Драга К,
Кај моите дома треба да завршиме некој работи, а полицикиов час подолг деновиве,па затоа сум кај нив. Еве седнувам кафе на тераса да пијам конечно.Се загледувам и почнувам да си размислувам како работите можат да се сменат на најнеочекуван можен начин.За релативно кратко време, на подобро.Почна од обична зафрканција и два реда муабет, развивајќи се во насока која никој не би ја предвидел, како снегот на 1ви април, си викаш шега е, ама чиста реалност. Се смеам, ми текнувам првиот пат кога се видовме и се скинавме од смеење, длабоко ми е врежана таа насмевка и гласно смеење.
Иако не сме многу километри оддалечени, ми фали, нејзиниот поглед, прегратката и нејзиното присуство.Ми фали нејзиниот мирис додека спиеме и утринскиот бакнеж пред кафето. Не само она , туку и бебенцето, да го галам преку стомачето. Ги бројам деновите, часовите и минутите да дојдам кај неа , да не ситничарам до секунди сега многу е. Денес 1ви мај, ух колку сакав да идеме на пикник заедно во ливада или парк или пак покрај езеро, баш сончево е. Ама не ми е криво, зошто ќе идеме наредна година сигурно и не само за 1ви мај, ќе надохнадиме за ова соодветно.
Би звучел клише ако кажам дека ја сакам, а ја сакам!
За да не е клише ќе опишам со неколку стихови..
"... Кога ја љубев Дениција
како да калемев светлина од мракот,
како да внесував воздух летен во зимен,
како да станував единствениот сведок
за бакнежот помеѓу громот и металот..."
Пс.Честит први мај на сите работници и пролетери!
Пс.Пс. Ах има уште 4 дена, 17 часа и 24 мин од моментов!