Постојано се жалиме сите дека порано било поубаво време, но кога би се замислиме и не е баш така.
- Ако сум сакал порано да научам странски јазик, требало задолжително да купувам речник и плус литература на тој јазик некои списанија за почетници, ако воопшто ги има во твојот град тие... Сега се што треба е да одбереш една од многуте веб сајтови за учење на тој јазик, со интензитет на учење каков што ти сакаш, ти пласира примери и зборови секој ден. Патем има и апликации за телефон кои може да ги симнеш ради реда и да заборавиш дека си ги симнал, но тие секој ден како нотификација ти пуштаат по некое зборче со превод, и да не ти е во план те тераат самите да ги видиш и да научиш нешто.
- Да сте разделени со некој близок, пример двајца сте пар, но од различни градови, и на лето се враќате секој дома, да ве видат домашните, бидејќи цела година сте седеле во Скопје. Порано имало само писма да се праќаат, па ти објаснувај на домашните дека си во дамла бидејќи некое девојче ти фали со месеци не си ја видел, ниту си се слушнал со неа. Или пак малку понатаму прави пресметки колку пати по колку минути да збориш од фиксен, бидејќи не беше воопшто ефтино или пак неколку години понатаму во почетокот на овој век да останувате од 1 до 5 сабајле бидејќи тогаш пуштиле мобимак пораки за 5 денари... Сега делува смешно, со постоењето на Месинџер/Вибер/бесплатни повици,пораки, можеш да се гледаш, да зборуваш, да праќаш колку сакаш бесплатни пораки, ама тогаш било проблем. За тоа што четири пати требаше да стиснеш 7ца на типките за да ја укуцаш "с" буквата, да не правиме муабет, сега во рок од 5 секунди цела книга раскажуваш на тач екраниве.
- За тв да не зборуваме, порано само два канли имало, си морало да гледаш тоа што ти е сервирано, немало ко сега избор да гледаш што сакаш. Дури и отпосле, кога дојдоа сателитска и кабловска, немало да си приклучуваш лајв стримче со hdmi кабелче, или на телефон да си пратиш некој настан, ако го немало на ниеден канал од понудените, си се помируваш и гледаш друго... Серија ќе гледаш кога ќе им текне на каналиве да ја даваат, може и после 5 години, а не кога ќе излезе на торент како сега, филм исто.
- Да не напоменувам дека порано, ако нешто ти текнало да купиш во сред ноќ, ќе си чекал до сабајлето, сега на 5 минути ќе најдеш Вили што работи до 4 сабјале, бензинска во која можеш да купиш од памперс и влошки, до млеко и брашно ако ти текне да правиш торта во 3 сабјале, пекари еден куп исто за јадење ако не сакаш месо...
Времето е супер, се оди на подобро, луѓето во него не се, ама полесно е да обвиниме нешто што нема уста да се одбрани, отколку вината да ја лоцираме во самите себе. Патем и на вашите деца, внуци за 15 години ќе им викате "е во мое време подобро беше, немаше ....", такви сме идиоти јбг, не знаеме да уживаме во сегашноста, туку само сакаме да си копаме во минатото, истото минато за кое сме викале порано дека е тапа време.