Имам речено и пак ќе речам - човек е појак од карпа човек е помек од памук - не постојат преслаби и прејаки луѓе
А зошто имаш потреба некој да ти го докаже Бог? Да не имаш фрустрација некоја ти самиот? Ако не веруваш не верувај зошто да ти докаже некој нешто?
Моменти кога сум ја почувствувала силата и поткрепата од Бог многу. Ќе ти го кажам она што мислам дека беше најважно за мене. Си го спасив детето со молитва.
Какви што ни се болнициве, родив едно бебе со оценка 10, од здраво поздраво и успеаја да го разболат. Докторите велеа добро е, утре си одиш дома ... и утредента исто... и утредента исто... ама бебето ми се топеше пред очи секој ден од лошо полошо. Го послушав гласот во мене што го имам отсекогаш - ако сакаш мисли дека е ангелот чувар или мисли што сакаш
Наспроти мислењето на докторите на таткото на фамилијата и на сите се потпишав и заминав без да знам кај одам ... завршив на детска клиника ме пречека тим што вреди
Тие правеа се што можеа, слабо им одеше
Имав еден молитвеник православен, од дете го имам, им реков од дома да ми го донесат. Како што влезе книгата во собата бебето беше до мене под апарат, утредента беше подобро
И после беше подобро и после оздраве. И сите му се радуваме. А ќе речиш докторите. Да помогнаа многу. После некоја година кога родив второ дете не прашаа дали имавме проблеми со првите и кажав дека жолтицата крена на 620 и дека детето ми е живо... не ми веруваа. Им донесов документи. Ми ги зедоа документите да ги разгледувале на колегиум од првото дете. Оти документите беа чудни, такви деца им ја менувале цела крв во организмот за да се обидат да ги спасат, а на моето такво нешто не му правеа. Изгледа чекаа да умре ама тоа во неколку дена со молитвата на чудење од докторите секој ден беше подобро додека не дојде до степен кога можеа да му помогнат и тогаш памтам осетив олеснување и како да препуштив на нив.
За жал со мене в соба имаше бебе со мозочен удар. Кога ќе добиеше грч кога ќе почнеше мајката да вриска не можам да заборавам. За жал кога се молев помислив на овие родители им е подобро да умрат а детето да живее. За жал таткото умре, детето оздраве. Ете.
И многупати... не е само ова. Ќе погледнам во иконата и знам ако не е нешто во ред.[DOUBLEPOST=1436511955][/DOUBLEPOST]
Секој човек на планетава води битка за која не знаеш ништо... Биди љубезен - секогаш. - некој вика дека Платон го кажал ова ...
А јас викам и за да станиш религиозен и за да станиш атеист треба да имаш видено некоја голема мака.Тука е раскрсницата кај големата мака. Другите се само рамнодушни. Што си? Христијанин сум. Муслиман сум. Будист сум. Зошто? Зошто тие пред мене беа. Не размислуваш да станиш атеист ако имаш добар живот. Не го бараш Бог да му заблагодариш ако имаш добар живот а не си поминал лоши периоди за да видиш колку добро имаш.
Ние православните знаеме колку е човек подобар толку посилен ѓавол шета со него за да го одврати од доброто. Жената не се исплашила од тебе туку од тоа што тргнало по тебе. Сигурно не ти мисли лошо. Немој многу да мислиш. Терај како што си тргнал и не мисли. И не чекај. Јас верувам дека кога нема да мислиш на ништо духовно, нема да се замараш дали јас или сестра ти веруваме, нема да мислиш постои или не постои, тогаш ќе дојде еден момент што го викам јас спасение, а ти викај го како сакаш, не чекај го, не мисли го, битно да го заслужиш.
п.с. не ми се работи туку ми се прават муабети тука
Уште нешто ќе кажев, јас верувам во Бог и во православието
Со самото тоа верувам дека ако Бог не сака да постојат муслимани, многубожци, евреи, атеисти и сите други, сам ќе направи да не се раѓаат и да не постојат. Исто така тие сите се молат како што знаат и умеат, и со нив Бог има милост, има приказни како мојата и кај нив. Колку и да сум убедена дека мојот пат е правиот, дека Бог каков што го знам Христос таков е, ја почитувам Неговата волја повеќе од се и со тоа ги почитувам луѓето што одбрале да не веруваат или се родиле така да веруваат во нешто друго. Ако Тој сака да збрише некоја група луѓе, ќе ги снема (важи и за нас, и евреите многу ги сакал повеќе од сите други народи ама тие ја изневериле довербата). Немам јас потреба она што Бог го ставил да го менувам или уништувам. Се ќе си дојде на свое место.