PIRATIC
diplomiran klozetar
- Член од
- 26 јануари 2012
- Мислења
- 7.857
- Поени од реакции
- 6.494
Цврста рака на родителите ??!Средината е големо влијание. Ама ако имаш родители со цврста рака, и правилен пристап, влијанието на средината може да се распрска и да биде само потпора на нештата шо и ги објаснуваш на твојте деца.
Кај нас се краде ногу од нивите. Факт. Како дете еднаш ојдееме да крадеме едни лубеници. Ама они беа зелени оти беше некаде крај на јуни, почеток на јули. И тате се научи оти јас и брат ми сме ојделе да крадеме со другите деца лубеници. Тава пеглајне нема никојпат да го забравам у живото. Со една тенка а долга дреновица. Јас и брат ми рикаме, дереме се на сет глас, он вика ќутејте, апашишта неедни... и репа.. На крај изедееме лубениците, иако зелени..за казна.... Од тогај мислеш ли оти сам пробал да открадам нешто друго од некоја нива? Имам некои пријатели и познаници и ден денеска шо крадат од мене и мојте нешта од нивите.
Движел сам се натам навам, колку толку, и сам забележал оти ретко има така добро изделкани деца.. Повеќето са оставени на образованието и уличното школо од средината. Мојте дома не го дозволија тава. (ама как и да е, тава е друга приказна).
Да се врнеме на обврските...
Дали секој сам требе да се пере и да си ги спростира алиштата, да си има распоред кој која недела го праве тава, или сет товар да паѓа на еден човек?
Чекај малце, родителот може и смее да делува(воспитно) ако има потреба од такво нешто, но што ако нема потреба !
Јас во животот до сега ниту сум се степал со некого, ниту пак некој ме удрил, ниту пак јас некого сум удрил/нападнал, ниту сум украл од некого нешто, ниту пак од мене некој украл ................ ниту сум коцкар, алкохоличар, наркоман... единствен порок на мои 26 год. ми се само цигарите и ништо повеќе од тоа !
Значи постојат работи кои се негативни и кои едноставно не треба да се прават, за овие негативни работи секој сам треба да си биде свесен, без разлика од каде е, кој е, што е ................ е сега ако има потреба да родителот треба да интервенира(воспитно), но само ако има потреба, не секогаш кај сите деца има потреба од такво нешто, постојат немирни деца и постојат мирни/примерни деца, тоа го имало отсекогаш и во било која средина !
Но на темава не збориме за девијации/негативности, туку за сосема други работи ................ средината на живеење ите-како има најголема улога во начинот на живот, јас сум градско дете, порастен сум на асфалт и на бетон, не сум порастен по ниви, јас сум порастен со книгите/школото, со телевизорот, со нинтендото, со компјутерот... со такви ствари, мене да ме ставиш 3 дена да живеам во село(било кое) одма ќе се вратам дома во градот ............. јас многу добро те сфаќам што сакаш да кажеш, меѓутоа доста сме различни во скоро сите погледи, ти повеќе збориш за оние традиционалните работи кои ете во твојата средина сеуште се живи и постојат, но што сум јас како индивидуа виновен што живеам во голем град/урбана средина во која таквиот начин на живот(традиционалниот) е замрен уште од одамна и што сега треба да правам јас, да плачам бидејќи таквиот живот овдека го нема, со сила неможам да се правам да бидам поинаков, секој е тој што е и таков каков што е .............. начинот на живот и сфаќањата се градат со години/децении(во зависност од повеќе фактори) и невозможно е да ги менуваш, ниту пак има право некој друг да ти наметнува негово лично мислење !
П.С. Да се навратиме на темата ............. да не одиме и понатака во оффтопици кои сепак се ин/директно поврзани со дадената тема за дискусија !
Секако дека товарот не треба да паѓа само на еден човек во куќата ................ секој по дома треба да си ги знае своите обврски ........... некој ќе фати едно, друг друго...