Вака пишува Здзислав Бекшињски за самоубиството на неговиот син Томаш. Преводот е шашав, мој е и направен е на брзина. Ова е од книгата ,,Двојниот портрет'' на Магдалена Гжебалковска, биографија за фамилијата Бекшињски по која е снимен и филм.
,, Драга Ево. Имам да ти соопштам тажна вест. Томек не живее. Изврши самоубиство на Божиќ и го пронајдов вкочанет, на првиот ден по празникот во 15 часот. Ти пишував за тоа, дека е во оваа состојба од август или можеби и од порано, црвена тревога, ама и тоа се заврши конечно.
По прв пат, од смртта на Зоша, почувствував денес радост, дека умре, не дочекувајќи го ова, што би било за неа неиздржливо. Јас сум поотпорен. А, и покрај тоа, некој мора да остане на крај. Јас знаев, колку му беше тешко, покрај тоа што беше егоиста и егоцентрик, како и да е, карактерот не се бира. Мислам, дека веројатно добро испадна, како што испадна. Последните негови зборови снимени на касета зборуваа за тоа, колку многу го разочарал светот, во кој му прошол животот и дека копнеел отсекогаш да живее во поинаков свет, каде што правилата се едноставни, љубезноста е љубезност и така натаму. Отприлика тоа се заврши вака: ,,Знам дека тој свет е фикцијни, ама можеби и јас низ тие 41 години сум бил фикција. Заминувам до фикцијниот свет, затоа што само таму ми беше добро. Проколнувам се`, не буди ме.''