Докажете дека постои вашиот бог!

Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Тоа сепак не прави да си во право, а не си. Колку да си знаеш.
Ти не си горделива? Не мислиш лошо никому?.... итн. Спомна моја “духовна состојба“. Ја знаеш?
Ти имаш подобра “духовна состојба“? Од кај знаеш (без разлика кој е одговорот). Како знаеш колку “малку“ горделивост ќе добијам јас? Имаш горделивостометар? Кажи кај има да се купи, да си купам и јас.
Не сум горделива. По однос на мојата духовна состојба јас сум во од данте седмиот круг :) Ич не е добро. Ама нема врска со гордоста. Ни со денешниов муабет.
А за твојата горделивост, ај кажи ми дека не ме сметаш за луда или глупава што верувам во Бог и дека не се сметаш за попаметен. Тука е гордоста кога се сметаш за попаметен од некого.
А јас од друга страна те разбирам. Пак ќе речам за да почниш да размислуваш за духовноста и да заклучиш дека нема Бог или дека го има, за да размислуваш во која религија е вистината и да се држиш до тоа, или ете ако не е атеизмот религија да се држиш до мислењето за оваа работа - нешто треба да те поттикне, некоја мака треба да видиш. И те разбирам како човек, верувам дека не мислиш никому зло, таквите луѓе што отворено зборуваат за она во што веруваат не се тие што мислат зло. Различен си од мене по тоа што не веруваш во Бог. Спреми се да се изнасмееш. Верувам дека Бог те сака и те разбира зошто светов не е лесно место, а атеистите не се најлошите луѓе исти се како сите.[DOUBLEPOST=1436531447][/DOUBLEPOST]
јас кажав има три врсти луѓе во сите религии и ете за атер од атеист убедувања
религии и убедувања

1. Луѓе што веруваат (или не веруваат) и онака постојат никому ништо - осем што се убедени дека се во право а ги почитуваат другите
2. Луѓе што ги користат првите за пари и ставаат маска дека се како некој од нив
3. Сатанисти што прават масакри и грозотии во името на било која религија или убедување фактички ги користат првите за алиби

Ти си од вторите, кога би бил бог би уживал некаде - значи си по парите и лесно ќе се сториш христијанин ако ти носи тоа пари - многу ми го навредуваш вистинскиот Бог што е личност, и толку не се мачам да преведувам повеќе од твоето.
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не сум горделива. По однос на мојата духовна состојба јас сум во од данте седмиот круг :) Ич не е добро. Ама нема врска со гордоста. Ни со денешниов муабет.
Кога ќе купам тој горделивостометар, ќе провериме, како што ти ја измери мојата горделивост, да ја измериме и твојата. Дотогаш не ти верувам.
А за твојата горделивост, ај кажи ми дека не ме сметаш за луда или глупава што верувам во Бог и дека не се сметаш за попаметен. Тука е гордоста кога се сметаш за попаметен од некого.
Може ќе ти дојде чудно ама одговорот е ... Не, воопшто. Вистионското прашање е дали ти го мислиш тоа за “неверниците“. Дека си попаметна од нив.
А јас од друга страна те разбирам. Пак ќе речам за да почниш да размислуваш за духовноста и да заклучиш дека нема Бог или дека го има, за да размислуваш во која религија е вистината и да се држиш до тоа, или ете ако не е атеизмот религија да се држиш до мислењето за оваа работа - нешто треба да те поттикне, некоја мака треба да видиш.
Духовноста со боговите и религиите нема врска. Тоа милион пати го имам кажано. Духовноста е во нас, не е надвор. Зарем само мака може да ме поттикне на размислување? Не, не мора. Што се однесува до боговите или богот. Ниту ти можеш да заклучиш дека го има ниту јас дека го нема. Останува да веруваш (не знаеш туку веруваш), или да не веруваш.
И те разбирам како човек, верувам дека не мислиш никому зло, таквите луѓе што отворено зборуваат за она во што веруваат не се тие што мислат зло. Различен си од мене по тоа што не веруваш во Бог. Спреми се да се изнасмееш.
И се насмеав. Колку само не си во право, не се разликуваат луѓето по тоа кој во што верува.
Верувам дека Бог те сака и те разбира зошто светов не е лесно место, а атеистите не се најлошите луѓе исти се како сите.
Можеш само да веруваш што твојот бог сака, но само за тебе. Не ми кажувај што твојот бог сака од мене или дали мене ме сака. Биди среќна ако тебе (и евентуално твоите блиски) те сака, не му мисли дали другите ќе ги сака.
 
Член од
8 јуни 2015
Мислења
176
Поени од реакции
59
Еве тема за сите теисти, верници и поклоници на системи на верувања, сакам да ми дадат нивни лични докази, дека бог навистина постои. Ве молам релевантни докази, не препишувани, не докази кои всушност не докажуваат ништо, плод на вашите фрустрации и комплекси.

Со години ја истражувам религијата и едно нешто забележав: сите верници се емотивно преслаби луѓе кои не можат да се справат самите со себе па бараат утеха и одговори во религијата.
Абе дете дете........кое одделение си?
Се гледа дека си ја проучувал религијата, дури од авион се гледа!!!
Аве јас ќе ти кажам колку си ја проучувал, пошто ти си заспан, и мислиш дека се што лета се се јаде.Си прочитал две будистички книги, и мислиш дека си се фали на Бог за муда, и сакаш да мудруваш на форум и да се правиш паметен.Ти проучувајки ја религијата, дојде до заклучок дека вербата е за лечење комлекси и фрустрации??? Ваква глупост одамна немам прочитано на овој форум, значи ти си првиот атеист кој успеа да се изглупира и јавно да го изјави ова без да размисли за последиците.По мене ти немаш ни доволно способност да го согледаш тоа, него битно ти е твоето его да порасне и најверојатно сам да си лечиш некои комплекси.
Еве ти релевантен доказ дека Бог постои:
Бог = Јас
Пошто ти најверојатно и не си способен да ја разбереш равенката еве ти мало објаснување.
Јас = Бог

@Daedalus темава е само за вреѓање на религиозните???[DOUBLEPOST=1436533007][/DOUBLEPOST]
Рабирам млади деца да тресат глупости, ама ти....не ти личи на годините.
Едвај чекаше да отворат ваква глупа тема за да почнеш да мелеш иста пченица со години.
А велат дека со староста доаѓа и аклот:facepalm:
Очигледно е дека исклучокот го потвдува правилото!
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Рабирам млади деца да тресат глупости, ама ти....не ти личи на годините.
Едвај чекаше да отворат ваква глупа тема за да почнеш да мелеш иста пченица со години.
А велат дека со староста доаѓа и аклот:facepalm:
Очигледно е дека исклучокот го потвдува правилото!
А ти каква пченица мелеш бе ѓурѓа? Твојата поарна а? Прочита две книшки од тој шарлатанот гурџо мурџо како ли веќе му беше име и стана “разбуден“? Хаха, ма да секако. Да ми речеше некој христијанин може и ќе ме навредеше, ама од секташи не ме лути.
Ти у младите ли се рачунаш? Секако дека твојот исклучок го потврдува правилото, ама имаш време може на мои години ќе ти дојде паметот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Кај рисјаните е лесно да се докажи дека постои нивнио Бог. Имено Исус им порачал:

17 А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
Марко 16.

и

12 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас и тој ќе ги врши, и поголеми од нив ќе врши; оти Ја си одам при Својот Отец;
13 и што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам, за да се прослави Отецот преку Синот.
14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
Јован 14

Така да постоење на нивнио Бог може да го докаже секој верни со тоа што же лекува болни со полагање раце, со тоа што ќе зборува нови јазици или што ќе испие отров и нема да му нашкоди или што едноставно ќе го замоли бог нешто да исполни на пример да нема повеќе болни деца во светот 0- и ќе нема или молитва да нема гладни и сиромашни во свет - и ќе нема, или да нема војни и убуивање - и ќе нема.

Со овој едноставен начин ќе се докаже дека постои христијанскио Бог и дека тој е најјак од сите други богови
 
Член од
8 јуни 2015
Мислења
176
Поени од реакции
59
А ти каква пченица мелеш бе ѓурѓа? Твојата поарна а? Прочита две книшки од тој шарлатанот гурџо мурџо како ли веќе му беше име и стана “разбуден“? Хаха, ма да секако. Да ми речеше некој христијанин може и ќе ме навредеше, ама од секташи не ме лути.
Ти у младите ли се рачунаш? Секако дека твојот исклучок го потврдува правилото, ама имаш време може на мои години ќе ти дојде паметот.
Ти немаш толку влакна на главата колку што јас имам прочитано книшки.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ти немаш толку влакна на главата колку што јас имам прочитано книшки.
Мирен Луис Суарез, не апи. Црвен ќе добиеш.
Хахаха се гледа. Ќе беше барем писмен ако беше точно.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Може ќе ти дојде чудно ама одговорот е ... Не, воопшто. Вистионското прашање е дали ти го мислиш тоа за “неверниците“. Дека си попаметна од нив.


,,,,,,,,,,,,,,,,,,,

Можеш само да веруваш што твојот бог сака, но само за тебе. Не ми кажувај што твојот бог сака од мене или дали мене ме сака. Биди среќна ако тебе (и евентуално твоите блиски) те сака, не му мисли дали другите ќе ги сака.
Не мислам дека сум попаметна од другите.
Ако не се делат луѓето по убедувањата тогаш имам впечаток дека сме многу слични.
Што е тоа што не е мака а ќе предизвика ваква реакција - што беше кај тебе ако не е тајна?
Јас незнам што сака мојот Бог од мене а камо ли од тебе, и не ти кажувам нешто да правиш или не правиш... ама тоа што верувам дека ги сака луѓето по секоја цена иде во пакетче со вербата во Него. За мене Бог не е хир, не е нешто што го кажувам за инает, значи личност е и според мене постои не само за мене туку за сите и за се без разлика што мислат за Него.

Колку сум горделива... ме замисли... незнам
Не мислам дека сум горделива исто не мислам дека сум неважна и полоша од другите. Можда ја најдов средината на горделивометарот. За да го измериш мојот грев и мојата нечовечност, некаква друга мерка треба да е избегана од златната средина. Нема да ја кажам никому, кој ќе ја најде пријател ми е штом ме познава до толку.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
А атеизмот е нова религија - нова група луѓе што веруваат горе долу во истото и сакаат сите да ги направат како себе си, да им наметнат свој убедувања и верувања и да станат што повеќе.
Ateizmot ne e religija....Ateistite ne veruvaat vo isto...! Nema crkvi popovi odzi da im trubat vo sto da veruvaat.Sekoj so svoi misli.
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Кај рисјаните е лесно да се докажи дека постои нивнио Бог. Имено Исус им порачал:


18 ќе фаќаат змии и ако Нешто смртомосно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравувааат.”
Марко 16.


14 Ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го направам.
Јован 14
Да во име на Бог, а не за да кажам дека јас го излечив со молитва - значи јас се помолив а Бог го излечи... Јас имав силна болка, силна љубов и силна верба дека Бог ќе ми помогне - како што може да се има одма после раѓање ти иде бебињата од цел свет да ги сакаш :)
Види во моето мислење 24 во горниот дел
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Не мислам дека сум горделива исто не мислам дека сум неважна и полоша од другите. Можда ја најдов средината на горделивометарот.
Не знам за горделивометарот, ама високо котираш на глупостометарот со изјавата за атеизмот.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
Да во име на Бог, а не за да кажам дека јас го излечив со молитва - значи јас се помолив а Бог го излечи... Јас имав силна болка, силна љубов и силна верба дека Бог ќе ми помогне - како што може да се има одма после раѓање ти иде бебињата од цел свет да ги сакаш :)
Види во моето мислење 24 во горниот дел
Dali ti so molitva imas pomognato na nekoj da ozdravi?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom