Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
5 март 2011
Мислења
853
Поени од реакции
830
Значи по одвратно нешто од тоа кога се заблагодаруваат за прифатено пријателство на ФБ нема, ај за помладите ке сватам ама кога видам 45+ 50+ години со кој памет па и јавно на ѕидот објавиле ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО МЕ ПРИФАТИ ЗА ПРИЈАТЕЛ ДЕВОЈЧЕ ИНАКУ ПРЕКРАСНА СИ девојчето 16 г. а тој на сликата е како овој Џемаили мислам дека се викаше што судеше за овците 2001 г. Ми се упропасти утрото у ПМ. Инаку не ги познавам ни девојчето ни олдтајмерот случајно налетав и не е само тој уште х имам сретнато..... Ај чао
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.189
Поени од реакции
13.828
Денес ми е роденден!!!




Ама треба да работам до 19 вечер



Ама кога ќе завршам одам на супер вечера



После ќе одам да се напијам нешто




Ќе одам можда и да пошизам малку



Пред спиење можда ќе добијам и масажа

И среќна ќе си заспијам





Супер ден дечки, вие?





п.с. гласајте за мене во фото натпреварот :cool:
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.429
Поени од реакции
3.265
ДК
.........................................................

"Кајгана-книга на животот"
..…....................................................
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.271
Поени од реакции
2.031
Денес има сончеви зраци надвор и времето е пријатно,но внатре е ладно.
Каков контраст......................................... :rolleyes:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Од секогаш сум се водела по она тркалото се врти и стига денот за наплата на долговите, без разлика дали мои или од другата страна ама не знаев дека ќе се случи во една недела.

Во средно, зборам за изминатата декада, зошто нели немаше тогаш Инстаграм, Фејсбук и не беше модерно женско да спортува, некои професорки од средно ми префрлаа што пливам и што сум сакала да се занимавам со IT во иднина, као не било тоа за женско. Стигам на работа денес, отворам мејл, гледам една професорка ми пишала на службениот да сме се сретнеле, маж и сакал интернет и телефонија од кај нас ама не по тие цени zz: Зошто фирмава моја е и јас ги правам цените. Налет, не и го кажав тоа, само и пишав ќе се договориме, фино лепо утре ќе ми дојде во офис и ќе и кажам дека преговарање за цени не е за жени ;) или па ако ми истекне уште нешто до утре.

Втора ситуација, кога завршив прва на Електро, ми требаа финансии поради одредени причини и барав работа паралелно со студиите, испратив CV во една фирма, ми рекоа иако сум се разбирала, сум немала соодветно образоваЊе. Вчера ми се јавуваат, 7 години подоцна, да не сум сакала уште да работам кај нив zz: Така де, типична македонска фирма од природниве/математички науки, друга фирма нека ти го избруси работникот, ти после пробај готова роба да собереш. Додека не се научиме општо да се водиме по она, фрли зад себе за да најдеш пред себе или вложи во работникот за утредента да добиеш професионалец во било која струка, џабе ќе ни е и имево Македонија златно изгравирано да се гледа од вселената.

Да сумирам, терајте си го замисленото и не дозволувајте никој да ви влијае, побрзо, поспоро, се стига до целта. И да згрешите ќе биде тоа школо за иднина, нема да ве јаде ништо одвнатре.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Денеска нишо не работев,а земав платена дневница:чда: . Се чуствувам исполнето како државна аминистрација.:kruna: До крај на неделава:aplauz:Рилакс...:Кезец::kluc:Следна иде плата ....
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.923
Поени од реакции
11.305
1000 денари за 2 Cellos, 400 беше за Apocalyptica доле на партер. Апокалиптика го почнаа јебениов филм, имаат своја музика покрај каверите и повеќе души се на сцена, постојат 20 и кусур години. Не знам на која основа се толку скапи Хрвативе, али тоа е, нека им се множат.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.518
Поени од реакции
8.244
2018. Ера на интернет boom.
Expectations : луѓето зборат за споделување знаења, искуства, просперитетни идеи, конструктивни критики, визионерско размислување, решавање суштински проблеми преку технологија, промовирање на нови I.T идеи, зближување на научни достигнувања методи, теории студии, анализи и тн и тн...

Reality : "Ќе ве протераме од кај што сте дошле" , "qe bidete vrateni pozadi karpati","qe go praime vo ilirida" "ти бе дечко, за русите или американците си", проследено со елементарна неписменост у изразување, палење на фејк видеа напраени со 10 минути едитирање, глумење инвентивен сезнајко и повикан за експертиза поради медиокритетен skill за пишување твитови и фејсбук статуси.

Како и да е, од една страна многу ми е мило што го испоцитираа и што постираа од Стивен Хокинг денот кога почина ликов. Ама жално е што тоа се употреби како "likebait", и истите слики/постови беа ставани од фаци "ја сум повикан да споделам слика од него бе, иам читано 5 quotes од Хокинг, експерт сум за неговите теории" ...

Друга работа, 90% од луѓето кои пропагираат постење као христијанска етика и пракса, или претставуваат самопрогласени христијани, кои слепо се водат по традициите а не христијанската етика, ја немаат прочитано Библијата, да не зборам за останатите "религиски класици" од христијански мислители и филозофи.
Апсолутно истото важи за муслиманите. 90% од нив се постачи и слепи послушници на муслиманската традиција, а куранот го немаат читано, не па другиве книги.
Ја сум верник/Ја сум голем муслиман...Океј бе, колку христијански/муслимански "класици" имаш прочитано? - 0. Ај мрш маме ти е.ам закрепостено и конзервативно.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
312
Поени од реакции
477
Интернет, мноштво информации на едно место. Глупакот да стане уште поголем глупак, паметниот уште попаметен. Реално 80 посто популација не треба да има пристап до интернет. Само проблеми у живот им ствара.
 
Ф

Флеш

Гостин
Можда е глупо дечки,но треба ваша сериозна подршка .Алесија е наша Македонка од Канада.Веќе е позната доста таму.Девојчево одамна ја знам.Беше вокал и за познати европски музичари.Ако шпните можат да ја подржат Дуа Липа. Дај нашава.Информирајте пријатели,постирајте на Фејс.Девојчево вреди да ја знаат пошироко.Горд сум,Македонка,а Светско.:):aplauz:

 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Нас како народ ни се некако изместени приоритетите во животот. Многу работи земаме здраво за готово а кукањето и жалопојките, општото незадоволството од буквално се' прави да забораваме на некои работи кои што во најмала рака се парадоксални што дури и не побиваат на моменти.

Не се сеќавам точно од каде ми е ова ама ме замисли. Во контекст на горенапишаното: слушам некој рандом небитен граѓанин се жали, вели стоматолошките услуги биле многу скапи, па една пломба била 500 денари. Па ти знаеш, еден заб да ти се расипе отиде цела дневница. Добро, за наш стандард можда е така. Иако слушам на Запад стоматолошките услуги биле изгор скапи и за нивниот стандард. Небитно.
Денес слушам на телевизија реклама: фризерско студио во пресрет на матурските прослави нуди екскузивна понуда, шминкање и фризура ЗА САМО 5000 ден. И ми светна. Па чекај, ова жеништава даваат и по 2-3000 за фризури, нокти, шминки...кои ќе им траат една вечер а ваму се жалат им било скапо 500 денари за пломба, поправка на заб кој ти е од витално значење.

И не е само ова пример, ги има еден куп. Зема кредит за на одмор, ги има и вакви. Па како тоа комшијата замина во Грција а ние нема. Тоа куќата немалтарена стои без фасада, ама битно ќе ги има на ФБ оти биле на одмор, два пати! За инат на душманите.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.487
Поени од реакции
4.655
Нема ништо полошо од просечен македонец. Ем нема пари, ем ги цеди до последен денар. Со години ништо нема сменето дома, нема подновено, се постаро и постаро му е. Работи за плата и таа му ја нема. За здравје како што рекоа погоре, се стиска дали да плати, гледа да пројде што поевтино, а пие кафиња и пуши цигари, и успут некое ливче колку да се пратат утакмици. Башка тоа што после работа гледаат турски серии и вести и само се жалат дека нема пари, се надеваат на подобро утре. Ништо не паднало од земја, земи работи нешто што ќе ти носи пари, вложувај во себе колку толку, ќе ти се исплати на крај краева. Битно е што ќе кажат другите, дали биле на одмор, каков телефон има или што прави :D Не е скап животот, туку не заработувате доволно за да ги покриете барем основните трошоци. (Добро сеа некој ќе се фати буквално и ќе рече скапо е ова-она). Ти ако имаш 400+ евра приходи по човек, ќе имаш да си ги платиш сите трошоци , плус да остане за задоволство, плус за не дај боже. Не си учел на време, се мучиш градежништво или келнер за 200 евра, и све ти е скапо. Ете не мора со факултет, има различни извори на заработка, нешто ситно, продавај на интернет прави, помагај нешто и ќе заработуваш :D На крај краева отиди година дена во странство, напрај пари, врати се, почни некој ситен бизнис и терај, ќе го зголемиш :D Aма супер ми е.

Сиромашниот гледа да заштеди, богатиот гледа да заработи :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom