Немате апсолутно никакво право да се жалите. Озбилно!
Пред некој да ми изеде гомна, да се изјаснам. Јас имам! Имам затоа што никогаш и под никакви услови не ги гласав. Имам затоа што ја користев и ја користам секоја прилика да искажам незадоволство, макар и била исмевана, макар и да ја ризикував мојата иднина и на моите најблиски.
Имам затоа што и покрај фактот дека не живеам на тоа поднебје со години, сеуште гледам да направам некаква промена таму. Сум делувала дури и кога престојував краток период и можев да го искористам тоа време да уживам и да се видам со роднините.
Го имам секое ебено право да „стојам од страна“ и да плукам!
Ете ви го први мај, ете ви ги и сите ебени денови кои ги користите за одмор дури и кога не е време за него, при тоа исмевајќи ги оние кои барем се трудат да променат нешто.
Да, се смеат на убиства на дете и сите нѐ рамнат со бубашваби. Не им се битни нашите животи, битна им е нивната моќ. Што ќе направите околу тоа?