Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
23 август 2024
Мислења
468
Поени од реакции
1.007
@Trcajlazi дали си милитантен атеист и зошто? :)
Не знам, не сум размислувал за тоа на тој начин. Во принцип не сум агресивен лик, овие муабетите со Хептаграм повеќе за забава ги правам. Сакам да ги провоцирам луѓето, само така има интересна дискусија. Во принцип мислам дека секој треба да си верува во што сака, но некои од верувањата се толку нелогични и смешни, што не се издржува.

Таа темата за окултното е чиста апофенија, секој наоѓа смисла и облици како и каде сака.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.237
Поени од реакции
30.474
Некомплетни се и едните и другите, источните се насочени кон медитација а христијанството на молитва. Без двете нема двонасочна комуникација со Бог или кажи го како сакаш.
што е разликата помеѓу медитација и молитва?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.054
Поени од реакции
5.239
IMO, црвеното не само што не ти е точно, туку е и богохулие
О кеј , штом така велиш...
Автоматски споено мислење:

што е разликата помеѓу медитација и молитва?
Медитацијата означува „процес„ на спојување на човекот/медитаторот со „она„ во кое медитаторот верува дека е „виша„ сила„ и кон која се стреми.

Молитвата е „разговор со Бога„, каде верникот се обраќа до Бог по одредена „тема за разговор„. Затоа и постојат молитви, зависно од потребите и намерите од верните.
 
Последно уредено:
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Христијанството е комплетна религија, од психолошки аспект и од социјален аспект, и од духовен аспект.
Источните религии се премногу индивидуалистички, џабе се сите тие мантри кога некогаш ти треба разговор и совет и укор.
Човекот е социјална единка, потребена му е социјализација во животот.
Можеш ли да бидеш поспецифичен за која источна религија зборуваш конкретно? Бидејќи има повеќе, зороастризам, хиндуизам, сики, будизам, таоизам, шинтоизам, и сите се различни и ги немаат сите работи што ги наброја. Би кажала дека некои од овие не се ни религии, бидејќи немаат Бог, туку се само филозофии.
Будизмот, Хиндуизмот и Таоизмот ќе ги земам како пример.
Според мене лично, овие три религии се милион светлосни години понапредни од мејнстрим Христијанството и во практика и во философијата.
Околу праксите Хептаграм или Ингвар може да напишат нешто повеќе како поупатени.
Едино нешто што признавам во Христијанството е мистицизмот кој го практикувале аскетите.
Ако вистински сакаш да се издигнеш духовно мораш да се изолираш од светот барем на одреден период.
Не дека целосно ги оправдувам, ама они барем вистински се жртвувале за Бог и многу поинтензивно ја чувствувале духовната екстаза од мејнстрим Христијаните кои биле дел од системот.
Кај аскетите лично, после одреден период на константна молитва и тишина, хемијата во мозокот толку многу се изменила што перцепцијата за Бог се разликувала 360 степени од обичните Христијани.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Медитацијата означува „процес„ на спојување на човекот/медитаторот со „она„ во кое медитаторот верува дека е „виша„ сила„ и кон која се стреми.
Медитацијата е уствари техника, медитирање е процес у кој целата фора е да се изолира посматрачот од она што го набљудува.
Постојат повеќе техники, една е на пример посматрање на дишењето, Буда ја користел, vipassana се вика техниката. Посматрај го дишењето на дијафрагма и пробај да не се приврзуваш на ни една мисла и емоција.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.054
Поени од реакции
5.239
Медитацијата е уствари техника, медитирање е процес у кој целата фора е да се изолира посматрачот од она што го набљудува.
Постојат повеќе техники, една е на пример посматрање на дишењето, Буда ја користел, vipassana се вика техниката. Посматрај го дишењето на дијафрагма и пробај да не се приврзуваш на ни една мисла и емоција.
Медитацијата има своја техника, неспорно, ама муабетот е-која е целта од таа техника? Што треба да постигне медитаторот, користејќи ја техниката на медитирање, која не може да биде цел сама за себе...
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.651
Не напиша ништо конкретно, а што би одговарало на моето прашање. Хепта многу пишува, ништо не кажува...
Автоматски споено мислење:

Христијанството и Исламот немаат ништо заедничко, така да не ги „турај у ист кош„.

Верата Христова пак, е безвременска и е иста и неменлива, небитно во кое историско време живееме. Верата Христова е наменета за вечноста, не за минливоста...
Не мора да ти ја опишувам разликата помеѓу источноазијатските религии и мејнстрим Христијанството.
Доволно е да се направи споредба помеѓу Христијанскиот мистицизам и обичното профано мејнстрим Христијанство.
Толку огромна разлика има, едноставно е неспоредливо .

И да знаеш едно нешто за да нема забуна.
Мене не ми пречи Христијанството.Самото Христијанство мислам дека е погрешно интерпретирано и текстовите се подложни на корупција низ текот на вековите наназад.
Оноа кое ми пречи е лицемерноста, занесеноста и суптилната мегаломанија на обичниот профан Христијанин.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Медитацијата има своја техника, неспорно, ама муабетот е-која е целта од таа техника? Што треба да постигне медитаторот, користејќи ја техниката на медитирање, која не може да биде цел сама за себе...
Целта е да прекинат мислите, цело појмање на светов да го правиш невербално.
Автоматски споено мислење:

Имаше еден ремикс Роџер Санчез, и нешто идеше у стилу: the children gonna save us all. Децата се нашиот спас, целиот тој потенцијал ако изумре нереализиран е голема штета. За нас што сме виделе нешто од нешто мање више и не е некоја штета да не снема.
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.237
Поени од реакции
30.474
Будизмот, Хиндуизмот и Таоизмот ќе ги земам како пример.
Будизмот и Таоизмот не се религии, повеќе се филозофии, значи ќе разговараме за Хиндуизмот.

Според мене лично, овие три религии се милион светлосни години понапредни од мејнстрим Христијанството и во практика и во философијата.
Хиндуизмот е најзаостаната религија што постои на планетава.
Друга религија со касти во кои си заробен до крајот на животот нема. Кастите се она што ја прават Индија една од најзаостантите земји во поглед на човекови права.
Како функционира ова - ако си во најниската каста роден, колку и да работиш и да си паметен и талентиран, никогаш нема да можеш да бидеш во иста просторија со оние со повисока каста од тебе, и ќе бидеш сметан за подоле од стаорец.
Кога спомнавме веќе стаорци, добро е познато дека тие се божество, и луѓето јадат и спијат со нив. А кравите пак, се најсвето животно, и хиндусите им ја пијат мочката и се мијат со неа. Дури имаат фестивал каде што се валкаат во измет од крава "за здравје и благослов". Ова е идолатизам од најлош можен пример.

Ништо од ова нема никогаш да ме увери дека е подобра религија од Христијанството, па дури и Исламот.

Кај аскетите лично, после одреден период на константна молитва и тишина, хемијата во мозокот толку многу се изменила што перцепцијата за Бог се разликувала 360 степени од обичните Христијани.
Го имаш истово и во Христијанство. Не можам да разберам каде поточно имаш проблем. Посети го Лесново, ќе видиш во пештерите како живееле изолирани монасите во пост и молитва со години.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.230
Поени од реакции
12.216
Будизмот и Таоизмот не се религии, повеќе се филозофии, значи ќе разговараме за Хиндуизмот.
Хиндуизмот е најзаостаната религија што постои на планетава.
Друга религија со касти во кои си заробен до крајот на животот нема. Кастите се она што ја прават Индија една од најзаостантите земји во поглед на човекови права.
Како функционира ова - ако си во најниската каста роден, колку и да работиш и да си паметен и талентиран, никогаш нема да можеш да бидеш во иста просторија со оние со повисока каста од тебе, и ќе бидеш сметан за подоле од стаорец.
Бидејќи не разбирате што значи карма. За западниот човек карма значи сега тука ќе се поправи човекот и готово ќе му биде најдобро...
Вие во другите религиите гледате само зло и негативности бидејќи така сте учени... не читате свети текстови и пракси од туѓи учења, вие се обидувате да го најдете најлошото кај другите за да вашети биде бомбона :)

Карма сестро... затоа е во таа каста кај што е... но вие не верувате во карма, немате искуство како што имаат тие од истокот...
Западниот човек е мек за овие нешта и не трпи страдања, затоа верува во сешто, а практикува ништо!
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.955
Поени од реакции
12.566

Искрено, јас појма немам што е карма, од каде потекнува таа идеја, врз кои принципи се заснова што претставува, и како функционира. Бескрајно ќе бидам благодарен ако имаш време и волја тоа да ми го разјасниш, ама онака, едноставно, како на дете. Сите ќе имаме бенефит од твоето несебично споделување на таа интересна, апстрактна теза.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.237
Поени од реакции
30.474
Бидејќи не разбирате што значи карма. За западниот човек карма значи сега тука ќе се поправи човекот и готово ќе му биде најдобро...
Вие во другите религиите гледате само зло и негативности бидејќи така сте учени... не читате свети текстови и пракси од туѓи учења, вие се обидувате да го најдете најлошото кај другите за да вашети биде бомбона :)

Карма сестро... затоа е во таа каста кај што е... но вие не верувате во карма, немате искуство како што имаат тие од истокот...
Западниот човек е мек за овие нешта и не трпи страдања, затоа верува во сешто, а практикува ништо!
Карма е толку чест збор, што веќе малите деца се раѓаат и знаат што значи.
Кармас а бич итн итн.

Во западно општество имаме Божја правда, односно има судија кој ја одредува правдата, опишано во блаженствта во евангелие според Матеј а не нешто концептуално.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.230
Поени од реакции
12.216
Искрено, јас појма немам што е карма, од каде потекнува таа идеја, врз кои принципи се заснова што претставува и како функционира. Бескрајно ќе бидам благодарен ако имаш време и волја тоа да ми го разјасниш, ама онака, едноставно, како на дете. Сите ќе имаме бенефит од твоето несебично споделување на таа интересна, апстрактна теза.
Што е карма... како на дете да објаснам... еден христијанин тука вели дека многу зборувам но ништо не кажувам, неразбирајќи дека тоа е пракса стара колку и вечноста: да не разберат оние кои не треба да разберат што е кажано :)

Тоа ти е секое дејствување (и недејствувањето е дејствување кое „се мери“) дека носи последица. Исто како во мојата Телема што прави што ти е волја не те ослободува од последицата од мојата Волја, колку и да е таа божествена!

Разбирањето кај си и зошто си таму кај што си - те ослободува од вакви муабети претходно за кастите и како можело ова или она.
На запад тоа го мешаат со судбина, но кармата не е судбина. Бидејќи кога ќе сфатиш кај си и до каде можеш (без оние западни муабети само ѕвездите ти се пречка, па умираат незадоволени од животот, па страдаат и други околу нив), фанатизмот исчезнува, знаеш до каде можеш и најважно, што можеш сега и тука, за да „во иднина“ (морам во наводници јер нели не веруваат сите во карма), бидеш друго, помалку или повеќе.

Бидејќи карма не значи секогаш напредување!
Вивекананда вели вака во неговата книга „Карма јога“:

“According to Karma-Yoga, the action one has done cannot be destroyed until it has borne its fruit; no power in nature can stop it from yielding its results.

If I do an evil action, I must suffer for it;
there is no power in this universe to stop or stay it. Similarly, if I do a good action, there is no power in the universe which can stop its bearing good results. The cause must have its effect; nothing can prevent or restrain this.
….
He who in good action sees that there is something evil in it, and in the midst of evil sees that there is something good in it somewhere, has known the secret of work.
But what follows from it?
That, howsoever we may try, there cannot be any action which is perfectly pure, or any which is perfectly impure, taking purity and impurity in the sense of injury and non-injury.”

Karma Yoga by Swami Vivekananda

Мислам дека те мачи идејата за кастите и кој тоа одлучува кој каде е... :)
Боговите :)
Не луѓето. Луѓето тоа го нарекуваат miracle. Кога некој ќе успее преку карма јога да го постигне недостижното, „што не се случило порано“.

Самсара или постојаното раѓање е заради усовршување на трите патеки кои водат до прекин на тој волшебен круг: должност (кон себе и другите), знаење (за себе и другите) и патеката на посветеност (кон себе и другите) :)

П.С. Карма е физика на бесконечноста. :love: Не знам колку објаснив како на дете... ова е многу голема и тешка тема за муабетење и секогаш се оди во ќорсокак некако...
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: 831

Kajgana Shop

На врв Bottom