Доберман

L

Lu

Гостин
- Доберманот припаѓа на FCI 2 групата.
Матична земја на Доберманот е Германија.
Основач на оваа раса е Karl Fridrih Luis Doberman ... по кого оваа раса го носи името Доберман.

- Висината на мажјаците е 68 - 72 цм, а висината на женките е 64 - 68 цм.
Тежината на мажјаците е околу 45 - 50 килограми, а тежината на женките е околу 40 килограми.
Влакното е кратко.
Доберманот е признат во црна и кафеава боја.

- Доберманот е посебно омилен поради непоткупливоста и вероста кон својот сопственик.
Многу е внимателен и претпазлив, и работата на куче чувар и заштитник на семејството ја сваќа многу сериозно.

- Доберманот е куче со многу голема интелегенција, се наоѓа помеѓу 10_те најинтелегентни раси, многу брзо учи и сваќа.
Многу е темпераментен, и потребно му е многу движење и трчање за да си ја потроши енергијата.

- Доберманот не е куче за секого, и неможе секој да го чува.
Потребна му е цврста рака и доследен водач.









 
L

Lu

Гостин
Кога ќе имам повеќе слободно време ќе го искуцам текстот за создавањето на расата Доберман :)
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Кој чувал - знае!

Паметно, грациозно и многу агилно куче ... и да сакаш повеќе неможеш да имаш од куче.
Само кај нас сеуште владеат стереотипите дека се агресивни, дека кога ќе остарат ќе го изедат сопственикот и ред други работи. А уствари се е како ќе го научиш, а многу брзо учат.

Е сеа единствено што треба е зимно време да биде на потопло мада немав проблем со тоа си отварше врата од дома на влагање, научи да ја затвара на искачање малце потешко му одеше обратно му доаѓаше, па едно јаже врзавме и немавме проблем, си беше внатре зимно време, а летоска и да сакаш неможе да го внесеш :)
 
L

Lu

Гостин
Кој сака да дознае нешто повеќе за Доберманите, нека ги погледне двата клипа, во нив се' е убаво објаснето.

Гостини во емисијата се Зоран Ивановски - сопственик на одгледувачницата Kaiserkraft (мојата Доберманка е од оваа одгледувачница) и Саше Стојановски - дресер на кучиња.

Црниот мажјак Adam Kaiser и е дедо на мојата Доберманка :)

Уживајте ... и дознајте се' за оваа прекрасна раса :)

Прв дел:

Втор дел:
 
L

Lu

Гостин
Сопственици и љубители на расата Доберман, јас како член на управниот одбор на Доберман Клубот на Република Македонија, со голема чест и задоволство сакам да ве известам за новостите во нашиот Доберман Клуб:

Почитувани,
Ве известуваме дека од 28.01.2013 до 31.12.2013 година, документацијата за изработување родовници од расата Доберман ќе мора да се изготвува преку Македонскиот клуб за Доберман. Оваа одлука е согласно одлуката на Извршниот одбор на КСМ за плаќање годишна членарина од страна на клубовите за само една раса. Одлуката се однесува на тоа дека доколку расовиот клуб (само за една раса) ја подмири членарината кон КСМ за 2013 година во износ од 6.000,00 денари, изработката на родовници за таа раса ќе биде исклучиво преку соодветниот клуб.
Македонскиот клуб за Доберман ја подмири членарината за 2013 година, па согласно тоа, документацијата за изработка на родовници за расата Доберман во 2013 година ќе се врши исклучиво преку клубот за Доберман.

Директен линк од страната на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија:
http://ksm.org.mk/810/објави/изработка-на-родовници-од-расата-добе/

Ова за нас претставува голем чекор во усовршувањето и зголемувањето на квалитетот на расата Доберман.
Отсега родовниците (педигрето) ќе ги издава Доберман Клубот, и ќе вршиме контрола врз парењето и ќе правиме селекција и планирани легла, се' со цел да добиеме поквалитетни примероци.

Исто така сакам да ве информирам дека секој сопственик и љубител на расата Доберман може да се зачлени во Доберман Клубот на Република Македонија.

Со зачленувањето во Доберман Клубот ќе може да се стекнете со искуство и знаење пренесено од најискусните Доберманџии во Македонија.

Исто така членовите на управниот одбор на Доберман Клубот ќе одржиме состанок, во кој што ќе се договориме за термините и деновите во кои што ќе правиме обука на Доберманите.

Во обуката на Доберманите примарна цел ни е да ги усовршиме техниките на „Напад и Одбрана“ и сите команди што се поврзани со послушност.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.851
Поени од реакции
2.408
Аирлија работа! Се надевам дека ќе се стави каква таква контрола на парењата пред се, а потоа ке се допринесе и за унапредување на расата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
L

Lu

Гостин
Од овој викенд, сабота (02.02.2013) официјално почнуваме со обука на Доберманите.

Сите сопственици и љубители на расата Доберман, и сите што се заинтересирани, ги поканувам да дојдат овој викенд во 12 часот во градскиот парк (втор дел) поточно во близина на кафаната Балканика, таму ќе се собереме сите Доберманџии, и секој што е заинтересиран нека повели :)

ФБ групата на Доберман Клубот
http://www.facebook.com/groups/95944841406/10151446677756407/?notif_t=group_activity
 
Член од
13 февруари 2013
Мислења
12
Поени од реакции
15
3.JPG
6.JPG
aron27.JPG

Еве го мојот доберман ... тежок е одприлика 40 - 45 кг, висок 70 цм ... има 10 ипол месеци.
Па да ми предложите некоја исхрана и можеби некои витамини за кучево :)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.591
Поени од реакции
924
Прегледај го приврзокот 58177
Прегледај го приврзокот 58179
Прегледај го приврзокот 58178

Еве го мојот доберман ... тежок е одприлика 40 - 45 кг, висок 70 цм ... има 10 ипол месеци.
Па да ми предложите некоја исхрана и можеби некои витамини за кучево :)
Аххх, прекрасна боја. Најмногу ми се допаѓаат кафеавите добермани.
Од кај го зеде и колку пари ?
Мора и јас да чувам некогаш доберман!
Инаку за исхрана, од Royal Canin подобра нема, мислам дека имаат магацинче долу во Рамстор. И да, поскапа е ... повеќе од обичната храна. Позз
 
На врв Bottom