Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Дк

Другар ми раскажува бев на работа,од таму правец директно отидов да ја земам жена ми од работа,после малата од градинка(му било жал да не се ашкале по автобуси),дојдов дома не ни јадев,искочив спобркав уше некоја работа,дојдов,по дома средував некој ситници,и еве ме последниот пола саат да земам здив малку.Вика ти како(у смисол какво дневно патшествие сум имал)?Викам имав у план да изгледам 7/8 филма ама изгледав само 5,и ми вика ШТО?
Се разбира после тоа го имате ова:

 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Само на мојов факултет има да напишеш цел испит од а до ш цели 4 стране со прашања и да ти рече све е ок ама слабо си напишал, исто како возачка кога полагаш не направи грешка само слабо возиш.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Еуросодомитите ме банираа од тема, а никој не навредив :icon_lol:, ај подобро е така кога се нема аргументи најлесно е некој да игнорираш, цензурираш, избегнуваш...
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.489
Поени од реакции
16.137
Ти се мочам у политиката, од луѓе кои ги болеше онаа работа дали ке бидеме фиром, северна, демократска, нацистичка Македонија направија политичариве да се расправам со денови. Инаку многу ме исполнува кога наоѓам нови рути за возење велосипед, само пустото време...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Книгата е уникатна по тоа што за прв пат донесува компаративна филозофска анализа за местото на мекедонската во однос на светската филанторпија преку примерот на Чифлиганец. На 500 страници текст со богата илустрација, дава оргинален приказ на зачетоците, мотивите, развојот и оставштината што ја дава овој современ филантроп на општеството.


Промоцијата се одвиваше во Стопанската комора, а на свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, поглаварот на Македонската православна црква- Охридска Архиепископија, г.г.Стефан...

vVgV7D.gif
 

Attachments

Член од
30 август 2017
Мислења
997
Поени од реакции
1.433
После 3 години канцелариско работно искуство научив:

1. Никогаш не ја кажувај вистината
2. Никогаш со другите не дискутирај што мислиш за шефовите
3. Не кажувај (освен со шефовите) како се чуствуваш без разлика колку да си нервозен или под стрес
4. Знај дека сите ти се непријатели/можеш да имаш само привремени "пријатели" со кои споделуваш слични маки ако времињата се менуват тие пријатели многу лесно стануват најголеми непријатели
5. И знај дека ако си фер, добар и чесен со колективот не очекувај да ти вратат со исти намери
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.630
Поени од реакции
34.814
Кајг, каде беше тоа Бали ?



...татковците мува не ги лази додека нивните потомци, Ева Заева & Душко Чифлиганец штикла не ги боли, оти се во патики! :D



...аста ла Виста, бејби!
 
Член од
16 јули 2017
Мислења
57
Поени од реакции
296
Драга,

се испокаравме после подолго време со татко ми. Генерално не се караме пошто си лижеме гз еден на друг и се преправаме дека имаме супер комуникација, во моментите кога не се одбегнуваме, а најчесто се одбегнуваме. И играме јамб и се залажуваме дека тогаш комуницираме.
На два пати во 10 минутна караница се нафрли да ме удри, но „наоѓаше сила“ да застане. Пошто нормално, не постојат подобри начини да се решат конфликти од физичка и вербална агресија. Ама кога повишувањето тон е нормата, шамарот е единствениот следен чекор во твоите очи.
Имајќи ја предвид физичката спремност која ја имам стекнато низ годините, можев и во двата случаи да го кутнам на земја во неколку мига. Не го направив тоа пошто замислувам свет во кој насилство не е решение. На моменти мислам дека премногу идеалистички ги гледам нештата, па затоа таквите како него сеуште постојат.
Криво ми е што сеуште, се надевам не уште долго, сум дел од семејство кое никогаш не требало да се случи. А ако веќе се случило, е нешто кое едноставно треба да прекине да постои, да се распрснат неговите членови на различни страни од светот и очи да не си видат едни со други. Бидејќи секоја друга алтернатива е само залажување и преправање дека постои некаква близина помеѓу мене и татко ми, а со кој не се поднесуваме, меѓу татко ми и сестра ми и нивната да-има-како инцестоидна врска, помеѓу татко ми и неговата субмисивна женичка која се за што служи е да му готви и му го пере смрдливиот веш. Не бива таков живот, не си се преправајте, признајте си дека ви се надминати капацитетите да се соочите со ваквите настани и имајте храброст да преминете на нешто друго, кое надежно ќе биде подобро од ова што го живеете сега.

Се изнаомразив во постот. Извинете сите на кои можда малце ќе ви направам неубаво доколку се одлучите да го прочитате постот.
 
Последно уредено:
Член од
9 ноември 2017
Мислења
523
Поени од реакции
1.161
Вчера ми беше слободен ден на работа и уште два дена унапред си испланирав, ќе станам сабајле, ќе си ја средам собата, ќе средам нешо на компјутер, ќе бидам продуктивен, ќе излезам на кафе, низ парк, ќе дојдам дома и вечерта лабаво ќе гледам нешо филм,серија па ќе легнам да одморам пошо денес прва смена на работа. Добааар си... Станав во 2, денгубев цел ден, нишо не направив и вечерта излегов, се направив тенеќе, едвај преживеав денес на работа. Е тоа е приказната на мојот живот. :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom