Јас ќе мислам дека гарант згрешиле овие во Лотарија, и ќе се вратам да препрашам- може и од неверување да ги вратам сепак парите.
Толку многу пари...да си милионер, треба да знаеш да се носиш со ’’титулата’’, да живееш со тоа. Ете пример, вам на сите ви оди умот во одмори, частења, куќи и коли и донации. Кај бе така се раководи со парите, шо живот е тоа...

Милионер не може секој да биде, па тоа не е само чепатење и кејфови, тоа е цела персоналити, карактер, стил на живот, умешност, наука на смислено раководење со пари, имиџ. :icon_bigg
Ќе ве пишува во весници- па не сте испаднале убаво на слика, секој чекор ќе ви го следат, никаква приватност, секоја ваша Парис-Хилтон- глупост ќе се раскажува по кафиња, роднини за кои не сте чуле многу ќе ве засакаат одеднаш, ќе се измачувате дал Диор фустан и Шанел шапка одат заедно, дечкото/девојката дал ви е на репрезентативно ниво, во ресторан ќе се уплеткате со по 5 лажици, ножеви и вилушки, нема веќе инкогнито швалерај...
Ај доста беше, ако пишманив сепак некој од милионериве, да пишам број од сметка од банка?