Сопственици и љубители на расата Доберман, јас како член на управниот одбор на Доберман Клубот на Република Македонија, со голема чест и задоволство сакам да ве известам за новостите во нашиот Доберман Клуб:
Почитувани,
Ве известуваме дека од 28.01.2013 до 31.12.2013 година, документацијата за изработување родовници од расата Доберман ќе мора да се изготвува преку Македонскиот клуб за Доберман. Оваа одлука е согласно одлуката на Извршниот одбор на КСМ за плаќање годишна членарина од страна на клубовите за само една раса. Одлуката се однесува на тоа дека доколку расовиот клуб (само за една раса) ја подмири членарината кон КСМ за 2013 година во износ од 6.000,00 денари, изработката на родовници за таа раса ќе биде исклучиво преку соодветниот клуб.
Македонскиот клуб за Доберман ја подмири членарината за 2013 година, па согласно тоа, документацијата за изработка на родовници за расата Доберман во 2013 година ќе се врши исклучиво преку клубот за Доберман.
Директен линк од страната на Кинолошкиот сојуз на Република Македонија:
http://ksm.org.mk/810/објави/изработка-на-родовници-од-расата-добе/
Ова за нас претставува голем чекор во усовршувањето и зголемувањето на квалитетот на расата Доберман.
Отсега родовниците (педигрето) ќе ги издава Доберман Клубот, и ќе вршиме контрола врз парењето и ќе правиме селекција и планирани легла, се' со цел да добиеме поквалитетни примероци.
Исто така сакам да ве информирам дека секој сопственик и љубител на расата Доберман може да се зачлени во Доберман Клубот на Република Македонија.
Со зачленувањето во Доберман Клубот ќе може да се стекнете со искуство и знаење пренесено од најискусните Доберманџии во Македонија.
Исто така членовите на управниот одбор на Доберман Клубот ќе одржиме состанок, во кој што ќе се договориме за термините и деновите во кои што ќе правиме обука на Доберманите.
Во обуката на Доберманите примарна цел ни е да ги усовршиме техниките на „Напад и Одбрана“ и сите команди што се поврзани со послушност.