Еј Кајги, вчера после незнам колку години седнавме со брат ми да играме тенкови... само овојпат на емулатор а не на нинтендо, имаме две рачки кои ни фаќаат прашина, па рековме да одиграме некоја партија. Во рок од 30 минути 3 пати ни ја утепаа земјата

, па караници кој да чува доле, кој да оди во напад, па крадење животи од другиот, абе смешки... ја игравме потешката верзија, онаа кај што можат противничките тенкови да ги собираат подароците што се паѓаат на пат.
Поентата ми беше што ваквите моменти стануваат се поретки, де заради обврски, де работа, тоа што како одминува времето стануваш се повозрасен и игрите не ти се веќе приоритет. До пред еве 13-14 години не станувавме од тоа нинтендото, секоја ден кисневме на него, и телевизори расипувавме, адаптери, рачки, абе што не... Бидете благодарни на ваквите моменти, нема да бидат многу чести, иако игравме само 30-ина минути, сепак за тоа време се испокаравме асално, се разбира на детски начин.
До следното играње... :')