Долгови и пороци

Член од
17 јануари 2022
Мислења
67
Поени од реакции
144
Полека брусли, затоа нашишав дека лупам од ракав, поентата на муабетот ми беше дека не можиш да победиш во игра што е направена да си ти губитникот.
Краткорочно можеш да бидеш победник во било која игра на среќа. Влегуваш во касино, играш еден спин, ти паѓа џек пот, си ги прибираш парите и нокогаш не стапнуваш повеќе таму.

Вистина лупаш од ракав, како и повеќето овде на темава. Слотовите се обично програмирани да враќаат на играчите околу 90% од уплатата. Некои повеќе, има на пример слотови кои враќаат до 98%, некои помалку, но не сум слушнал за слот кој зема повеќе од 20%.
Автоматски споено мислење:

30% e isplata ne sansi za dobivka... da lupnes dzekpot e 1 u skoro 10 miljona.
Ха ха ха, какви 30%. Ха ха ха.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.650
Поени од реакции
4.961
Краткорочно можеш да бидеш победник во било која игра на среќа. Влегуваш во касино, играш еден спин, ти паѓа џек пот, си ги прибираш парите и нокогаш не стапнуваш повеќе таму.

Вистина лупаш од ракав, како и повеќето овде на темава. Слотовите се обично програмирани да враќаат на играчите околу 90% од уплатата. Некои повеќе, има на пример слотови кои враќаат до 98%, некои помалку, но не сум слушнал за слот кој зема повеќе од 20%.
Автоматски споено мислење:



Ха ха ха, какви 30%. Ха ха ха.
Јас ти давам 105% исплата годишно ако се кладиш кај мене. :)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.738
Поени од реакции
7.551
Мислиш дека автоматите имаат 87% шанса за добивка, а играчите само 13%? :lolzz:
Регулирана е исплатата со закон за игри на среќа. Исплатата кај автоматите во МК е најмалку 87% од вкупниот број на уплати.
 
Член од
17 јануари 2022
Мислења
67
Поени од реакции
144
Регулирана е исплатата со закон за игри на среќа. Исплатата кај автоматите во МК е најмалку 87% од вкупниот број на уплати.
Така де, значи дека секој слот долгорочно може да задржи најмногу 13%. Генијалците на темата сметаат дека е обратно.
Автоматски споено мислење:

Јас ти давам 105% исплата годишно ако се кладиш кај мене. :)
ГЛУП, ГЛУП, ГЛУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУП.

Знаеш што значи 105%, дибек? Во моментот кога рои е поголем од 100 кладилницата повеќе нема предност, предноста се сели на страна на играчот.

Тоа значи дека ако игра А против Б во настан со бинарен исход, ако ставам по 100 евра од двете страни имам сигурна добивка, што и да се случи. Неверојатно е колку си глуп. Па уште на берза заработувал, елементарна математика не знае.

Трупец.
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
1. ako se sredno super e, jas od 5to odelenie sum vo kladilnica.
2. otruja narod - kladilnicite flaeri pustaat vo postensko sandace, doma ti idat ili?
danok na glupokja (koja a ima u raskos). sekoj sam se true!
3. se soglasuvam deka treba podrska i za nego i za cela sorta.
mehanicka podrska vo forma na shamari, a za pojaki intelektualci moze i vo drugi formi.
kolku idiot treba da bidis za da trosis pari so ne se tvoi be alooo???
i toa nikogas ne e ednas - sekoj pravi gluposti vo zivotot. kaj ovie e 10+ pati kako nisto.
4. teski vreminja se za site. nekoi stegaat kaisot i maski se borat, nekoi kako placipicki drndaat samo
i se glupiraat vaka.
Работам у оваа индустрија ;)
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.117
Поени од реакции
8.906
Работам у оваа индустрија ;)
abe milo, site rabotime u taa "industrija"
site imame barem po eden poznanik, kako ovoj so ja pocna temata,
bez lekarsko, zaradi koi i drugi lugje se naogjaat vo problemi.

samo kjotek, jer stoka ne razume drugi jezik.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.861
Имам фобија од долгови, веројатно како последица на скромните финансии за време на моето детство, кредит немам земено во живот и не планирам да земам, уште помалку да се зајмам од некого. Неам кредитна картица и освен чат-пат дебитна, 90% кеш.
Дури и киријата како таква ми е смрт, за среќа нема да плаќам повеќе никогаш :)

А лица кои влегуваат во долгови поради било кој порок, треба да се третираат соодветно и стручно. Зависноста од пороци е психо-болест и како кон таква треба да се пристапи. Иако тука јавниот наратив е дебилен и лица кои патат од зависност кон адреналин не се охрабрувани да побараат помош.
 
Ф

Флеш

Гостин
Имам фобија од долгови, веројатно како последица на скромните финансии за време на моето детство, кредит немам земено во живот и не планирам да земам, уште помалку да се зајмам од некого. Неам кредитна картица и освен чат-пат дебитна, 90% кеш.
Дури и киријата како таква ми е смрт, за среќа нема да плаќам повеќе никогаш :)

А лица кои влегуваат во долгови поради било кој порок, треба да се третираат соодветно и стручно. Зависноста од пороци е психо-болест и како кон таква треба да се пристапи. Иако тука јавниот наратив е дебилен и лица кои патат од зависност кон адреналин не се охрабрувани да побараат помош.
два кредита имам земено, и двата да купам возило и двата 3 години порано ги имам исплатено,сум работел и двојни смени ,ама знам дека сум чист . Ако си будала да трошиш на апарати кои се измислени да ти земаат само, немам збор . Евреинот не е глуп,троши колку имаш, заработуваш дневница од 500,троши 200,секад да си 100+ кажано .....
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.924
Поени од реакции
7.851
два кредита имам земено, и двата да купам возило и двата 3 години порано ги имам исплатено,сум работел и двојни смени ,ама знам дека сум чист . Ако си будала да трошиш на апарати кои се измислени да ти земаат само, немам збор . Евреинот не е глуп,троши колку имаш, заработуваш дневница од 500,троши 200,секад да си 100+ кажано .....
и за коцкањето важи истото правило, коцкај колку што можеш да си дозволиш да изгубиш, е сега што има еден куп дибеци што не разбираат колку се два и два е друг проблем, затоа и влегуваат во проблеми од кој што не можат да излезат.
 
J

joli1

Гостин
Прво треба да сфатите што е порок.

Порок е се екстерно што краткотрајно или долготрајно ти го мењава расположението, најчесто со цел да се избегне реалноста. Пороците се уствари резултат на душевен и психички проблем.

Затоа за да сфатите порочен човек треба да му ја сфатите душевната или пак психичката болка или пак траума.

У врска со апаратите, постои закон кој што кажува колку смее да биде RTP. Со обзир дека мнозинството апарати у државава ни се државни, RTP-то у кладилниците е оној кој што е законски. Пишав у кладилниците поради тоа што казината покрај некои кои што користат државни апарати, добар дел од апаратите кои што ги имаат се приватно купени и со тие апарати е возможна манипулација на RTP до тие размери каде што играчите едвај 1% добиваат назад.

Мнозинството објекти кои што ние ги викаме казина се уствари слот клубови, а не казина у вистинска смисла на зборот.

Иако државата не учествува во исплаќањето на добивките, сепак државата го зема најголемиот дел од колачот, додека другиот ептен помал дел го земаат кладилниците кои од процентот кој што го добиваат одвојуваат уште 2% (или повеќе у зависност од која фирма е у прашање) за вработените кој го исплаќаат во вид на стимулација. Профитот од апарати за кладилниците не е толку голем колку што на прв изглед делува поради тоа што кладилниците имаат огромни трошоци поврзани со апаратите, најголемиот трошок е струјатa бидејќи мнозинството апарати работаат 24/7 и не се гасат ниту еден ден во годината.

Самата држава е најголем промотер на комарот у државата, од лотарии вакви и такви и емитувања на национална телевизија, воведување нови џекпоти кои тражат се поголем и поголем влог до нудење на апарати на угостители за процент од профитот.

Решенија има повеќе за овој проблем, а затворање на сите кладилници и казина не е едно од нив поради тоа што само ја движи таа индустрија да работи на црно, дури и мнозинството газди на сегашните кладилници се истите луѓе кои што капиталот го имаат создадено у време кога комарот бил забранет и илегален. Да не го изоставиме фактот дека индустријата на игри на среќа вработува огромен број на работници чии што фамилии зависат од таа плата.

Релоцирање на кладилниците и казината 200м од училишта и слично се само смешни предлози кои што нема да променат ништо. Тој закон државата требала да го воведе кога го легализирала комарот и давала лиценци, а не откако се инвестирани десетици илјади евра по објект, како и десетици илјади евра за лиценци.

Коцкањето е сеедно забрането со закон за малолетници, а тоа што инспекторатот и одредени фирми замижуваат на тоа што се случува се со цел да си ги наполнат џебовите е друга приказна. Одговорноста у врска со ова прашање останува на државата и инспекторатите.

Едно од решенијата е комплетно релоцирање на апаратите од кладилници. Мора да постои дистинкција за тоа што е казино, а што е кладилница, а што е слот клуб, нешто што сега го нема поради тоа што сите имаат апарати.

Друго, но не помалку битно решение е активирање на инспекторатот. Мнозинството проблеми за кои што зборувате од типот на коцкање на малолетници можат да ги решат само државата и инспекторатите. Нажалост и државата и инспекторатот спие или пак намерно не се замара со оваа проблематика.

И за крај, мора линиите за психолошка помош за одвикнување од коцка, линии кои се иначе државни и бесплатни, да се рекламираат повеќе. Единствени реклами кои што ги има државна лотарија ставено се оние на апаратите на слајдшоу и делуваат ептен контрадикторно.

Мислам дека на државава моментално приоритет и е максимизирање на профитот, наместо на заштитување на сопствениот народ.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
49
Поени од реакции
14
Македонска работа батка што би рекле се ми се десило значи несакајќи заслепен од коцка и лошотијата од неа бетер од дрога ... цигари исто значи пред се здравје ... шо било неможам да вратам осеќам на некој начин дека ќе можам едино ако прекинам све што е лошо идошчо до оваа ситуација..
 
Член од
30 јануари 2022
Мислења
109
Поени од реакции
224
Македонска работа батка што би рекле се ми се десило значи несакајќи заслепен од коцка и лошотијата од неа бетер од дрога ... цигари исто значи пред се здравје ... шо било неможам да вратам осеќам на некој начин дека ќе можам едино ако прекинам све што е лошо идошчо до оваа ситуација..
Направи список на долговите и подели ги по итност. Потоа најди ги сите доверители и кажи им дека во следните 12 месеци нема да можеш ништо да им вратиш. Ако должиш кај лихвари кажи им дека нема да можеш повеќе да им плаќаш камати, и дека ќе им ја вратиш главницата за една година. Ако ти мрчат, пријави ги во полиција. Потоа престани да ги лажеш најблиските, кажи им до денар каква ти е ситуацијата. Значи до денар, ништо немој да преќутиш. Многу е важно ова. Потоа барај работа во Германија, таму со многу црнчење можеби можеш да стигнеш да тргаш по 1000 евра месечно. И тоа е тоа, рмбај.

Џабе кукаш по форуми, се што ќе добиеш е малку подбив и малку сожалување.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.336
Поени од реакции
3.305
Dali nekoj drug ima primeteno deka disproporcionalno golem del od site kockari sto gi znaete/poznavate se od pelagoniski reon, Bitola, Prilep?
Shto e rabotata so taa oblast?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.274
Поени од реакции
78.922
Прво треба да сфатите што е порок.

Порок е се екстерно што краткотрајно или долготрајно ти го мењава расположението, најчесто со цел да се избегне реалноста.
Порок е само доколку станеш зависен од тоа што краткотрајно или долготрајно ти го мењава расположението, најчесто со цел да се избегне реалноста.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
South Park е цртан за возразни кај што покрај сите заебанции се разлагаат и вакви теми.

Многу добар дел е кога Сатаната му дава објаснување на Стен околу зависностите (малиот трошеше илјадници на in app purchases)



Автоматски споено мислење:

Патем имам другар што сјеба се на комар и сега тоне во депресија.
Потребни се уште показатели дека коцката ти го сјебува животот?

Ако посетите во казино се ради осама и досада (како другар ми) се решава и на друг начин - купи си травче и кулирај си навечер дома, пушти си филмче некое итн, сто пати подобро и по безболно ќе си поминеш одколку да си го оставиш здравјето во ебано казино.

Неверојатно е како травата е нелегална а ова најголемо зло е легално.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom