Докажано-Луѓето се природно неверни
Неверството е во природата на луѓето. Но, можно е да се биде верен. Само за тоа е потребно многу труд, смета психијатарката Џудит Липтон
Зошто изневеруваме е прашање со кое во својата книга "Мит за моногамијата: Верност и неверство кај животните и луѓето" се занимава брачната двојка зоологистот Дејвид Бараш и психијатарката Џудит Липтон.
- Верноста едноставно не е во природата на луѓето, а ниту на животните. Единствено животно кое 100 проценти е верно е тенија што живее во цревата на рибите. Кај нив машката и женската станица се спојуваат по што веќе не можат да се одвојат - вели Липтон. Животните и луѓето освен тоа што за свој животен другар го бараат најдоброто од најдоброто, бараат и нешто од страна.
- Во општествата во кои моногамијата се пропишува како закон, анализите на ДНК редовно покажуваат дека повеќето луѓе не спијат со своите сопружници. Тоа е случај и кај животните. Повеќето птици се здружуваат со еден партнер доживотно, но, ДНК тестовите докажуваат дека нивните млади потомци се од некои други татковци - објаснува Џудит.
Дејвид и Џудит во брак се веќе 28 години. Велат дека верноста е можна, но и дека за тоа е потребно многу труд. Тие тврдат дека тоа е карактеристика која човекот ја учи, исто како другите тешки работи во животот како што е на пример свирењето виолина.
- Луѓето во долги врски кои останале верни цело време ментално се многу здрави, вели психијатарот Петер Крамер за ВебМд.
ТРИ ВИДОВИ ПРЕЉУБНИЦИ
Некои научници како што е Дон-Дејвид Лустерман, брачен и семеен терапевт, тврди дека постојат три видови луѓе кога е во прашање неверството.
Првите, кои се склони кон постојани прељуби, ги окарактеризира како нарциси.
- Ги нарекуваме и гонители. Тоа се луѓе кои тежнеат кон што поголем број неверства затоа што ги сметаат за трофеи освоени во натпреварување, а целата работа за нив е натпревар. Многу често тоа се луѓе кои имаат нарушување на личноста во облик на нарцизам, вели Лустерман.
Оние кои не вршат прељуба сакаат да флертуваат и да му бидат интересни на другиот пол затоа што често не ги гледаат проблемите во својата врска. Вниманието на другите жени или мажи нив им е сосема доволно затоа што тогаш се чувствуваат посебно, нешто што не го добиваат во своето матично гнездо.
Третиот вид луѓе се оние кои се свесни дека партнерот во моментната врска не им одговара па активно бараат содветен од страна.
СТАТИСТИКА
Голема опасност од неверство се јавува во средните години и кај луѓето кои многу млади влегле во брак.
Статистиката вели дека прељуба вршат околу 50 отсто од жените и 70 отсто од мажите. Кај мажите желбата за неверство расте паралелно со годините - што се постари повеќе сакаат да бидат неверни.
Според американското истражување за национално здравје и социјален живот од 1992 година, 37 отсто мажи од 50 до 59 години имале афера додека биле во брак, додека тоа истото го направиле само седум отсто мажи од 18 до 29 години. Меѓутоа, се јавува проблем кај дефинирањето на неверствата. Повеќето тоа официјелно го сметаат за секс со друга личност. Но, што е со бакнежот, секси он-лајн чет, провокативен танц? Научниците сметаат дека станува збор за индивидуално сфаќање. Доколку партнерот смета дека бакнежот со друг е грев тогаш тоа и е. Добра работа во се е што повеќето луѓе не вршат прељуба на конвенционален начин, односно се се базира врз бакнеж или флерт.
СОВЕСТ ЗА КРАЈ - Среќата е многу комплексен поим. Прељубата може да усреќи некого, но во повеќето случаи води кон тешко оптоварување на совеста. По волку години брак јас сум пресреќна кога можам да кажам дека имам личност на која можам во целост да и верувам, рече докторката Липтон.
Извор: МИА