Завчера почина Милица Остојиќ, попозната како Мица Трофртаљка. За турбофолкот она што за металот се Блек Сабат, уште со првиот сингл Даворике Дајке во 1968-ма и пропратната насловна слика
таа ќе го трасира патот за овој жанр и ќе ја постави основата на се она што подоцна ќе следи. Пионер, прототурбофолкер и визионер пред своето време, таа прва ќе почне со користење на визуелна сексуализација што ќе остане главна и најбитна одлика на апсолутно сите подоцнежни ѕвезди на овој правец.
(Сингл-Имам нешто ал не дам 1969)
Таа сексуализација ќе биде не помалку присутна и во текстовите во индиректна форма со пресносно значење, суптилност за која еден мајстор на занаетот како Буковски можел само да сонува.
Секогаш уникатна и неповторлива ќе се појави и во неколку филмови како Ми Нисмо Анџели, Ране и Лепа Села Лепо Горе.
Ќе остане исто така запаметена и по легендарната изјава која ќе стане основна премиса на музичката индустрија децении подоцна и по која широките народни маси ќе се водат при евалуација на кој е подобар музичар и што е подобра музика.
Na upit kako tumači činjenicu da u Beogradu prodaje više gramofonskih ploča od Beethovena, Mica Trofrtaljka je spremno ispalila: – Ja uopšte nisam čula kako peva taj novi pevač Betoven, ali je sigurno da ja pevam mnogo bolje od njega jer prodajem više ploča!
И покрај тоа што музичките историчари потеклото на турбофолкот го лоцираат во 80-тите години најчесто со подемот на Лепа Брена, за мене тој секогаш ќе започнува во 1968-ма со Даворике Дајке.
И токму на овој ден ја гледаме моќта на жената. Тестостеронски најinduced музика во човештвото, песни пред кои емотивно попуштале мафијаши, криминалци, ратни злочицинци и психопати оперирани од совест, музика која ќе биде асоцирана со автомеханичари, камионски шофери, плочкари, водоводџии и останати занаетџии, германски гастербајтери и бауштелари, сфери на постоењето во кои естрогенот вирее колку кокосово дрво на Аљаска, звуци кои раѓаат срчи од пивски флаши, претвараат грев од шприцерот и кулминираат со звукопробојни истрели на Црвени Застави и Калашникови и кои тераат балкански рамбовци, шварценегери и урковци да им се јавуваат на бившите и да им плачат како мали деца, а во центарот на сето тоа-жена.
Среќен 8-ми Март!