Tи навистина да имаше слух за потребите на жените, не би се фатил за посланијата на Тимотеј и за стиховите што не ги разбираш, туку би се запрашал зошто (зборуваме само за Македонија):
- жените немаат речиси никаков механизам и заштита од државата да се одбранат од семејно насилство
- самохраните мајки тешко добиваат алиментација или не ја добиваат воопшто
- многу жени поради децата приморани се да работат неосигурани, со ниска и понижувачка плата, згора на тоа и прекувремено и за време на викенди и празници
- има голем недостиг од прекупотребните градинки, на сметка на крајно непотребните и неколкукратно преплатени споменици
- жените немаат неприкосновено право на одбрана на животот, телото, семејството и домот од страна на насилници, разбојници, крадци и други деликвентни
- јавните установи, трговски центри, фабрики имаат иста големина на женски и машки вецеа; така ако машко веце има три кабини и женското има три кабини, настрана што машкото има и три писоари, а мажите ниту се шминкат, ниту се пудрат, па така нивниот проток низ овие простории е многу побрз
- женските облеки и обувки од потполно ист материјал и квалитет се поскапи од машките, а неретко и далеку понеквалитетна женска гардероба е поскапа од машката
- бомбардирани се од медиумите со идеали на женската лепота кои промовираат нездрава и штетна неухранетост како Твиги, Џејн Фонда, Кејт Мос и сл.
- не постои такси наменето само за жените
Jaви се кога овие неправди ќе бидат исправени кон жените, а не да ги подлажуваш со лижавче.
За останатото, да ги прашаме жените што мислат. Ping
@katinakatalina.