~*~
Колку овие поими се присутни во вашето секојдневие? Дали воопшто ги има во вашите врски?
Доколку ги има во вашиот живот, што најчесто вие дозволувате или забранувате?
Премногу сум либерална и со слободен дух за нешто на некој да му забранам, ако веќе се мисли на конкретна и јасна релација, врска, тогаш ако некој сум го одбрала за да бидам со него, оставам на неговата свест и расудување за одредени работи кои јас ги сметам за недозволиви, како изневерувањето.
Уште помалку сум тип на девојка која дозволува, не ни спомнувам да поднесувам, нечии забрани и дозволи, освен можеби оние на моите родители.Знам која сум и што сакам од животот, како треба да се однесувам за да некој да ми наметнува свои правила и да ми дава дозвола за да го правам тоа што го сакам.
Врската се гради врз компромис и разбирање, не врз правила и забрани.
Колку често и дали сте изговориле нешто како: Ти не смееш да одиш таму сам; Ти со него/неа не смееш да одиш на кафе; Ти навечер без мене не смееш да излегуваш; Додека си со мене ти дозволувам да правиш се` само со мене и сл?
Никогаш не сум го изговорила на некој, ниту некогаш ќе го изговорам.Така се понижувам себе, не тој на кој наводно му забранувам.
Покажувам недоверба кон партнерот и се потценувам себе си.
Што ви смета и неможете да го преќутите, па мора да го кажете директно без оглед колку неправилно ви изгледа?
Мислите ли дека е тоа нормално т.е. дека имате право или некој друг има право над вас да ви забрани нешто додека сте заедно или не?
Кога сме кај тоа, доколку постојат вакви ситуации кај вас, што мислите, кој над кого има поголемо право да забранува или дозволува ... мажот на жената или обратно?
Погоре се изјаснив дека не подржувам и не практикувам ваков тип на релации, ако нешто ми смета и не ми се допаѓа, го кажувам, чисто за да биде дадено на знаење, го сакам истиот третман кон мене.
Не мислам дека е нормално, било кој да има право да биде над мене или пак јас над него, стегите на стариот век не се префрлиле на мене.
Ниту жената, ниту мажот не се тие кои што би забранувале и дозволувале, можеби вистинскиот збор би бил да се одобрува и да се негодува ... толку екстремно и строго, никогаш.
Ќе спомнам тука и нешто поразлично, бидејќи идеја за темава ми дојде од една контактна емисија ... значи, претходното прашање ми беше основано врз тоа дека некои луѓе мислат дека мажот треба да е тој што ќе управува со жената, бидејќи религијата така налага. Тука веќе преминува муабетот за посериозни врски т.е. брак, па водејќи се според правилата при венчавање во црква, убедени се во тоа дека се` понатаму треба да се темели врз мислењата и желбите на мажот, нали. Се согласувате? Се придржувате на тоа свесно или несвесно? Доколку сега не реагирате така, мислите ли дека еден ден сепак и вие така ќе завршите, затоа што тоа е правилно и така треба да биде?
Религијата, не ја коментирам, делумно сум атеистички настроена.
Бракот како институција е нешто што си носи големи одговорности, но не верувам и дека носи со себе забрани.Се надевам дека нема така да завршам, дека нема да завршам со некој таков.Тоа ми е предеградирачко.
И не, не треба така да биде.