Абе се гледа дека си поткован, пуцаш од познавање, низ уши ти тече. Значи од десет нешта, способен си единаесет да утнеш.
Прави што ти е ќејф прават попчињата ваши, им продаваат ветер за магла на верниците, проповедаат христијанство, што по дифолт значи скромност, тежнеење кон нематеријалност и слично, а за тоа тарифираат, стрижат на суво, возат луксузни возила, тргуваат со хотели и што уште не. Секако тука се и неизбежните клевети и лаги, со кој мора да си обезбедат непријател, нивениот насушен и постојано неопходен изговор без кој неможат, е ти тука ги следиш во чекор, можеби неможеш финансиски, ама во клеветите, ароганцијата, суетноста и глупоста, рамо до рамо си со нив, на моменти и ги претекнуваш со невидена брзина.
Значи да резимирам, правење што ти е ќејф, е ваш домен, ние имаме сосема друга порака, прави што ти е волја, каде волјата означува динамички аспект на битието, таа е она што го дефинира секое живо битие и нема врска со ќејфови, арно ама, подлоста или глупоста кај вас повторно и повторно се обидува да ја прикаже како прави што ти е ќејф.
Абе што да ти кажувам, за извоз докази имате.... За аргументи па ич да не збориме! Сакаш биг бенг, сакаш движење на земјина кора, сакаш колајдер на честички, абе се ќе најдеш во библијата! Не е лошо каталог да си направите, можеби и рецепт за сарма од лозов лист ќе се најде.
Сега чукаат глава у ѕид што не се консултирале со тебе, ама тоа е...! Не знаеле тогаш дека постои експерт како тебе. Верувам одсега натаму, редовно ќе те бараат да им кажеш кој е подобен а кој не.