Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.650
Поени од реакции
35.229
Кајгич :love:

Не знам дали знаеш, ама Македонија е лидер во регионов, во Европа и лидер во светов според бројот на полицајци седнати во кафана во работно време.:свиркам:
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.903
Поени од реакции
25.244
Сестра ми е закон дома, она пали, она гаси. Не би рекла матријархат, затоа што нејзиното повеќе ми личи на диктаторство. Ако списка, од најмал до најстар ќутат. Неќна му пишувам на зет ми, не враќа, па и' пишав нејзе. Конверзацијата се одвиваше овака:

Јас: Кај е зет ми?
Она: Шо ќе ти е?
Јас: Да играме GTA.
Она: Не може! Ќе излегуваме.

Уште не знам како да реагирам на муабетов.
 

Ejebajgasad!!!

Фукара
Член од
4 септември 2017
Мислења
677
Поени од реакции
1.117
Конечно одвоив време да го погледнам филмот кој е оспоруван од балканските народи како филм кој сака повторно да создаде омраза меѓу народите. Ме воодушевија две личности од филмот. Фадиљ и Вук кои се најдобри пријатели, иако се од различна вера и нација. Фадиљ и за својот народ и за народот на неговиот пријател е предавник. Но тоа не ги попречува да бидат најдобри пријатели до самиот крај. Покрај сето тоа тој не се двоуми дали ја донел вистинската одлука и не му е гајле што мислат другите за тоа. Жално е што покрај толку навидум скриени пораки во филмот, луѓето успеваат да ја разбудат омраза и при очи да бидат слепи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Се распушта собранието, не постои ни Заев ни Грујо ни Мицко во истото, се политичко е ставено on hold и магично и СДСМ и ВМРО штрајкуваат.

За прв пат во историја и двете партии се согласуваат за нешто. Народот не го бива и треба да се штрајкува против него.

Браво, се надевам следна недела и ДУИ ќе излезе со свој штрајк (y)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Драга не дека ова не го знаевме и порано ама еве сега и научно. Додуша во америка за 3% поголем сељак си, на секои 1000$, кај нас иди на секој 100еур од вредноста на колата.

A new study has found that drivers of flashy vehicles are less likely to stop and allow pedestrians to cross the road -- with the likelihood they'll slow down decreasing by 3% for every extra $1,000 that their vehicle is worth.

 
Ф

Флеш

Гостин
Денеска ми доаѓа покана за на свадба,за кај мелезов-братучед у Германија за у септември ...,Он ти е упола наш-упола Германец .... Пишуе одлука до март месец дали одиме кај него..... Му јавуем по вибер,офкорс на енглески,честито,снајка која е ....Испаднала некоја полицајка млада од Дуизбург .... Му викам,како ти е планот?! Мене ми е атер да дојдам,ама скупо е да отидам за денеска идам,утре се враќам .... Ако доаѓам,да биде 5/7 дена престој .... Ако не ти е проблем,дај кај тебе ќе се сместиме ....Скапо ми е само авионот и повратен билет ....Треба и најмалку симболично 100 евра подарок за мој стандарт нели?! Знаев ќе се вади лешперот :pos:

Абе брат,не може кај мене,глупо ќе да е .... Да ти најдам смештај,има по 40 евра од ден ?! Штоооо?! :ROFLMAO::unsure: Абе овој ем ме вика,ем тера самиот да плаќам пола Европа .... Хихихи :oops:

Значи копиљ,ако те мрзи,поубаво да не ти доаѓам на свадба .... Пратил покани до неколку мои блиски,шо зборувавме,ако не сакаш да не угостиш да преспиеме и да не плаќаме изгор .... Најди друго станче за околу 5 души и ќе ни биде поефтино .... Да плаќам по 40 евра .... Треба 250 за билет,100 за подарок,200 за џепарлак,по негово 5х40е од ноќ .... Иии ?! 700 евра ?! Ма иди јеботе роџак швабски .... Со овие пари уше 500 евра и ќе одам Занзибар,а не кај Мерќел ...
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.291
Драга,
20 страни прочитав од темата за Корона додека у позадина ми идеше многу јака постпанк, индустријал, постапокалиптик ... компилација на јутуб :vozbud:
Сега ќе го гледам Containtment (2015).
The end is near.
Утре кога ќе идам на работа само ако некој ми отвори уста ќе го мавам со палка.
Кај и да е ќе умреме.
Битно пред да умреме да напраиме промет по дуќаниве да не умреме гладни.
А до тогаш гледајте ја баба Рада и Иван исцелител.
Ајт
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Драга од ко се мислев дали да купам маски од овие медицинскиве заради Коронава, ама ај се нешто заборавав, па сега еве ми текна и одам во некоја трета аптека најдов, ми велат имаме, колку сакаш, и јас почнав да се думам дали да земам 10 маски да се најдат.
И малце глупо ми падна си реков абе шо ќе ми се толку и едно време ми текна на @bucio и си реков тој веќе има набавено и гас маски за сите дома и ко ме фати една смеа, ме гледа аптекаркава и ме чека да и кажам колку маски, а јас си се смеам :pos:
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Сабајлево се слушнав со другар, пуштале оптика во стан во Карпош. На катот каде што работеле стари баби која со дедото која сама сите со маски на лице "плански" се екипирале дружно да одат во голем голем шопинг по маркетиве :facepalm:.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ги знаеш тие гаќите танга со лавчето и сонцето од Кутлеш шо беа, такви ќе носеше комуњарката само не успеав да ги најдам. Заврши шарена револуција таа се промажи ја вработија државно и завршија нашите секс средби. Сега има нова студентка само такви гаќи сеуште не можам да најдам :icon_lol:.


Е вакви хахах vmro-tanga.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom