Докажете дека постои вашиот бог!

Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Еве тема за сите теисти, верници и поклоници на системи на верувања, сакам да ми дадат нивни лични докази, дека бог навистина постои. Ве молам релевантни докази, не препишувани, не докази кои всушност не докажуваат ништо, плод на вашите фрустрации и комплекси.

Со години ја истражувам религијата и едно нешто забележав: сите верници се емотивно преслаби луѓе кои не можат да се справат самите со себе па бараат утеха и одговори во религијата.
Ѓурџи???
Вакво нешто имаше отворено за Атеистите да покажат дека Бог не постои
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.163
Поени од реакции
6.040
1. Јас сум си свој Бог.
2. Мислам, значи постојам.
3. Мојот Бог постои.
 
Член од
7 ноември 2015
Мислења
35
Поени од реакции
6
Еве тема за сите теисти, верници и поклоници на системи на верувања, сакам да ми дадат нивни лични докази, дека бог навистина постои. Ве молам релевантни докази, не препишувани, не докази кои всушност не докажуваат ништо, плод на вашите фрустрации и комплекси.

Со години ја истражувам религијата и едно нешто забележав: сите верници се емотивно преслаби луѓе кои не можат да се справат самите со себе па бараат утеха и одговори во религијата.
Мир вам!

Наместо да докажам дали Господ воопшто постои или не, јас најскромно ќе се потрудам да дадам само најосновни информации за Јудаизмот, Христијанството и Исламот, па се надевам дека некој ќе размисли дали и која меѓу овие религии е вистинската, и преку тоа да се даде и одговор на прашањето дали Бог воопшто постои.

Во светот 5-те најголеми религии се: Христијанството, Исламот, Хиндуизмот, Кинеската народна религија и Будизмот.

Религиите кои го прифаќаат Авраам како Божји пратеник спаѓаат во групата на Авраамските религии. Во Авраамските религии влегуваат: Јудаизмот, Христијанството и Исламот. Авраам е истотака познат и како татко на монотеистичките религии (религии кои промовираат верување во еден и единствен Бог, створител на се). Хронолошки ќе ги истакнам трите религии според нивната појава:

Јудаизмот: Припадниците на оваа религија ја прифаќаат Еврејската Библија како божји збор. Таа во Христијанството е познато како Стар Завет (без девтероканонските книги). Освен пишаниот Божји збор кој е содржан во Еврејската Библија (позната и како Мазоретски текст кога се мисли на Библијата на неговиот оригинален, еврејски јазик), тие истотака веруваат и во оралните зборови кои Бог му ги соопшти на Мојсеј во планината Синај, а кои не се содржани во Еврејската Библија. Така еврејците тие зборови почнале да ги запишуваат и го создале Вавилонскиот Талмуд. Пред тоа беше создаден и Палестинскиот Талмуд, за кој дел од еврејците веруваат, а дел од нив ја спорат неговата автентичност. Овие се основните книги на Јудаизмот.

Тие не го прифаќаат Исус Христос како нивен Месија и го сметаат како лажен, а за Божјиот пратеник Мухамед да не ни збориме. Но сите претходни Божји пророци како Авраам, Давид, Мојсес и други ги прифаќаат. Тие сеуште се на очекување на (според нив) вистинскиот Месија кој ќе ги упати во вистинкиот пат.

Христијанството: Втора по ред религија после Јудаизмот е Христијанството. Христијаните како основна книга го имаат Светото Писмо (Библијата) која е Божји збор и составен од Стариот и Новиот Завет. Христијанството не го спори Стариот Завет (Еврејската библија) и нивните божји пратеници, бидејќи Исус вели во Матеј 5:17 “Не мислете дека дојдов да ги поништам Законот (Тора) и Пророците! Не дојдов да ги поништам, туку да ги исполнам„. Затоа и Стариот Завет е интегрален дел од Христијанската Библија. Во зависност од тоа во која деноминација се наоѓа христијанинот, некои од нив ги прифаќаат девтероканонските книги (а овие пак отсуствуваат во Еврејската Библија), а некои други пак ги спорат.

Што се однесува до пророците, Христијанството ги прифаќа сите претходни Божји пратеници предвидени во Стариот Завет, вклучувајќи го и Исус како нивен Месија, како спасител на луѓето, Божји Син. Но пророкот Мухамед не го прифаќаат, кај некои деноминации се нарекува уште и како лажен пророк (исто како што и Исус се нарекува кај Јудаизмот).

Исламот: Последната вера во зинџирот на монотеистичките вери е Исламот. Таа го има Коранот (Кур’анот) како основна книга која е Божји збор соопштен на пророкот Мухамед преку ангелот Џибрил (според библијата Гаврил). Исламот истотака не е нова религија со нов систем, туку е дојден како потврда за сите претходни книги и сите претходни Божји пратеници бидејќи Господ вели во Еш-Шура 42:13 “Он (Господ) за вас ја одреди (или ја пропиша) верата која беше пропишана и на Нух (пророкот Ное според Библијата) и она што тебе ти го одредивме (о Мухамед), и она што го пропишавме и на Ибрахим (Авраам), и на Муса (Мојсеј) и на Иса (Исус). Бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате ... Господ ги избира (на прав пат) тие што Он сака и ги упатува тие што му се обраќаат нему„. Од тука се гледа дека станува збор за истиот Бог, и Богот на Мојсеј, и на Исус и на Мухамед е истиот тој Бог. Христијанството истото го вели за Јудаизмот, дека нивниот Бог е истотака и богот на Христијаните (Таткото од Светото Тројство). Исламот истото тоа го вели, па затоа секоја последователна вера е потврда на претходната вера. Бидејќи Исламот е последна вера и Мухамед е последниот пророк, а тоа го гледаме и во Коранот и во фактот дека до ден денеска не дошле нови Божји пратеници, Господ во Коранот вели во Ел-Маиде 5:3 “...Денес ви ја усовршив вашата вера, го исполнив благодатот Мој, и како вера Исламот ви го избрав„. Во однос на Исус, Исламот го третира како еден од најмоќните пророци (не како Господ), дека тој е Месијата и дека неговото раѓање е Божјо чудо кој е роден без татко, само од Девицата Марија, како што патем и Библијата истото го кажува. Да не се верува во Исус значи негирање на Коранот, што повторно се дознава дека Коранот е потврда на поранешните книги, но освен потврда таа е и последната Божја објавена книга.

Стариот и Новиот Завет се објавени во одредено време, место и општество и важело за тоа време, место и општество. Од друга стана, Исламот е објавен за целото човештво и за сите времиња, независно дали живееме во времето на божјите пратеници или во денешно (технолошки развиено) време. Интересен е фактот што луѓето кои се следбеници на Јудаизмот се викаат Јудаисти, следбениците на Христијанството се викаат Христијани, и вака според оваа логика тие што го следат Мухамед би требало да се викаат Мухамедани. Но не е така, бидејќи тие се викаат Муслимани. Зошто е тоа така? Бидејќи арапскиот збор муслиман во превод значи “оној кој својата волја му ја потчинува на Господ„. Значи, муслиманите не ја потчинуваат својата волја ниту на Јуда (еден од 12 синови на Јаков), ниту на Исус, ниту на Мухамед, туку на Господ. Пророците се следат, почитуваат, се сакаат, се зимаат како пример, но волјата се потчинува само на Господ, а тоа значи дека се што се случува во овој свет, во твојот живот, независно дали е тоа добро или лошо, тоа е од Господ. Тоа не учи нас Исламот.

На крај, за тие што се двоумаат која вера е вистинската, Коранот дава одговор со тоа што Господ вели во Али Имран 3:19 “Единствената вера прифатлива кај Господ е Исламот„. А ваква одредба не постои и не може да се најде ниту во Стариот, ниту во Новиот Завет. Затоа се вели дека ако постојат Стар и Нов Завет, Коранот во тој случај е Последниот Завет.

Tогаш која е вистинската вера? Која вера е најсигурна? Дали да се верува во вера која дел од Божјите пратеници ги прифаќа а другите ги негира или во вера која ги опфаќа сите претходни Божји пратеници и го одредува последниот Божји пратеник? За овие прашања пресудете сами. Господ ни го дал паметот и логиката за да резонираме и да мислиме, па затоа ве поттикнувам да размислите со искрена намера и без предрасуди.

А на прашањето дали постои Господ воопшто, тука мислам дека нема потреба од некакво длабоко објаснување, секој човек кој размислува искрено и кој нема психички недостаток или малоумност, кој размислува за своето створение, за совршеноста на неговото тело и неговото функционирање, кој гледа кон месечината, сонцето, универзумот и сето останато и сфаќа дека сето тоа тукутака не може да настане, ќе најде знаци дека Господ навистина постои и дека тој е створител на сето видливото и невидливото, бидејќи знаците се веќе присутни, знаците се тука и сега. Само треба да ги идентификуваме тие преку размислување и со искрена желба за дознавање на вистината.

Погледнете го овој клип колку Земјината топка е мала во споредба со целиот космос:

Мирот да е со вас!
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
А на прашањето дали постои Господ воопшто, тука мислам дека нема потреба од некакво длабоко објаснување, секој човек кој размислува искрено и кој нема психички недостаток или малоумност, кој размислува за своето створение, за совршеноста на неговото тело и неговото функционирање, кој гледа кон месечината, сонцето, универзумот и сето останато и сфаќа дека сето тоа тукутака не може да настане, ќе најде знаци дека Господ навистина постои и дека тој е створител на сето видливото и невидливото, бидејќи знаците се веќе присутни, знаците се тука и сега. Само треба да ги идентификуваме тие преку размислување и со искрена желба за дознавање на вистината.
До месечината вселената и сонцето стигнаа научниците не поповите. Телото го истражуваат научници не калуѓери. Оние кои се ослободија од стегите на религијата, истражуваа и испитуваа тајните на човекот и вселената.
 
Член од
22 ноември 2015
Мислења
37
Поени од реакции
16

Naukata i religijata sve dve razlicni nesta ednoto se istrazuva i dokazuva a drugoto e veruvanje, dali e ispravno ili ne e stav na poedinci nesto kako i NADEZTA, nikoj ne ja videl nitu ja pocustvuval ama mu e potrebna na coveka za da moze da odi ponatamu.Vo sekoj slucaj se sto e preterano pocnuva da stanuva nenormalno taka i verata
 
B

Bafra

Гостин

Па тука е проблемот, што СЕ РАЗЛИЧНИ. Доколку почнат да соработуваат човештвото ќе напредува. Вака едните ќе те вратат во камено доба ,а другите од премногу самобендисаност и неморал во пропаст.

Во врска со Надежта, замени ја со Верба.
Господ ќе работи СО тебе, а не ЗА тебе.

Let 3
многу од тие научници/доктори самите кажуваат дека постои некоја универзална сила .
Е сега што на некој му текнало преку религијата во ваква форма да го контролира народот тоа е друга приказна.
Ама па без религија какви будалетинки сме ојдовме јабана .

Noor значи Исламот е update 3 .Ќе почекам update 4 верзијата може помалку глави сечење ќе има во нејзе.

Религии каде пишува ПЛАШИ СЕ ОД БОГ и се спомнува ГРЕВ :neetaka::neetaka::neetaka: .
Сеуште сме на ниво на Варвари, технолошки напреднати благодарејќи на 30тина умови кои се жртвувале себеси.
 
Vo sto kje veruvas i kako toa kje go iskazis e licno pravo no bi bilo dobro koga ako se svede vo ramkite na zdraviot razum
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Запишани се бројни примери кога верба во госпот, молитва кон госпот, повикување на името на госпот... му помогнало на луѓето и тоа во тешки и опасни ситуации, или ги дарувал со долг живот или злато или палати. Ќе ја отворам темата со еден таков пример. Имено спрема Вук Караџиќ, царевиот син после многу перипетии стигнал во една густа и мрачна шума во која живеела преубава девојка но со многу лоша и злобна мајка, со себе царевиот син носел само леб, орев и лешник, пред куќата на девојката која немала врати туку само прозори високи, го нападнале диви зверови и тој фрлил од лебо и тие се најале и го пропуштиле, девојката му пушти русите коси низ прозорец и тој се качи кај неа и решиа да бегаат, но злата мајка која била и вештерка почнала да ги брка, тогаш царевиот син го извај лешнико и рече „во име на Госпот сега шопрајме“ а лешнико му рече “отвори ме“ и ко го отвори лешнико од него бликнаа силни води и му попречија патот на лошата мајка, но таа со својот волшебен стап ги допре водите и тие се раздвојиа и пак се вдаде по царевиот син и ќерка си, гледајќи дека ќе ги стигне, синот го извај ореот од џеп и викна „во име на Госпот сега шо да прам“ и орево му рече - „Скрши ме, ко го скрши, од оревот излегоа силни огнови и цела планина ја запалија, но лошата мајка плукна в огно и тој се изгасна и таа пак се вдаде по нив, речиси ги стигна кога царевио син се сврте на кај исток, се прекрсти и го повика името Госпотово и од небото светна молња и ја изгоре лошата мајка и и ги стопи коските и така успееа да се спасат царевио син со девојката, и уше тие шо беа како зверови околу куќата си се претворија пак во луѓе оти нив лошата мајка ги маѓепса и ги претвори во зверови.
Овој настан ни кажува дека иако и лешникот и лебот и оревот имаат свои моќи и магии сепак тие на Госпот се најјаки и најсилни и ако малите проблеми можат да се решат со помош на поедноставни работи (растенија или предмети) за големите е потребно да се викне напомош Госпот лично.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
^
Сега ќе излезам на тараса,ќе се свртам кон исток,ќе се прекрстам и ќе се помолам:
Господе дај помогни ми да ме вратат на работа.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
137
Поени од реакции
3
Науката одговорила на доста прашања но никогаш на прашања од другата страна на бариерата: што е свест, зошто постоиме, зошто се разликуваме од животните и сл. тука настапува религијата, за жал поголемиот дел од прави свети знаења е изгубен, останати се делови од знаења, тоа создава недоумица и недоверба во верувањето кај гилем дел од луѓето.

Sent from my HUAWEI P6-U06 using Tapatalk
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Еве, моментот сега и тука. Зад сето тоа постои Боженствена позадина. + твојот момент сега и таму, исто така. Не би сето тоа постело, иако сепак постои туку и така. Без мојата и твојата Божанска свест. Се што имаш да си докажеш е само кон самиот себе, а и не мора. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom