Добивате 10 милиони евра, како ќе ги потрошите?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сеа малце и јас да влезам во филмот 10 милиони евра МОИ....
Прво ја шетам буквално цела Европа за да си купам некоја куќичка на планина изолирана од светот(за рехабилитација:pos2: ).
Со одбрано друштво идам на ибица на едномесечен жур и на White Edition во Амстердам,и по некој концерт успат:helou:
Куќа на плажа,една добра кола,едно авионче,на сите блиски по некое евро за живот,една осигурителна компанија (онака за живот:kesa: ) и еден доктор ќе си купам до мене да си биде цело време:pos2:
И дефинитивно нови најубави домови,со стручни лица кои сакаат да го работат тоа,а не од што мораат,за децата без родители кај нас во Македонија,со стипендии за оние што ќе покажат солиден успех и стипендии за продолжување на факултет во земјата и странство за секој што ќе сака,како и за оние што навистина им се потребни средства за школување.
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
да се зафлимаме малку м?
па најпрво би шетала секаде низ светов..ако ги имам парите во зима одам најпрвин на некоја прекрасна снежна дестинација купувам кука и седам таму....посел ке изнакупам алишта скиопрема се најскапо и се разбира најубаво...ако идам во лето идам дубаи и се во најскапиот и се разбира најубавиот хотел со најубавата глетка одмарам уживам....сето ова ги носам секаде со мене моето друштво...бидејки без нив никаде не би ми било интересно!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хехе, 10 милиони евра... Уууу, колку ли само опции има...Се разбира дека најпрвин животот ќе си го средам како што треба, вклучувајќи и едно Ферари во гаражата, најверојатно 575М, неколку примерока на најразлични италијански возила стари секое околу 40-50 год, па исти такви германски неколку, француски исти такви...и обавезно една екс-советска Чајка. Отприлика и по еден примерок од се она што се возело по нашиве патишта од 19___незнам која до 1990, и се тоа заедно би го сочинувало мојот Музеј на моторизацијата на Македонија, каде секој примерок прио реставрацијата би поминал низ моите раце. Да не забораваме дека тука и мотори ќе има...
Ако остане нешто, арно од парите, ако не...пак арно, барем срцето ќе ми е полно.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Jas ke investiram:pos:
Prvo...ke otidam na Karibite zasto e preubavo...pa sleduva Las Vegas,a za ostatokot...ke vidam so ke praam,samo da gi dobijam tie 10 milioni evra:)
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
Одма отворам интернет клуб и наместо персонални компјутери лаптопови ставам и еден убав точак (маунт бајк) ќе си купам и остатокот за домови за деца без родители и нешо во инвестиции!
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
ViRuS напиша:
Одма отворам интернет клуб и наместо персонални компјутери лаптопови ставам и еден убав точак (маунт бајк) ќе си купам и остатокот за домови за деца без родители и нешо во инвестиции!
Извини што ќе ти ја споебам желбата, ама најлошо е да ставиш лаптоп во нет кафе...гејминг кафе...можноста за надградба е минимална во однос на персоналниот компјутер, да изгледа поубаво, ама не е практично.

Маунт Бајк...ако имаш 10 000 000 евра? 3000 евра еве да е тој ... ГТ да речеме...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.972
Поени од реакции
24.314
Една огромна куќа по мој ќејф на Водно.
Уште една иста на Ибица.
Еден Астон Мартин.
Со другите збирам друштво и ги фрлам на белосветски од Рејќавиќ до Велингтон клабинг.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
За дом за бездомници, за дом за улични кучиња и мачиња, за градинка за деца, за помош во гладните семејства ... ако остане нешто за мене, ќе си купам едноспратна куќарка и ќе си ја средам како од бајка да е излезена, која е пожелно да има дворче со базен. И така ...
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Со 10 000 000 евра, ќе станам газда...не ги трошам за луксуз. Ќе отворам компанија за софтвер, ќе ги соберам најдобрите информатичари од Македонија...нека ја вртат парата. Кај и да е, за 5-10 години тродупло ќе ги повратам
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.972
Поени од реакции
24.314
Дивајн напиша:
За дом за бездомници, за дом за улични кучиња и мачиња, за градинка за деца, за помош во гладните семејства ... ако остане нешто за мене, ќе си купам едноспратна куќарка и ќе си ја средам како од бајка да е излезена, која е пожелно да има дворче со базен. И така ...
:raz: :raz: хм само толку. Сори не ми делува за веродостоен одговорот да знам дека ќе ми вратиш нешто у стилом не ме знаеш итн ама луѓе сме а не Мајки Терези. Да ти ги донесат така на купче пред тебе...:helou:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Sussaro напиша:
:raz: :raz: хм само толку. Сори не ми делува за веродостоен одговорот да знам дека ќе ми вратиш нешто у стилом не ме знаеш итн ама луѓе сме а не Мајки Терези. Да ти ги донесат така на купче пред тебе...:helou:
Немам потреба да се правам Мајка Тереза пред тебе, а и пред никој друг. Си кажав што би направила со тие пари и криво ми е што не ми ги дава никој, а тебе ако не ти е јасен мојот став, тужи ме.:salut:
 

foxy roxy

~!@#$%^&*()_+
Член од
22 јуни 2006
Мислења
471
Поени од реакции
7
so 10 mil bi otisol na nekoj zapusten ostrov koj nikoj ne go znae deka postoi ke izgradam edna podzemna kuka (ako mozi da se reci kuka) so
sve vo nea od najnovo do ona sto do prva bi trebalo da se pronajdi.
Ke fklucam dogovor so nekoj NLO za krazba na najbogatite luge taka da ke stanam multimiljarder.Otkako ke stanam multimiljarder ke pustam eden svoj satelit vo vselenata so koj ke urivam avioni i preziveanite ke gi donesam vo mojot ostrov i taka ke gi viknam lugeto od LOST da snimat prodolzenie na serijata samo sto sega se ke bide realno.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Па.... би го купил најјакиот компјутер, кој е на располагање во македонскиот пазар. После, би изградил една куќа, или би купил стан блиску Апиано Гентиле. :)
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
10 милиони а? Хух .... ај вака .. најпрво би го прошетала светов, на моите дома и на брат ми би им купила по едно солидно станче (куќа) зависи кој што сака, би си купила и за мене едно станче ... 100тина квадрати доста ми е, нормално би ги опремила сите, еден стан одвишок ќе земам за издавање или за црни денови .. ватевер .. а остаткот од парите ке го поделам на два дела, едниот ќе оди во хуманитарни цели а другиот ќе оди за медицински истражувања како што се лек против сида, рак итн ... кусур сигурно нема да ми остане ама доволно е и олку :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom