 одделение и тоа беа околу 600 ден и ги потрошив за флипери. Во тоа време многу пари изгледаа.

Не добив ќотек, ама мајка ми ми кажа наместо да ми купи нови патики ќе продолжам да си ги носам старите. Следен пат пак да пробам да земам така пари кои таа ги оставаше дома бидејќи имаше доверба.
Некои зборови и совети и до денес ги паметам.

Скоро и да ги нема оние генерации на родители кои знаеа како да воспитаат дете, да дадат совет, да насочат на прав пат.
Разлигавени деца и задоволени со се и сешто и после на глава им се качуваат. Не знам што памет треба да имаш да крадеш поголема сума пари од дома, па и од фирма која ти дала шанса да заработуваш за парче леб...
Чекај бе политичар си, директор си?
Едно обично гомно кое мисли дека нема да го најдат. Сам си, нема кој да ти чува грб.

Не знам нели сакаат некои да имаат мирен сон кој е најголем луксуз кој може една личност да го има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom