Дискусија околу Полицијата

Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Имате двојни стандарди ете таму си грешка.
Не може да апсите средношколци и да оцрнувате фамилии,да им отварате досие за пушење трева или препродавање,а има еден случај добро познат за мене каде е уапсено дете кое било само во друштво на дилер.
Му се товари дека и и он препродавал.
А додека од друга страна во одредени делови не смеете да писнете,веќе ти набројаа погоре членови,да не се повторувам.

Имам пишувано на оваа тема исто моја случка каде бев казнет за непримерно однесување само затоа што сум седел со нозете на клупа(немаше да ме казнат да си преќутев кога ме опоменаа но тоа што им го кажав ги погоди)
Знам ќе кажеш дека сум виновен и јас признав дека сум виновен,и ако останатите проблеми ги решеле без проблем би ја платил казната и друг пат нема да ми текне да направам ни таков минимален прекршок.

Но не може група од 6 џандари да прави контрола во парк и да казнува деца шо седат на клупа а да не смее да влезе во ромски населби каде што се краде или да ги заштите граѓаните од кои зема паеи во оние населби каде што со години се вршат кражби.
Само заради ова што го пишувам добив казна зошто не знае што да ми одговорат и во случајов како ти се бранеа на овој начин.
Како што реков и погоре, никој не може да те казни за џабе. Почитувај го законот немаш проблем многу лесно е.
Мешате баби и жаби ви зборував за сообраќај излеговте кај јавен ред и мир.
Да ние за џабе им отвараме на луѓето досие, ќе ни текне и оп имаш досие (y)
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.741
Како што реков и погоре, никој не може да те казни за џабе. Почитувај го законот немаш проблем многу лесно е.
Мешате баби и жаби ви зборував за сообраќај излеговте кај јавен ред и мир.
Да ние за џабе им отвараме на луѓето досие, ќе ни текне и оп имаш досие (y)
И за сообраќај е исто.
Ти дадоа погоре примери.
Кој закон да го почитувам ајде кажи.
Друарче мое стана полицаец,градско дете стана полицаец пред година дена и сега првиот меец не испишал доволно казни,за да биде опоменат да не му се случува ова повеќе.
Наредниот месец пишувал казни безвезе но пак не успеал да ја пополни таа квота која морало да се има,но среќа негова што има јаки врски па побарал да биде преместен во канцеларија,затоа што не е таков као 90% од џандарите кои би пишувале казни чисто онака,поради омраза кон некој,кола со регистрација од Скопје или пак обратно,регистрација од внатрешноста итн.

Еве ти бонус случка од негов постар колега во тие 2 месеца кои ги работел на улица.
Седат во кафанче двајцата и иде еден камионџија кој се враќа од работа и седнал да испие едно пиво.Го познава стариот колега и ајде решава да ги почасти по еден сок.Направиле некој краток муабет,слична генерација и се знаеле онака.
По некое време двајцата стануваат да и застануваат со колата на некој 200 метри од кафаната.Станува и овој шо ги почастил сок и испил 2,3 пива.
Постариов колега му дига палка и го запира камионџијава за да дува,дали има нешто пиено.Другарчево го фатило срам иако не го познавал човекот.Ова кажува какви се 90% од џандарите.
Настрана тоа што после пензија наоѓате некоја работа и таму каде што влегувате сте први кодоши.
 
Член од
25 јуни 2017
Мислења
50
Поени од реакции
123
Лелее, е некој да ми кажел дека постои човек што олку си ја брани професијата, стварно немаше да поверувам. Па да речеш некоја професија која стварно ти треба мозок, ајде де... он џандар. :D

Друже зошто тогаш ве нема во Сарај, Батинци, Чаир, Битпазар (како што пиша членот претходно) да казнувате стварно некој што прави незаконско дело, ги имаш милион дешавки таму.

Немој да солиш памет за закони само те молам, затоа што кога ќе сопрете некој што направил прекршок, ќе ви цмизне абе слушај имам роднина во полиција да не се натегаме да ја правиме работава на големо дај без казна да поминеме, и така одма како попчиња си ги пуштате. А другиве без врски шибај казната. Браос
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
И за сообраќај е исто.
Ти дадоа погоре примери.
Кој закон да го почитувам ајде кажи.
Друарче мое стана полицаец,градско дете стана полицаец пред година дена и сега првиот меец не испишал доволно казни,за да биде опоменат да не му се случува ова повеќе.
Наредниот месец пишувал казни безвезе но пак не успеал да ја пополни таа квота која морало да се има,но среќа негова што има јаки врски па побарал да биде преместен во канцеларија,затоа што не е таков као 90% од џандарите кои би пишувале казни чисто онака,поради омраза кон некој,кола со регистрација од Скопје или пак обратно,регистрација од внатрешноста итн.

Еве ти бонус случка од негов постар колега во тие 2 месеца кои ги работел на улица.
Седат во кафанче двајцата и иде еден камионџија кој се враќа од работа и седнал да испие едно пиво.Го познава стариот колега и ајде решава да ги почасти по еден сок.Направиле некој краток муабет,слична генерација и се знаеле онака.
По некое време двајцата стануваат да и застануваат со колата на некој 200 метри од кафаната.Станува и овој шо ги почастил сок и испил 2,3 пива.
Постариов колега му дига палка и го запира камионџијава за да дува,дали има нешто пиено.Другарчево го фатило срам иако не го познавал човекот.Ова кажува какви се 90% од џандарите.
Настрана тоа што после пензија наоѓате некоја работа и таму каде што влегувате сте први кодоши.
Сличен ваков случај.Седат на иста маса со луѓе на слава, не фала јас не пијам.Заминал во меѓувреме, почнал на работа ноќна смена, а гостите почнале да си одат.И ете го братот пред куќа со палката.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.248
Поени од реакции
1.752
Бла бла бла ...
Еве ти пак:
Ниеден полицаец не може да те казни за џабеее.
Правиш прекршок и те казнува, џабе спонмувате квоти и такви глупости од муабети шти ги имате слушано низ град, неисправни колку сакаш има низ град особено ваквите како тебе што се прават дека све знаат а уствари врска немаат. Казни безвезе офоф :facepalm: што казна е тоа ?
Автоматски споено мислење:

Сличен ваков случај.Седат на иста маса со луѓе на слава, не фала јас не пијам.Заминал во меѓувреме, почнал на работа ноќна смена, а гостите почнале да си одат.И ете го братот пред куќа со палката.
Оправдуваш возење под дејство на алкохол ?
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Не сфаќам зошто сите му се фрливте него и зошто генерализирате? И каква врска има со законите, кога Полицијата само го принудува законот (нормално мора да го знај, ама неможи ништо да напрај за нив)? - Сите знајме дека имаме лом закони.

Не е проблемот само во Полицијата, туку цела држава ни е таква (менталитетот). Не гледаме подалеку од пред нозе. Пред некој ден читав на фб еден пост - Амбулантно возило од Кичево наишло на собраќајка, па не ни застанало, пошто демек не е нивен реон на интервенција. Добро, како немаат совест за работата шо ја работат?

Не е се до тој полициски правилник - се знај која е функцијата на полицаец. Искрено незнам ни како ги примаат повеќето во полиција, кога пола членови немаат никаков интерес за вршење на должноста, само се маткаат низ град како шерифи. Па и згора на тоа, тие истите се лош пример во општеството ко ќе не се на должност.

Во врска со овие регуларни контроли кои ги прават, до негде се практични до негде не. Пр. во малите градови треба да се отепаш од кружење за да увидиш грешки во собраќајот. Во останатите држави користат запирање со ротациони светли при увдена грешка во собраќајот, ама нормално на поголема површина со поголем број на жители и фрекфенција на патиштата. Али неможам да ја разберам логиката на таква контрола на автопат? Па добро, мислат малце со глата? Друго, инфраструктурата на 60 % од патиштата е неосветлена, ништо не се гледа, ни елекот нивни ни ништо. Дефинитивно треба да користат некоја додатна опрема за означување, дали летрик или нешто...
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Не сфаќам зошто сите му се фрливте него и зошто генерализирате?
Па, ако сите сме имале горе-долу слично искуство со нашиве џандари не е баш генерализирање.

се знај која е функцијата на полицаец
Точно, а тоа е превенција и заштита. Проблемот е што кај нас нивната функција е пишување казни.
 
Член од
23 ноември 2016
Мислења
104
Поени од реакции
45
Па, ако сите сме имале горе-долу слично искуство со нашиве џандари не е баш генерализирање.

Точно, а тоа е превенција и заштита. Проблемот е што кај нас нивната функција е пишување казни.
Гледаш? Значи проблемот не се сведува само на обичен полицаец, туку старешини, команданти и како оди тоа нагоре =)).
Вчера баш имаше полициско возило со старешина, па не му се чекаше (пред него имаше 2 автомобили кои чекаа пешаците да поминат на пешачки) и почна со таа сирената. Ваљда сакаше да летаме преку луѓе.
Треба од корен да се среди полицијата кај нас и то е то и плус ставање на камери (ако не ништо друго барем dashcam). Наместо да се ставаат во функција на чин кој треба да врши превенција и заштита на општеството, баш обратното го прават.
 
Све је труло у држави Данској.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Оправдуваш возење под дејство на алкохол ?
Не.Ама на роднини и пријатели од слава да ги гњавиш...свака част на принципиелност:нинџ:Ете во сите наши места па дури и Скопје се наоѓаат такви примери, па тешко е да казниш, а да не си створиш "проблем" со близок.

Добар систем бил тој порано кпга од Пехчево ги пуштале во Струга или од Гевгелија во Куманово на служба, па после некое време на трето место.Колку толку намален тој "пријателски" проблем.

Патем, пример - во мојот град подолг период е активна една дискотека и носат од овие "ѕвездиве" од северниов ни сосед.Никогаш во последниве неколку години не сум видел патрола за преглед, не дај боже со дрегери.А тука и неретко имаме сообраќајки дека до 4-5 работат (залепена е до непрегледна раскрсница со семафори кои се на жолто трепкање од кога се наместени, па имаме летање со 80-100 тука) која мајка изгубила дете таму е. Ама ете патрола за чудо години не застанала, само поминувале покрај.

Случај од пред некој ден, пајакот спремен за кревање Ситроен паркиран скоро на сред раскрсница (непрегледна), зад него Југо.И Југото не беше баш прописно, на тротоар пола - како и цела редица зад него, ама јебига ние креваме со пајак, а паркинг ни за лек кај новиве згради.И сообраќаецов на екипата од пајакот: Крени го Југото, Југото крени го.Баш од сите коли.
Двојни аршини!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Да не испадне ги правдам беспредметно затоа што се како и докторите, клучни за заштита и безбедност (па затоа тие 2 професии се највише на удар на јавност), вака па негде и полошо функционираат најголем дел државни, посебно локални институции. Со месеци молиме, се јавуваме, некои од нас отидоа и до општина да стават една блади сијалица од шо знам 150-300 денари, во суштина две...и бандерата до нашата е прегорена. Ништо од бизнисот. Па луѓе одат со запален мобилен да не се отепаат од некоја дупка, која патем за еве 4та година никој не ги закрпил, во улица каде не сум видел комуналци со метли, него само камионче кое собирајќи отпад, испушта течност која потоа мириса на утроклек.
Така да...да повторам, секогаш се на удар први оние кои треба да пружат здравје и безбедност односно клучни услуги.
Али пошто темава е за полиција генерално, а не за нашите не-институции, нема ни да зуцнам за тоа како повеќето се само проформе институции.

Впрочем и јас ги критикувам.

Но ај да се запрашаме во темава, дали и ние сме совесни и свесни како што тоа го бараме од овие служби? Ако нема полиција, не сите но добар дел, забораваме на жмигавци, предност, фер однос во сообраќај, безбедност на растојание, непочитување жолто, аљкавост со гуми, системи за кочење, сигнални светла итн итн...? Да си признаеме малку, дали и ние би стоеле цел ден лупајќи казни и расправајќи се со секакви будали, притоа не знаејќи која од нив има врски кај началникот...или ќе направиме тура казни и ќе си се прибереме на топло? Колку од нас (не на форумов, воопшто) не користат мобилен или не пушат додека возат, не зборат со мобилен на пешачки како пешаци учесници во сообраќај...
да не должам, полицајците како и во друга тема функционерите се ист ментален склоп како повеќето од нас. Еј зашто краде функционерон...ами ти да си нема да макнеш од медот.

Знам дека е сосем спротивен пост од оној претходниот (можев да одберам и позитивни искуства), но треба малку да се погледнеме и во огледало и да си се прашаме-што би праел на негово место, контра колегите евентуално...и до кога. Па и ја би бил незаинтересиран за некоја незгода или проблем или не би се легитимирал ако нема кој да ме подбере од шефовите. Или кој да ме заштити од последици. Секој си го гледа лебот.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.367
Поени од реакции
19.930

Воопшто не се сложувам. Промените треба да почнат од нас самите, ова што го кажа го гледам како оправдување на целиот гноен систем и менталитет и бесрамно генерализирање на сите нас тука во дискусијава.

Замени ја професијата полицаец со било која друга и го добиваш истото, зошто џандаров не апси по Чаир? Си го гледа лебот. Зошто докторов не се замара со пациентов со 60 години? Си го гледа лебот. Зошто инспекторов не стави катанец на продавницава што е без никаква лиценца? Си го гледа лебот. Ад инфинитум.

На крајот од денот ако не ти се допаѓа тоа што го правиш, не го прави, дај отказ и најди се во друга позиција или пак исели се, сега е барем лесно. Но да ми кажуваш дека треба да прифатам корумпирани полицајци, неспособни бирократи, необразовани професори - апсолутно не.

Затоа и дојдовме до оваа ситуација.

Последно уредено:
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Нејќам да ме замара некој без потреба бе а и не само мене, никој што почитува правила не е должен да го запирате без потреба или без причина, тоа ли е тешко да се сфати? Зошто само во Македонија замараат полицајци а во други држави не? Ни се претставува, ни значка покажува, одма ајде документи, ако се е по пропис одма каде работиш и што работиш...? Тоа не верувам баш дека спаѓа под секојдневна работа или под job description. Затоа ми е ептен мерак кога ќе сопрете адвокат или правник што го знае законот повеќе од вас и го виткате опашот.

Зошто да ме запира кога имам штопови, таблички, налепници, вињети, возам со нормална брзина, не шантрам лево десно и слично? Да била колава или слична на неа дел од некој грабеж, киднапирање дента па да сфати човек.

Да не се лажеме, ниту ви е дојдено до намалување на опасноста по улиците ниту до намалување на бројот на сообраќајки, да беше до тоа, ќе паркиравте едно Јети кај Батинци, едно Јети кај Мавровка, едно кај Сарај.

Не можете да се однесувате како газди зошто како што тргнало со иселување, ќе мора самите себеси да си се рекетирате, сите тоа ти го цртаат во темава.
Кога не разбираш незнам зошто у опште пишуваш. Тоа е како сега ја да почнам да зборам за хирургија и да кењам без везе. Не може така, несакам да ме замара, тој е должен тоа да го работи.
Што ако ти немаш возачка дозвола и возиш автомобил на родителите, и направиш сообраќајка, или не ти е колата регистрирана. Што ако немаш заменето летни со зимски гуми, и го загрозуваш сообраќајот и воопшто животот на луѓето со тоа што нема да можеш да закочиш со летни гуми на зима и предизвикаш несреќа.Што ако некој тинејџер без возачка те удри на пешачки.
Може и од двете ленти да застануваат исто времено, нема врска од каде е паркирана колата, тоа што адвокатот ги издриблал било нивна гршка, односно не биле доволно едуцирани за да ја вршат работата правилно. Затоа и казните треба да бидат уште повисоки и по ригорозни, а не да се намалуваат!

Друга работа, немој многу да кажуваш кој каде требало да застане, бидејќи има полицајци кои не само во битпазар и чаир, вршат операции и во мала речица и арачиново, и бандитите од таму серат низ ногавици кога се движат у град. Никој не е над државата , не заборавај. За твоја информација андер кавери има, не бери гајле, у разни сектори се вршат разни задачи ;) .

И дај доста со тоа нагласување дека си возела у странство, незнаеш кој стои зад никот и кој кај бил. Како што си администратор тука и воведуеш ред, така се и џандарите.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Кога не разбираш незнам зошто у опште пишуваш. Тоа е како сега ја да почнам да зборам за хирургија и да кењам без везе.
Што ако ти немаш возачка дозвола и возиш автомобил на родителите, и направиш сообраќајка, или не ти е колата регистрирана. Што ако немаш заменето летни со зимски гуми, и го загрозуваш сообраќајот и воопшто животот на луѓето со тоа што нема да можеш да закочиш со летни гуми на зима и предизвикаш несреќа. Може и од двете ленти да застануваат исто времено, нема врска од каде е паркирана колата, тоа што адвокатот ги издриблал било нивна гршка, односно не биле доволно едуцирани за да ја вршат работата правилно.

Друга работа, немој многу да кажуваш кој каде требало да застане, бидејќи има полицајци кои не само во битпазар и чаир, вршат операции и во мала речица и арачиново, и бандитите од таму серат низ ногавици кога се движат у град. Никој не е над државата , не заборавај. За твоја информација андер кавери има, не бери гајле, у разни сектори се вршат разни задачи ;) .

И дај доста со тоа нагласување дека си возела у странство, незнаеш кој стои зад никот и кој кај бил. Како што си администратор тука и воведуеш ред, така се и џандарите.
Ја како прво не возам во странство туку живеам во странство и за 2-3 години само еднаш ме има запрено полиција и тоа со причина, а и не сум само јас, на темава има минимум тројца такви што ви го дробат истото. Живеам во град со 3 и пол сообраќајки годишно каде што полиција по улици да дреми со палка не можеш да најдеш ни за лек, така што од старт филмовите за некаква си пожртвуваност ви паѓаат во вода.

За дрогава и као некој во Арачиново се тресел од вас, гледам, се дупнавте од ловење криминалци, бело може да се најде во СК полесно него марула на пазар.

Опрајте си ги станиците за регистрирање возила, нека не проаѓаат на технички во Сарај со доза частење коли и камиони кои е чудесија како движат па после запирајте. Ова вашево што ако направиш сообраќајка со неисправно возило со слаби кочници пример е превентивна контрола која што треба да ја има на технички а не по улици да се замара народ беспотребно.

Туку ајде ве исповработиле таму на кило па ќе оправате сега по форуми, се надевам само дека ќе се сменат работите и дека ќе научите дека треба да му служите на народот како во Европа а не да изигравате инкасатори.
 
Сори али не сум Џандар, Computer Engineer сум. Тука престануем ти се знаеш, коефициентот на интелегенција ти е на ниво на собна температура.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom