Дочек на ракометарите

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Каков ден човече.
Фото од кога е осамостоена Македонија.:cuc:
Се наежив баш на тој момент.
Двете најголеми спортски имиња во државата.
Во право си...
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 18:46 ---
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Бесценето!

Атмосферата на плоштад беше феноменална, незнам како изгледаше на ТВ но дочекот беше како што им доликуваше. Некој читам вели дека политички било мотивирано...кога ќе успее некој копук да собере толку народ на -10 и да го натера да пее и да се радува, нека ми се јави ќе гласам за него.
Одличен успех, кој смета дека не им доликува дочек не дојде. Кој сметаше дека треба да ги пречека излезе. Се гледа од бројот на луѓе дали заслужија или не. А дали некој ќе ни се смее за дочеков....да ја врзам главата додека е време со мокра крпа. Може само од мака да си пукнат за ваква публика и подршка. И како што кажа Кире, со пасоши идеме во Лондон! :icon_lol:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
По само неколку месеци плоштадот „Македонија“ повторно беше преполн со македонски знамиња и повторно од илјадници грла ечеше неофицијалната навивачка химна „Излези момче право на тераса“.

Македонските ракометари имаа величенствен пречек на плоштадот „Македонија“. Најнапред стотици фанови ги пречекаа Кире Лазаров, Мојсоски, Ристовски, Алушовски и дружината на граничниот премин Табановце, а потоа караванот се упати кон Скопје.
На плоштадот „Македонија“ и покрај студеното време, илјадници граѓани излегоа да ги поздрават нашите ракометари кои го освоија историското петто место на Европското првенство во Србија и обезбедија пласман во квалификациите за Олимписките игри во Лондон.
Атмосферата на плоштадот „Македонија“ наликуваше на онаа од пред неколку месеци кога кошаркарите се вратија од ЕП во Литванија и кога сите заедно го прославивме освојувањето на четвртото место на тој континентален собир.
Повторно илјадници граѓани ја пееја неофицијалната навивачка химна „Излези момче право на тераса“ и му се радуваа на успехот на македонските ракометари. Како што беше случајот со кошаркарите, така и сега Македонија покажа дека знае да се радува на убавите моменти, покажа дека знае да ги цени големите успеси, но воедно и покажа и докажа дека секој спортски успех подеднакво ќе биде вреднуван за сите генерации што следуваат и дека тие ќе ја имаат безрезервната и голема поддршка.
Од друга страна, пак, македонските ракометари беа воодушевени од атмосферата и секако уште еднаш повторија дека тие ги имаат најдобрите навивачи во светот и ветија дека Македонија ќе ја однесат на Олимпијадата во Лондон.
VIA KURIR


Подоцна слики и од мене. :) Прекрасен беше погледот од автобусот горе од Табановце до Скопје, полно со граѓани кој излегоа со знамиња и гордо ги вееа.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Кире звер е, колку јако збореше на Дневникот, ретко кој спортист е толку едуциран...скромен оптимист со да збора.:cuc:
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Алал нека им е на сите што отидоа таму.
Искрено заслужија ваков дочек.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Знам дека многу ќе ми замерат за постов али имам право да си го кажам своето мислење...
Браво за ракометарите, за нивниот труд и одлична игра...Им посакувам многу успех понатаму...
Но, ова што се прави деновиве е крајно патетично и малоумно. Вакви прослави се прават за освоен медал (бронза, сребро, злато...) а не за 5-то место и сл. Како и да играа - освоија 5-то место и тоа е факт...Па Србија го имаат светскиот шампион Новак Џокович па не прават вакви патетики со фаланги и Гоцеви раси и тераси...
И нели приметивте дека Србија ни ја даде утакмицата? Колку сакате негирајте али факт е...Како прво за време на утакмицата не ни имаше дојдено многу од српските навивачи и "поразот" што го доживеаа Србите не им правеше никаква разлика во пласманот...А за нас беше значаен и тоа како...
И тешко на нашиве спортисти ако не се странските клубови за да ги купат...Во македонските спортски федерации челниците се мрднаа од крадење, а поготово во фудбалот...Ако нешто имаат заработено ракометариве тоа е од странски клубови, ако на пример Борко кој играше во Шпанија...Тешко нив ако чекаат од овие овде...Сите патриоти, а кога треба да се краде први се!

Роланд Гарос 2007 Ѓоковиќ изгуби во полуфинале, Јелена Јанковиќ во полуфинале, Ана Ивановиќ го загуби финалето.

Еве како беа пречекани во Србија

 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Кире звер е, колку јако збореше на Дневникот, ретко кој спортист е толку едуциран...скромен оптимист со да збора.:cuc:
Баш прееска тоа го искоментирав и јас! И Борко е тука негде. Еве Кире цел говор одржа, Борко после секоја утакмица го слушав и стварно човекот знае што и како да каже. А не ко некои што не знаат ни два збора да сврзат или зборат ама со многу ааааааааааааааааааа меѓу зборови. Пример Пандев! Не можам да го слушам тој човек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom