1. Темата на спирос не е соодветна бидејќи не е поврзана со религија, туку со фотографии, само насловот е поврзан со религија.
Јас можам да отворам тема „Љубовта кон Мојсеј“ и да постирам слики од голи жени на планина со оган околу нив, темата ќе ми биде поврзана со религија исто колку и таа на спирос.
Телемата е поврзана со религија и е религија. Ако телемитите мислат дека Телемата е филозофско движење, а не религија, ондак комотно нека отворат во „Психологија и филозофија“ тема за Телема.
2. Пошто има илјадници коментари во темите кадешто дискутирате и не можам да водам рачун за секој збор, затоа ви реков, ако забележите навреда, пријавете, ја ќе видам дали е навреда, дали е пишано во друг контекст или слично и ќе проценам дали коментарот треба да биде оставен, променет или избришан.
3. Тоа на Хептаграм не е реклама, туку е сугестија.
Разлика помеѓу реклама и сугестија:
Сугестија за тие кои сакаат да знаат повеќе за Скиентологија:
-Секој кој се интересира за Скиентологија, може да најде член кој припаѓа на култот, може да отвори веб страни за Скиентологија или да отиде до било кое најблиско преставништво на Скиентологија и да дознае повеќе.
Реклама за Скиентологија:
-Ние сме Скиентолози, нашето претставништво е тоа, тоа и тоа, контактирајте ме, ние сме најдобри, ние ќе ви помогнеме и ние ќе ве спасиме. Единствен начин да успеете е да се зачлените кај нас (оставен линк од веб страна, број итн...).
Од друга страна, сигурен сум дека
@Хептаграм XI ќе внимава неговите сугестии да не преминат во дискретни реклами бидејќи сето тоа строго против правилата на форумот.
Тенка е линијата помеѓу сугестија и информативно постирање на веб страни за одредена религија/култ и рекламирање на истото. Сите го знаеме тоа и Хепта, те советувам да внимаваш околу тие работи.