Прво треба да сфатите што е порок.
Порок е се екстерно што краткотрајно или долготрајно ти го мењава расположението, најчесто со цел да се избегне реалноста. Пороците се уствари резултат на душевен и психички проблем.
Затоа за да сфатите порочен човек треба да му ја сфатите душевната или пак психичката болка или пак траума.
У врска со апаратите, постои закон кој што кажува колку смее да биде RTP. Со обзир дека мнозинството апарати у државава ни се државни, RTP-то у кладилниците е оној кој што е законски. Пишав у кладилниците поради тоа што казината покрај некои кои што користат државни апарати, добар дел од апаратите кои што ги имаат се приватно купени и со тие апарати е возможна манипулација на RTP до тие размери каде што играчите едвај 1% добиваат назад.
Мнозинството објекти кои што ние ги викаме казина се уствари слот клубови, а не казина у вистинска смисла на зборот.
Иако државата не учествува во исплаќањето на добивките, сепак државата го зема најголемиот дел од колачот, додека другиот ептен помал дел го земаат кладилниците кои од процентот кој што го добиваат одвојуваат уште 2% (или повеќе у зависност од која фирма е у прашање) за вработените кој го исплаќаат во вид на стимулација. Профитот од апарати за кладилниците не е толку голем колку што на прв изглед делува поради тоа што кладилниците имаат огромни трошоци поврзани со апаратите, најголемиот трошок е струјатa бидејќи мнозинството апарати работаат 24/7 и не се гасат ниту еден ден во годината.
Самата држава е најголем промотер на комарот у државата, од лотарии вакви и такви и емитувања на национална телевизија, воведување нови џекпоти кои тражат се поголем и поголем влог до нудење на апарати на угостители за процент од профитот.
Решенија има повеќе за овој проблем, а затворање на сите кладилници и казина не е едно од нив поради тоа што само ја движи таа индустрија да работи на црно, дури и мнозинството газди на сегашните кладилници се истите луѓе кои што капиталот го имаат создадено у време кога комарот бил забранет и илегален. Да не го изоставиме фактот дека индустријата на игри на среќа вработува огромен број на работници чии што фамилии зависат од таа плата.
Релоцирање на кладилниците и казината 200м од училишта и слично се само смешни предлози кои што нема да променат ништо. Тој закон државата требала да го воведе кога го легализирала комарот и давала лиценци, а не откако се инвестирани десетици илјади евра по објект, како и десетици илјади евра за лиценци.
Коцкањето е сеедно забрането со закон за малолетници, а тоа што инспекторатот и одредени фирми замижуваат на тоа што се случува се со цел да си ги наполнат џебовите е друга приказна. Одговорноста у врска со ова прашање останува на државата и инспекторатите.
Едно од решенијата е комплетно релоцирање на апаратите од кладилници. Мора да постои дистинкција за тоа што е казино, а што е кладилница, а што е слот клуб, нешто што сега го нема поради тоа што сите имаат апарати.
Друго, но не помалку битно решение е активирање на инспекторатот. Мнозинството проблеми за кои што зборувате од типот на коцкање на малолетници можат да ги решат само државата и инспекторатите. Нажалост и државата и инспекторатот спие или пак намерно не се замара со оваа проблематика.
И за крај, мора линиите за психолошка помош за одвикнување од коцка, линии кои се иначе државни и бесплатни, да се рекламираат повеќе. Единствени реклами кои што ги има државна лотарија ставено се оние на апаратите на слајдшоу и делуваат ептен контрадикторно.
Мислам дека на државава моментално приоритет и е максимизирање на профитот, наместо на заштитување на сопствениот народ.