До и Од модераторот на подфорум Религија

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Роџер, ако ти е тебе шубе, можам јас да ги избришам сиве овие шо одговориле на темава а не се модератори.

Прва партизанка на листата е Лет3
Аман бе од мене ли се плашите дај јас ќе избришам
 
D

Daedalus

Гостин
Роџер, ако ти е тебе шубе, можам јас да ги избришам сиве овие шо одговориле на темава а не се модератори.

Прва партизанка на листата е Лет3
Во ред е Никола, нив ги интересира дали форумот толерира одредени работи, @Let 3 како модератор и стар член на форумот може да го одговори прашањето, најверојатно и јас ќе го дадев комплетно истиот одговор, не гледам зошто ако одговорот е валиден тој мора да биде даден од модераторот на подфорумот Религија, прашањето е поставено за полисата на самиот форум и овие правила го опфаќаат цел форум, не само религија, така што комотно треба да си биде поставен во прашања до Администрација, па како на нив им одговара ја така би постапил околу тоа прашање.

На мене лично не ми пречи нит Телема, нит христијансво нит бутур, од моја перспектива вредноста на религиите и „непризнатите“ религии наречени секти кои не вршат противзаконски акти во рамките на нивниот окружок е иста, а правните аспекти околу тоа што е „дебата“, а што дејствување во јавност не ми се познати искрено.

Колку што сум информиран, тоа што @Изгрев го постираше не повика на зачленување во култ туку е известување за одреден легален настан. Секојдневно има илјадници вакви гуруа кои вршат предавања за медитации, доаѓаат официјално тука, држат семинари и организираат „групи“ за групни медитации.
Скиентолозите официјално си работат иако тука не се признати како официјално религиозно движење за разлика од други земји во странство, а истото важи и за Харе КришКа. Така да не знам како идат регулативите околу тоа.
Консултирајте се со правници околу тие тематики и зборувајте со администрација, па известете ме и мене, дали темите како Телема и сличните на нив се против законот и ако се, нема да ми претставува проблем да ги избришам.

Со ова се затвара тоа прашање тука, а понатаму сите препирки околу истото ќе бидат избришани и соодветно казнети.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Најубо самите да се договориме, ако се сложиме повеќето дека во Библијата има и грди и неубави стихови, може на една тема да се постираат убави или најубави или најпрекрасни стихови, а да се отвори други теми со грди стихови или најнеубави стихови, доколку пак целата библија е со најубави стихови, тогаш на едно место да се ставаат сите стихови кои на некого му се бендисваат
 
D

Daedalus

Гостин
@Изгрев сасим валидно прашање. Вака, иако мојот став е контрадикторен со тој на Никола, модераторите имаат право да променат некои од правилата на подфорумот.
Рачунај дека од сега важи тоа коешто го напоменав јас.

Од друга страна, како член, а не како модератор, @Let 3 олабави ги вернициве и остај им простор да пишуваат на теми како „Најубави стихови“. Јасно ми е, имаш комплетно право да пишеш стихови од Библијата и како што напоменав, пошто според верниците цела Библија е света, технички они се контрадикторни ако сметаат дека одредени стихови од Библијата се „табу“ и цитирање на истите е лошо и провокаторско. Јасен ми е аргументот, јасно е дека го пишуваш тоа пошто провоцираш, али имаш илјадници теми во кои можеш да го правиш истото.

Како што ти пишав пред две три страни, отвори тема со такви „лоши стихови“ и пишувај таму, не мора да им докажеш на верниците дека ете пошто стиховите кои ги цитираш во „Најубави стихови од Библијата“ се провокаторски ерго Библијата содржи такви работи и верниците не може да го негираат тоа.
Со твоето долго суштествување на форумов, ваљда до сега заклучи дека нема поента во тоа да пробуваш да го смениш ставот на хард кор верник и дека не можеш најчесто, така што нема поента тоа што го правиш.
Ако ти е за да ја пренесеш „вистината“ до другите кои читаат и да докажеш поента веќе имаш теми за тоа и можеш да отвориш нови теми околу тоа, теми кои секако не постојат се' уште.
Така што како модератор не можам да те казнам или да ти бришам такви цитати во темата, али ко член можам да ти дадам сугестија дека практично нема поента да го правиш тоа што го правиш.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

Од друга страна, како член, а не како модератор, [USER=18436]@Let 3
олабави ги вернициве и остај им простор да пишуваат на теми како „Најубави стихови“. [/USER]
Мој последен цитат о библијата на тема Најубај стихови.... е од 13 ноември.
Денес сме 13 декември.
Уше ли не можат да се “Олабават“ после месец дена?

ПС
Дали ќе се бунтуваат ако отворам теми као “Најгрди стихови од библијата“, “Стихови со сексуална порака“ “Стихови кои повикуваат на убиства“, “Стихови каде се гледа неправда“, “Досадни стихови од Библијата“, “Стихови со настрани семејни односи“...
Пошто можам да ги поделам по теми, не е секој стих грд, има и оние кои се убави но даваат порака на пример дека жената е инфериорна, дека други народи треба да се истребат, да се убијат разни категории на луѓе, да се држат робови, да се силува...
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.417
Поени од реакции
9.044

Цело време даваш цитати од Стариот Завет, а знаеш ли што вика ѓаконот Андреј Кураев за јудаизмот и за старозаветните закони?

Христијанството е Новиот Завет. Тоа значи дека се покажало дека претходниот облик на религиозност е недоволен, дека се покажало дека е беспомошен. Тоа значи дека надвор од Новиот Завет луѓето не можеле да му се приближат на вистинскиот Бог - и затоа Господ не усовршил некаква постоечка филозофска традиција, туку дојде Сам, и во Својата Крв, а не на папирус, го склучи со нас Заветот Нов.

Дури и повеќе од тоа: откако на луѓето им беше; даден Новиот Завет, претходниот Закон не станал само нешто застарено. Тој станал, благо кажано, пречка. И тоа токму благо кажано. А апостол Павле директно кажал што станал претходниот, јудејски Закон. Толку дирекно што преведувачите до ден денешен не можат да се одлучат да ја преведат буквално оваа негова изјава: Пазете се од кучињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажното обрезување...од родот Израилев, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по закон фарисеј(...) според правдата на Законот - непорочен, Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христа Го сметав за штета. Затоа сметам дека и се друго е штета спрема преважното познавање на Исуса Христа, мојот Господ, поради Кого се одреков од се, и се сметам за отпад, само да Го придобијам Христа (Фил. 3, 2-8). „Отпад" во последната реченица во грчкиот оргинал е „Скивала" (σκυβαλον) т.е. strectus во најстариот латински превод. Отворете ги речниците и погледајте го значењето на овие зборови. Тоа е ѓубре, измет, фекалии.

Уште порано апостол Павле претхристијанските религиски правилници (дури не паганските, туку сопствените, еврејските, старозаветните!) ги нарекол „залудност". Залудност на грчки е ζυμια: загуба, штета. Од оваа „штета" аиостол Павле се одрекол. Глаголот кој го употребил - εζιμιωθην, значи дека тој од оваа „штета" не само што се одрекол, туку и дека од неа побегнал, како од нешто крајно опасно.
Значи, јудаизмот повеќе не е само „залудност", т.е. непотребно губење на сила, туку и штета и уште повеќе -измет. Но, ако Павле така зборува за старозаветниот закон, тогаш уште повеќе таков е односот на апостолското христијанство кон паганството. Колку и да било потенцијално свето пред Христа, сега тоа е „отпад и штета".

http://preminportal.com.mk/content/view/2990/138/
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Цело време даваш цитати од Стариот Завет, а знаеш ли што вика ѓаконот Андреј Кураев за јудаизмот и за старозаветните закони?

Христијанството е Новиот Завет. Тоа значи дека се покажало дека претходниот облик на религиозност е недоволен, дека се покажало дека е беспомошен. ....
Tемата се вика “Најубави стихови од библијата“
Библијата е стар и нов завет
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
@Изгрев сасим валидно прашање. Вака, иако мојот став е контрадикторен со тој на Никола, модераторите имаат право да променат некои од правилата на подфорумот.
Рачунај дека од сега важи тоа коешто го напоменав јас.

Од друга страна, како член, а не како модератор, @Let 3 олабави ги вернициве и остај им простор да пишуваат на теми како „Најубави стихови“. Јасно ми е, имаш комплетно право да пишеш стихови од Библијата и како што напоменав, пошто според верниците цела Библија е света, технички они се контрадикторни ако сметаат дека одредени стихови од Библијата се „табу“ и цитирање на истите е лошо и провокаторско. Јасен ми е аргументот, јасно е дека го пишуваш тоа пошто провоцираш, али имаш илјадници теми во кои можеш да го правиш истото.

Како што ти пишав пред две три страни, отвори тема со такви „лоши стихови“ и пишувај таму, не мора да им докажеш на верниците дека ете пошто стиховите кои ги цитираш во „Најубави стихови од Библијата“ се провокаторски ерго Библијата содржи такви работи и верниците не може да го негираат тоа.
Со твоето долго суштествување на форумов, ваљда до сега заклучи дека нема поента во тоа да пробуваш да го смениш ставот на хард кор верник и дека не можеш најчесто, така што нема поента тоа што го правиш.
Ако ти е за да ја пренесеш „вистината“ до другите кои читаат и да докажеш поента веќе имаш теми за тоа и можеш да отвориш нови теми околу тоа, теми кои секако не постојат се' уште.
Така што како модератор не можам да те казнам или да ти бришам такви цитати во темата, али ко член можам да ти дадам сугестија дека практично нема поента да го правиш тоа што го правиш.
Благодарам за одговорот и трудот:).
Мислам дека правилата треба да се корегираат, но не да се контрадикторни.(ова е мое мислење). Сепак ја почитувам одлуката.
Второто прашање кое остана не одговорено и тогаш и сега-
Рече додека не се рекламираат, а реклами.....
 
Значи прашав-одговоривте, не е забрането иако содржат линкови до соодветните секти, во ред. Сметаш дека темата од спиро е несоодветна а телемата е посоодветна за подфорумот. Пак во ред но да не се чудиш на обвиненијата за пристрасност.
А со соодветните членови каква дебата да се води, со речник каков што користат- ми се гади, отиден си, лицемери, неписмен.... а прашањето меѓудругото зошто таков речник е толериран од тебе.
А еве меѓувремено едно тазе рекламирање
1. Темата на спирос не е соодветна бидејќи не е поврзана со религија, туку со фотографии, само насловот е поврзан со религија.
Јас можам да отворам тема „Љубовта кон Мојсеј“ и да постирам слики од голи жени на планина со оган околу нив, темата ќе ми биде поврзана со религија исто колку и таа на спирос.
Телемата е поврзана со религија и е религија. Ако телемитите мислат дека Телемата е филозофско движење, а не религија, ондак комотно нека отворат во „Психологија и филозофија“ тема за Телема.

2. Пошто има илјадници коментари во темите кадешто дискутирате и не можам да водам рачун за секој збор, затоа ви реков, ако забележите навреда, пријавете, ја ќе видам дали е навреда, дали е пишано во друг контекст или слично и ќе проценам дали коментарот треба да биде оставен, променет или избришан.

3. Тоа на Хептаграм не е реклама, туку е сугестија.
Разлика помеѓу реклама и сугестија:
Сугестија за тие кои сакаат да знаат повеќе за Скиентологија:
-Секој кој се интересира за Скиентологија, може да најде член кој припаѓа на култот, може да отвори веб страни за Скиентологија или да отиде до било кое најблиско преставништво на Скиентологија и да дознае повеќе.

Реклама за Скиентологија:
-Ние сме Скиентолози, нашето претставништво е тоа, тоа и тоа, контактирајте ме, ние сме најдобри, ние ќе ви помогнеме и ние ќе ве спасиме. Единствен начин да успеете е да се зачлените кај нас (оставен линк од веб страна, број итн...).

Од друга страна, сигурен сум дека @Хептаграм XI ќе внимава неговите сугестии да не преминат во дискретни реклами бидејќи сето тоа строго против правилата на форумот.
Тенка е линијата помеѓу сугестија и информативно постирање на веб страни за одредена религија/култ и рекламирање на истото. Сите го знаеме тоа и Хепта, те советувам да внимаваш околу тие работи.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.193
Поени од реакции
12.173
@Изгрев ...

Секогаш ќе има некој што ќе обвинува дека, ако имам позитивен став за Телемата и давам линкови до мојот блог или други веб страници за да покажам каде може некој подобро да се запознае со Телемата, рекламирам.
Не, јас само покажувам колку е погрешно разбрано се, а се има инфо доволно!

Јас ( а и @Ipsissimus мислам), секогаш користам линкови до мојот блог, официјалната страница на О.Т.О. и познати телемитски веб страници за да им покажам на сите соговорници (и тие што заслужуваат и тие што доаѓаат на темата само за да заморуваат) дека треба да се прочита малку повеќе околу темата, а не да градат „силни темели“ само од муабетите тука, од форумов - кои некои постојано се обидуваат да ги расипат со едни исти муабети, претежно тотално неуки и незаинтересирани личности за философијата на Телема.

Откако ќе кажам онолку колку што мислам дека е ок да се каже, давам линкови до мојот блог (па затоа го имам за да не се повторувам постојано со муабетите) за да се запознае тој што го интересира Телема каде има книги, што содржат истите, како јас како Телемит размислувам за некои работи... итн итн...

Не можам да не дадам линк до есеј од мојот блог или некоја друга веб страница, муабетејќи , кога токму така ќе видите дека е потребно изучување, а не напразно дрдорење околу темите како Телема, Магика, Јога и се останато за кое и денес се градат фантастични сказни. Од мојот блог или некоја размисла на друга страница ќе ве насочи каде да побарате повеќе.
Ако некој мисли дека јас сум дојден тука да си го рекламирам блогот, греши. Тој е само алатка да не повторувам постојано исти муабети. Битно ми е да зборувам за Телема и да пробам да дадам некој патоказ за да се излезе од бесконечните бедни информации од непријателите кои зборуваат сешто и судат сешто преку нивниот систем на вредности.

Јас никому не нудам Телема ниту рекламирам ниту пак повикувам некој да биде Телемит. Тоа секој сам ќе одлучи за себе. :) А за да одлучи мора да знае што бара.
Многу јасно. Кој мисли поинаку, бесцелно се заморува со Телема и со нас, Телемитите - ништо не разбрал од бесконечните скоро пет годишни муабети тука.

И да...
Последното на темата за Телема Е реклама, но не е реклама за Редот, не е реклама за Телемата, туку за предавање на кое можевте да научите тро повеќе за магиката на сонот. :)
Можеби не требаше да биде поставено... моја грешка.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
1. Темата на спирос не е соодветна бидејќи не е поврзана со религија, туку со фотографии, само насловот е поврзан со религија.
Јас можам да отворам тема „Љубовта кон Мојсеј“ и да постирам слики од голи жени на планина со оган околу нив, темата ќе ми биде поврзана со религија исто колку и таа на спирос.
Телемата е поврзана со религија и е религија. Ако телемитите мислат дека Телемата е филозофско движење, а не религија, ондак комотно нека отворат во „Психологија и филозофија“ тема за Телема.

2. Пошто има илјадници коментари во темите кадешто дискутирате и не можам да водам рачун за секој збор, затоа ви реков, ако забележите навреда, пријавете, ја ќе видам дали е навреда, дали е пишано во друг контекст или слично и ќе проценам дали коментарот треба да биде оставен, променет или избришан.

3. Тоа на Хептаграм не е реклама, туку е сугестија.
Разлика помеѓу реклама и сугестија:
Сугестија за тие кои сакаат да знаат повеќе за Скиентологија:
-Секој кој се интересира за Скиентологија, може да најде член кој припаѓа на култот, може да отвори веб страни за Скиентологија или да отиде до било кое најблиско преставништво на Скиентологија и да дознае повеќе.

Реклама за Скиентологија:
-Ние сме Скиентолози, нашето претставништво е тоа, тоа и тоа, контактирајте ме, ние сме најдобри, ние ќе ви помогнеме и ние ќе ве спасиме. Единствен начин да успеете е да се зачлените кај нас (оставен линк од веб страна, број итн...).

Од друга страна, сигурен сум дека @Хептаграм XI ќе внимава неговите сугестии да не преминат во дискретни реклами бидејќи сето тоа строго против правилата на форумот.
Тенка е линијата помеѓу сугестија и информативно постирање на веб страни за одредена религија/култ и рекламирање на истото. Сите го знаеме тоа и Хепта, те советувам да внимаваш околу тие работи.
Во ред, нема да инсистирам повеќе, да играме на зборови, и оправдувања од типот ’’тази дупка не е дупка’’ е безмислено штом кајгана решила да толерира такви организации-ваша работа.Како и со повеќето работи во Македонија се сеќаваат одговорните кога ќе стане белјата, а дотогаш не слушаат, имај предвид и ти носиш одговорност кога нешто одобруваш. Поздрав.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во ред, нема да инсистирам повеќе, да играме на зборови, и оправдувања од типот ’’тази дупка не е дупка’’ е безмислено штом кајгана решила да толерира такви организации-ваша работа.Како и со повеќето работи во Македонија се сеќаваат одговорните кога ќе стане белјата, а дотогаш не слушаат, имај предвид и ти носиш одговорност кога нешто одобруваш. Поздрав.
Ме интересира, онака лично пошто не сум навлезен во правно црковни работи... дали МПЦ е призната како посебна црква во православието, дали како таква црква е призната од другите православни цркви??
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Ме интересира, онака лично пошто не сум навлезен во правно црковни работи... дали МПЦ е призната како посебна црква во православието, дали како таква црква е призната од другите православни цркви??
До и Од модераторот на подфорум Религија
RogerBacon
Многу прашањата насобраја, ама еве уште едно - што се со реплицирањето од членови на темава? Насловот е јасен до и од кого е.

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
До и Од модераторот на подфорум Религија
RogerBacon
Многу прашањата насобраја, ама еве уште едно - што се со реплицирањето од членови на темава? Насловот е јасен до и од кого е.
Извини шо те иплашив овде ќе прашам на содветна тема, можи таму ќе се осмелиш да одговориш..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom