Доделување на Оскарите за 2010 Година

Кој филм оваа година ќе го освои Оскарот?


  • Вкупно гласачи
    133

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Комплицирано е, не вреди да се регистрираш само за тоа зошто 1000 работи има на почетокот. Подобро најди некој што го познаваш ако игра на интернет, па да ти уплати нешто. Иначе има тема на фудбал „Обложување на Интернет“ и таму можеш да ги најдеш сите информации.

@AceCaleb, Ловот на добрата волја :pos:
Изгледа само јас не сум и обрнувала внимание на Миланче, оти не се сеќавам на овој кикс :pos:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
А нели уствари Оскарите лани одеа на ХРТ 1, а не на ХРТ 2......оти ако е ХРТ 1, каква Миланка каква Интерка:)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ама ако дава МТВ мислам дека ќе нема Хрт1 и Хрт2 така да Миланче ќе си има шоу :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
А нели уствари Оскарите лани одеа на ХРТ 1, а не на ХРТ 2......оти ако е ХРТ 1, каква Миланка каква Интерка:)
Колку што памтам на хрт2 беше, кога снемуваше програма дури и по 10тина минути.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Интересна статија од Он.нет, преведена од Guardian:

Оскарите: Кој е главен?


Вуди Ален нема право на глас, но затоа Дакота Фенинг гласа рамо до рамо со најголемите филмски имиња. Како изгледа внатрешниот свет на Академијата за филмски уметности и науки и како сето тоа функционира.


Последната фаза од изработката на Оскар стаутите, 15 октомври 2010.​

Жирито е составено од 6.404 членови, од кои најголемиот дел живеат во Лос Анџелес, а останатите се во северна Калифорнија, Њујок и Лондон. Со мала предност, мнозинстовото се мажи, а просечната возраст им е 57 години. Еден од нив е Руперт Мердок, друг е Алмодовар, трет е Саша Барон Коен. Џорџ Лукас, Вуди Ален и Двејн "Рок" Џонсон, не се на списокот.

Членството во Академијата е исклучително со покана, но задолжителна е поддршка од најмалку двајца постојни членови. Кога еднаш ќе станеш член на Академијата таа фукција ти трае до крајот на животот. Токму ова е и една од најголемите забелешки на критичарите на Академијата кои организациајта ја прикажуваат како збир на старци и пензионери кои врзани за нивните боци со кислород ги избираат победниците за Оскар.

Се уште никој од критичарите не заборава кога Хенри Фонда и Џејмс Гарнер на своите сопруги им дадоа членство во Академијата, а потоа ги пополнуваа гласачките ливчиња во нивно име.

Тука е и случајот со Долорес Харт, актерката која во 1957-ма сними филм со Елвис Присли, за по некое време комплетно да се повлече од шоу-бизнисот и да се замонаши во манастир во Конектикат. Сега на 72 години, Долорес се уште е членка на Академијата со право на глас и секоја година добива копии од најновите номинации за Оскар, со што е единствена калуѓерка на светот која може да решава по делата на Квентин Тарантино.

Академијата е составена од 15 ограноци, од кои најголем и најмоќен блок се актерите, кои имаат 1.205 членови или 22% од вкупниот број. Токму тие минатата година му ја осигураа победата на The Hurt Locker, откако сините луѓе од Аватар не можеа да ги убедат со нивниот настап. По нив следуваат продуцентите (452), директорите (437) и публицистите (368), кои имаат поголема склоност кон меинстрим филмовите.

На крај тука се членовите на најразлични еснафи - звук, ефекти, сценографија, костими и слично - кај кои преовладува машкото мнозинство и кои најчесто ги привлекуваат масовните спектакли како Braveheart, Saving Private Ryan, The Town, True Grit. Оваа група беше одговорна за тоа што Brokeback Mountain го изгуби Оскарот за најдобар филм на сметка на акционата драма Crash.


Статуетката Оскар на изложбата "Meet the Oscars" во Тајм Ворнер Центарот во Њујорк

Аналитичарите забележуваат дека победниците за најдобар филм во последните неколку години, од нихилистичката драма на браќата Коен, No Country for Old Men, преку крвавиот трилер на Скорсезе, The Departed, па до воената драма The Hurt Locker, се гаранција дека Академијата ги проветурва своите редови.

Освен изненадувачките победници, промените се забележуваат и во новата процедура за примање на млади актери, која дозволи членови на Академијата да станат Дакота Фенинг, Тајлер Пери, Џејмс Франко, Мајкл Цера, Емили Блант и Сет Роген.

За други подмладувањето на Академијата и нескојдневниот избор на победници (The Hurt Locker наместо Avatar) е само последица на ослабената финансиска моќ на Холивид. Уште во 1997-ма, Спилберг забележа: "доаѓаме до точка кога се прават само два вида на филмови. Исто е како во Индија, има висока класа и сиромашна класа и нема средна класа. Сега, ние се обидуваме да ја истиснеме средната класа од Холивуд дозволувајќи им успех само на филмови кои чинат над 70 милиони долари или филмови под 70 милиони долари." Токму средната класа е околината во која Холивуд ги развиваше своите највредни дела - како Driving Miss Daisies и Dances with Wolves.

И без разлика дали на 27-ми февруари ќе ја поздравите смелоста на одлуките на Академијата или ќе ги пцуете старците, треба да се има во предвид дека просечниот член на академијата не е дрт старец или претплатник на Cahiers du Cinéma. Со најголема веројатност, тој е фан на Годар, фан на Годар со деца, заклучува Гардијан.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Стриминг најмал проблем, него како ќе се оди на факултет потечен е работата :pos:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Оф леле. 1.25 е коефициент за The King's Speech, a дури 5 за The Social Network.
Имат по нашиве кладилници, во Спорт Лајф е ова.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Јас заборавив дека планирав да гледам преку стрим, поминав лимитот едно 10гига и ќе мачам душа со мтв.

Hell yeah!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Оф леле. 1.25 е коефициент за The King's Speech, a дури 5 за The Social Network.
Имат по нашиве кладилници, во Спорт Лајф е ова.
1.16 беше на Интернет. Кинг Спич е добар поради глумата на Фирт, инаку ќе биде еден од најслабите филмови кои победиле последниве 10-тина години, ако победи.

--- надополнето ---

Најјаките од сите:


:pos:


:cuc:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.575
Океј, шкртнав уште еден филм од номинираниве кои не сум ги гледал, Инсепшн....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom