По секојдневното "ситнодуштво" кое е присутно насекаде се приметува нашата заостанатост. Воедно тоа е и одраз на нашата ограниченост и простотија.
Мислам, стварно треба да си баксуз да се родиш у таква вукојебина ко што е Македонија. Онака, колку и да сакаш да напреднеш во било што, било било што и да ти текне во моментот, ќе наидеш на милион препреки, од блиски луѓе, да не зборам од некои што својата среќа ја бараат во унесреќувањето и нанесувањето штета на други. А од такви за жал, врие нашата ни држава и опшество. Да не зборам за другите видови препреки за "среќен живот". Среќата не се платите, не се цените, не се материјалните нешта, туку среќата е секој ден, секој момент поминат во нашиот живот. Барем така би требало да биде.
Да, не постои нешто апсолутно, па така ни апсолутна среќа, али ко човештво треба да се стремиме кон тој идеал.
Мислам проклето е тешко да се најде добрина у луѓето а да не е очајничко перење на совеста. Уште потешко е да се дистанцираш од целата таа малициозност, мислам колку и да сакаш, истата ќе пронајде начин и ќе те лоцира, и најчесто ќе цели да те погоди.
А малициозноста и те како е поврзана со егото и суетата, кое на овие простори се повеќе и повеќе се стимулира, наместо обратното (ослободување од истите).
Промената почнува од самите нас. Ние треба да се промениме, за да ја промениме околината во секоја смисла.
Само што ние уште не го сфаќаме ова, туку секојдневно вперуваме прст кон некој друг и изнаоѓаме изговори за состојбата во секоја сфера. Се додека не го сфатиме ова, нема да видиме никаков вредносен и морален напредок, кој е предуслов за економско-социјален развој.
"Живеј и не нанесувај штета на други" e се повеќе и повеќе (и од ден на ден станува) само реченица замисла и идеал, Сон ... и ако оваа идеја ја пренесеш у пракса - ќе те изгазат, изедат и на крај ќе те исерат ноншалантно, бидејќи луѓето би направиле се за таа "имагинарна и малициозна" его-трип среќа.