Договор за купопродажба на возило

Член од
21 ноември 2009
Мислења
152
Поени од реакции
248
Ме интересира дали договорите за купопродажба на возила мора да ги составуваат лица кои се адвокати (на пример. договорните страни сами го куцаат договорот, или пак одат во интернет кафе и таму некое младо дете врз основа на претходен пример им го прави договорот. Ако мора адвокат можете ли да ми го наведете законот според кој тоа е така.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.304
Ме интересира дали договорите за купопродажба на возила мора да ги составуваат лица кои се адвокати (на пример. договорните страни сами го куцаат договорот, или пак одат во интернет кафе и таму некое младо дете врз основа на претходен пример им го прави договорот. Ако мора адвокат можете ли да ми го наведете законот според кој тоа е така.

На нотар ти прават се, и префрлање и ти куцаат договор за купопродажба.
 
Член од
21 ноември 2009
Мислења
152
Поени од реакции
248
Да нотарите и адвокатите го прават тоа, ама наплаќаат по 800 -1000 денари за договор. Ме интересира дали со закон е забрането сам да си го искуцаш договорот, или пак некој друг да го искуца ( во интернет кафе или некоја копирница) бидејќи тие наплаќаат по страна за куцање (околу 50 ден).
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.436
Поени од реакции
15.304
Да нотарите и адвокатите го прават тоа, ама наплаќаат по 800 -1000 денари за договор. Ме интересира дали со закон е забрането сам да си го искуцаш договорот, или пак некој друг да го искуца ( во интернет кафе или некоја копирница) бидејќи тие наплаќаат по страна за куцање (околу 50 ден).
Ама во секој случај мораш да го завериш на нотар договорот и да го пишуваш ти лично. Не знам колку пари земаат навистина за правењето на договор ама ако земат повеќе од 100 денари навистина е безобразлук зошто е само обичен темплејт во Ворд на кој ги куцаат само податоците на странките и возилата. (10 мин работа).

За заверување е башка работа мислам дека е исто секаде

Ако е повеќе од 100 денари тогаш прашај на друго место и направи го договорот па после само завери го на нотар.
 

cokance

Затишје пред курац.
Член од
11 август 2008
Мислења
686
Поени од реакции
145
искуцај си го сам пошто од искуство ти кажувам наплаќаат од 500 до 1000 денари. се што треба е да го однесеш на нотар и заверка ти е од 200 до 300 денари, зависи кај кој нотар одиш, а не е забрането сам да си го искуцаш, јас 1 имам платено и 2 пати сам сум куцал договори за купопродажба на кола
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
58
Поени од реакции
18
[FONT=&quot]Д О Г О В О Р[/FONT]
[FONT=&quot]ЗА КУПОПРОДАЖБА НА ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО[/FONT]​
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]Склучен во Струга на ден 26.09.2010 год., помеѓу следните договорни странки:[/FONT]
[FONT=&quot] ПРОДАВАЧ:_________________________ од_______________________[/FONT]
[FONT=&quot] со ЕМБГ __________________________.[/FONT]
[FONT=&quot] КУПУВАЧ:___________________________од_______________________[/FONT]
[FONT=&quot] со ЕМБГ __________________________.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] Договорните странки денес под нормални услови, при чиста совест и здрав разум, без да бидат присилени или измамени, по обострана изразена волја се договорија за следното:[/FONT]
[FONT=&quot]Член 1[/FONT]
[FONT=&quot] Продавачот како исклучителен сопственик на моторното возило, што е предмет на овој договор, на купувачот му го продава своето сопствено моторно возило со следниве податоци:[/FONT]
[FONT=&quot] - вид : ___________________[/FONT]
[FONT=&quot] - марка : ____________________[/FONT]
[FONT=&quot] - тип : ______________________ [/FONT]
[FONT=&quot] - број на шасијата : ____________________[/FONT]
[FONT=&quot] - број на моторот : ____________________[/FONT]
[FONT=&quot] - година на производство : _____________________[/FONT]
[FONT=&quot] - сила на моторот : _______________[/FONT]
[FONT=&quot] - боја на каросеријата : __________________[/FONT]
[FONT=&quot] - регистарска ознака : __________________[/FONT]
[FONT=&quot] - работна зафатнина на моторот : ___________[/FONT]
[FONT=&quot]Член 2[/FONT]
[FONT=&quot] Договорните странки се договорија да купопродажната цена на предметот моторно возило изнесува _____________ДЕНАРИ, кој износ купувачот во целост му го исплатил на продавачот, додека моторното возило го примил во владение веднаш.[/FONT]
[FONT=&quot]Член 3[/FONT]
[FONT=&quot] Со потпишување на овој договор од страна на продавачот, ќе се смета дека тој ја примил во целост договорената вредност за продаденото моторно возило, и под тој основ нема парично побарување, додека возилото му го предал на купувачот во владение веднаш.[/FONT]
[FONT=&quot]Член 4[/FONT]
[FONT=&quot] Договорните странки се договорија да сите потребни трошоци на правото на сопственост да ги сноси купувачот.[/FONT]
[FONT=&quot]Член 5[/FONT]
[FONT=&quot] Продавачот гарантира дека моторното возило е исклучиво негова сопственост и нема никакви формално-правни недостатоци.[/FONT]
[FONT=&quot]Член 6[/FONT]
[FONT=&quot] Продавачот е согласен купувачот без негово присуство да може да изврши одјавување на таблиците и промена на сообраќајната дозвола на негово име.[/FONT]
[FONT=&quot]Член 7[/FONT]
[FONT=&quot] Договорот е составен од 2 (два) еднакви примероци.[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]ДОГОВОРНИ СТРАНКИ :[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] ПРОДАВАЧ: КУПУВАЧ:[/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]_______________________ _______________________[/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]

[FONT=&quot][/FONT]
еве како можеш да го направиш договорот, само кај линиите внеси ги податоците на и задолжително кај продавач и купувач треба да стои целосно име и презиме на странките и потписот, ова е договор кој јас го платив 200ден од еден адвокат немав избор во друг град бев а не си понесов со мене кога ја купував колата, сега пред сат време го пишував за утре на еден пријател да му го дадам ќе купува кола, само испечати го во два примероци и оди на нотар да ти го заверат

поздрав
[FONT=&quot][/FONT]
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.660
Мислам дека договорот така да си го испечатиш нема да ти помини... стандардизиран е и се знае како треба да изгледа. Низ Битола го има по нотари и книжари, околу 5-10 денари е. И возиш раат.
 

Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.116
Поени од реакции
18.015
Инаку нема причина зошто не би поминал договор кај нотар кој е составен како погоре приложениот...
Ако не помини кај еден нотар,има друг нотар итн.....:pipi:
Ова не е нешто комплицирано,па да се бараат адвокати и да ве дерат и да ви земаат пари за обичен договор кој се прави по стандард шема...Се знае шо е важно овде-видот и марката на возилото,годината на производство,број шасијата,број на мотор..кој ја купува,кој ја продава и цената на купопродажниот договор.....
Тоа е се..
Цената на заверката е стандард -400 денари...
 

Xibalba

Punctum vivimus
Член од
24 јануари 2012
Мислења
5.721
Поени од реакции
10.220
Колку се плаќа данок на парите што се земени при продажба на возило на физичко лице?
 
На врв Bottom