Направи список на долговите и подели ги по итност. Потоа најди ги сите доверители и кажи им дека во следните 12 месеци нема да можеш ништо да им вратиш. Ако должиш кај лихвари кажи им дека нема да можеш повеќе да им плаќаш камати, и дека ќе им ја вратиш главницата за една година. Ако ти мрчат, пријави ги во полиција. Потоа престани да ги лажеш најблиските, кажи им до денар каква ти е ситуацијата. Значи до денар, ништо немој да преќутиш. Многу е важно ова. Потоа барај работа во Германија, таму со многу црнчење можеби можеш да стигнеш да тргаш по 1000 евра месечно. И тоа е тоа, рмбај.
Џабе кукаш по форуми, се што ќе добиеш е малку подбив и малку сожалување.