Драга...
... заеби ти лепрекони што се пикаат у џеб и ти заплеткуваат слушалици. Мистерија ми е последниов месец што ми се дешава со телефонов. Правам аларм, го уклучувам, дваесет пати проверувам, све е у ред. Легнувам да спијам, се будам, алармов како да не бил напраен! А некад стои ко да е направен, али да не ѕвонел! Значи... како да речеме, сум го навил да ѕвони у 11, дошло 11, не ѕвонел, али алармот си останал активен. И така три пати у последниве три недели, два пати успеав да пропуштам предавања. Не знам, немам објаснување. Уствари имам, три:
1. Месечар сум, станувам, го гасам алармот, чекам да пројде некое време, го палам пак за да ѕвони една минута пред тоа.
2. Мали лепрекончиња доаѓаат у 10:59, го гасат алармот, чекаат да дојде 11:01, го уклучуваат и бегаат, викајќи трололо.
3. Телефонов има некој дефект и треба да купам аларм-будилник што прави ЅЅРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРРР!
Затоа денес ставам Исак Њутн перика. Денес ќе тестирам дали е дефект, ќе направам 50 аларми и да видам дали некој од нив ќе откаже. Ако откаже барем еден од нив, значи дефект е. Ако не откаже, остануваат првите две опции. За утре ќе поставам камера, да видам дали сум месечар. Ако не е тоа, значи сепак се ситни лепрекони. Проблемот е што ако се лепрекони, нема некое решение освен пестицид. Се надевам дека е дефект и ќе ми треба будилник.