Дивајн
блаблабла
- Член од
- 3 април 2005
- Мислења
- 15.748
- Поени од реакции
- 1.855
Колку овие поими се присутни во вашето секојдневие? Дали воопшто ги има во вашите врски?
Доколку ги има во вашиот живот, што најчесто вие дозволувате или забранувате?
Колку често и дали сте изговориле нешто како: Ти не смееш да одиш таму сам; Ти со него/неа не смееш да одиш на кафе; Ти навечер без мене не смееш да излегуваш; Додека си со мене ти дозволувам да правиш се` само со мене и сл?
Што ви смета и неможете да го преќутите, па мора да го кажете директно без оглед колку неправилно ви изгледа?
Мислите ли дека е тоа нормално т.е. дека имате право или некој друг има право над вас да ви забрани нешто додека сте заедно или не?
Кога сме кај тоа, доколку постојат вакви ситуации кај вас, што мислите, кој над кого има поголемо право да забранува или дозволува ... мажот на жената или обратно?
Ќе спомнам тука и нешто поразлично, бидејќи идеја за темава ми дојде од една контактна емисија ... значи, претходното прашање ми беше основано врз тоа дека некои луѓе мислат дека мажот треба да е тој што ќе управува со жената, бидејќи религијата така налага. Тука веќе преминува муабетот за посериозни врски т.е. брак, па водејќи се според правилата при венчавање во црква, убедени се во тоа дека се` понатаму треба да се темели врз мислењата и желбите на мажот, нали. Се согласувате? Се придржувате на тоа свесно или несвесно? Доколку сега не реагирате така, мислите ли дека еден ден сепак и вие така ќе завршите, затоа што тоа е правилно и така треба да биде?
Темава е значи преопширна, па имате доста избор за што да дискутирате, но да не забегувате. Велам така дека постои можност да навлезете во религијата повеќе од што треба, само затоа што е спомната.
Повелеле со вашите мислења ...