Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.942
Поени од реакции
5.083
Премин портал.
Немаш ти време многу, доаѓа Христос! Не заборавај!
Наместо да си скромен и кроток, тука дотрчуваш и ти гори срцето, пламти со омраза ...


Полека ниту ќе го оправиме христијанството ниту ќе се промени истото кон другите... исламот е лага, нема пророци после Исус, истокот е сатанизам и јогата е збирштина од пракси кои сатанистите ги практикуваат... така глаголате? Така јет... од друга страна пак исламот вели Иса е само пророк па ете ти од друга страна кон вас напад и негирање... и како тоа вие ќе се обедините бре пилиња како човештво?
А знаете дека не може сите да се христијани ниту било која една стара религија која го прекопува човештвото и го дели?

Нема да најдеш чисто и јасно напишано, имаат пракса Црните Браќа како со јазикот ;)

...и ондак...то...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
...и ондак...то...
Секогаш...

Затоа не треба многу нервоза и да заборавате кои сте и кон каде целите... не сте за тука секако.
Тоа што го проповедате и го слушате, дајте малку користете го...
Како што истокот има пракса и ритуали, малку и вие почнете да си ги користите праксите и да си го смирите срцето и посилно во верата!

Лесно избувнувате и зборувате сешто, и после цацко ќе ви е виновен кога Христос ќе ви го мери срцето, како Маат, големата божица на правдата.
Бидејќи и мислата се брои, не само делата (многумина немате дела, и пак страдате), убаво си пишува во Бхагавад Гита, читнете ја... ако е од истокот, не е сатанизам!

Исто има и во Телема философски книги каде ќе најдете за ова... на македонски јазик и тоа, да не нешто неразберете погрешно :)

А ако ве убедил некој дека запознавањето со други учења и религии е зло и тоа не треба да се прави, да знаете дека ве лажат на големо!
Или ве плаќаат да зборувате така, на големо.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.162
Поени од реакции
30.316
Ти си ми потпарол христијанки, постојано си тука кога јас зборувам и го спасуваш христијанството од злото и сатанизмот, нели? :)
Ne zimam plata da ti bidam portparol.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777
...ниту едните, ниту другите немаат во нивните свети писанија злоба а верниците наоштрени за истребување на неистомислениците до точка на вриење
...од каде доаѓа сето тоа, ако не од центрите на моќ?
...злото не е сотоната, натемаго или какво се име му давеме, туку човекот со неговите болни аспирации и стравови.
...или како јас милувам да кажам: Ѓаволот може без нас, но човекот не може без него :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
...ниту едните, ниту другите немаат во нивните свети писанија злоба а верниците наоштрени за истребување на неистомислениците до точка на вриење
...од каде доаѓа сето тоа, ако не од центрите на моќ?
...злото не е сотоната, натемаго или какво се име му давеме, туку човекот со неговите болни аспирации и стравови.
...или како јас милувам да кажам: Ѓаволот може без нас, но човекот не може без него :)
Од стравот за различност, од идејата дека верувањето е едно и исто за секој, дека само една е патеката, и нормално: чудното чуство да другиот размислува како нас, како тоа да е факт дека ако сите мислиме исто мора да е вистина нештото :)

Замисли имаш религии кои едни за други велат дека се лажни... самиот идеал, самата срж ја негираат кај другиот...
Како може тогаш да нема омраза едни кон други?
И кој страда? Сите ние... човештвото.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.777
...проблемот лежи длабоко вкоренет во нашата ДНА, неспособноста да се одлепиме од болните навики да се загледуваме и идентифицираме со толпата е единствениот логичен одговор на тој проблем.
...не можам да разберам како е можно во 21ви век сеуште да размислуваме чопоративно. Времињата кога тоа беше неопходност за преживување се минато, иднината сама по себе си носи нови правила на игра каде развиената свест и личниот интегритет е пред се.
...и кога единката ќе почне повеќе да работи на себе одколку да се огледува на толпата, нема така лесно да подлежи на било какви манипулации :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
...проблемот лежи длабоко вкоренет во нашата ДНА, неспособноста да се одлепиме од болните навики да се загледуваме и идентифицираме со толпата е единствениот логичен одговор на тој проблем.
...не можам да разберам како е можно во 21ви век сеуште да размислуваме чопоративно. Времињата кога тоа беше неопходност за преживување се минато, иднината сама по себе си носи нови правила на игра каде развиената свест и личниот интегритет е пред се.
...и кога единката ќе почне повеќе да работи на себе одколку да се огледува на толпата, нема така лесно да подлежи на било какви манипулации :)
Толпата е големо искушение.

Зошто мислиш дека старите учења кои постоеја многу пред религиите кои денес ги критикуваме и кои не носат ништо добро туку само поделба без да прифатат дека има други кои не се лоши, само не се како нив и нивните догми, заминаа во „илегала“?
И кога заминаа во илегала и своите учења напраивија да бидат невидливи, како да не постојат за новите секти?
И зошто?
И зошто сега се појавуваат повторно, како никогаш и да не прекинал нивниот развој и учење? :coffee:

Ќе скокне христијанинот во неговиот гнев да паламуди како „старата змија“(која не постои во неговата религија, ја собраа од евреите кои исто така не ги поднесува и има тешка омраза кон нив) се појави, крајот на светот е - а никако да разберат дека е само крај на старите религии и нивните поделби и војни помеѓу браќата на Земјата! Не ни разбираат за симболите и од каде доаѓаат - им рекоа зло е тоа, и зло бидна... дајте крв, дадоа крв за да си спасат кожата!
Јас сум патот и оп „ЈАС“ стана некој друг, надворешен симбол кој што нив ќе ги спасува! Каде така?

Гностичките учења излегуваат како извор од секаде, симбиоза од различни учења кои постоеја со еони и потајно се предаваа на иницијанти и оние кои бараа повеќе од ова постоење тука, учења кои погрешно беа третирани како христијанска езотерија, што е апсолутна лага... да беа тоа, христијанските отци ќе ги втурена во нивните редови, како што се суфите и нивниот исламски мистицизам!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.190
Поени од реакции
10.159
Што понатаму да се каже? :)
Па да речеме, можеш да побараш прошка тука на форумов за тоа што ги навредуваш христијаните и после со мирна душа да чекаш да дојде Исус за да те однесе во рајот.
;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Па да речеме, можеш да побараш прошка тука на форумов за тоа што ги навредуваш христијаните и после со мирна душа да чекаш да дојде Исус за да те однесе во рајот.
;)
Знам дека се зезаш и не ти е битна ниту една религија, ниту се заморуваш некој во што верува и како тоа во пракса го покажува меѓу луѓето :)
Ама мене ми е интересно да бидам „сериозен“ околу христијанството (со сите негови деривати) и исламот како најсвирепа религија насочена кон другите денес со нивните секти! :vozbud:

Доста со тој муабет како христијаните се навредени! ;)


Не пали тоа повеќе никаде... не требаше ниту да се дозволи таков муабет да започне!
Ниту муслиманите имаат право да бидат навредени повеќе бидејќи некој зборува критички за нивниот Мухамед!

Мислам тие може да се навредени, да дојдат и христијани и муслимани да тепаат неистомисленици со образложение „Навредени“... но нека прочитаат во нивните писанија и нека подразмислат како истите тие се однесувале и се однесуваат кон другите!

Ние другите не сме навредени и угнетени со тоа што со векови некоја црква или религија угнетувала други и ги ставала на маргините на општеството оние кои не сакале и не препознавале корисност од тие религии?
Не... не сме навредени денес што некој поп или обичен мирјанин не нарекува сатанисти, убијци, луѓе кои крв пијат, мојот пророк е ваков или онаков... ние другите не сме во ред, кон нас може еден беден христијанин кој што не си знае ниту своето писмо како што треба, не пак правилно да си ја практикува верата да дрдори сешто и ги сатанизира туѓите идеали оти така слушнал или толку му сечи умот - но ако јас нешто искоментирам што не му чини на христијанинот, навреден? Де бре...
Фалусот ме боли дали е навреден или не!
Ако на божественото му требаат луѓе за да го спасат од критика - фрли пепел на сето тоа учење!

Ние сме само зачудени како едно незнаење и обично верување и проклета надеж им дава на луѓето право да го силуваат другиот! И да квичат кога ќе го осетат стапот на свој грб и ќе им се земе жезлото од рака со која глумеле просветлени... просветлени Угнетувачи!

Каде е прошката тука? Или тебе ова ти е зафрканција кога се работи за верувањата и колку човекот е способен да наштети и себе си и другите заради едно верување?

А да, и имај убава вечер :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
...сите тие монументални дела што го допираат небото се направени со пари,нели?
...абсолуција на гревови се купувала(и се купува) со пари, големи гревови-големи пари :)
...малите пари кои доаѓаат од рајата се за поситни рабоќе како џипови, куќарина и убав живот на "божјите слуги"....и нешо од тоа за сметки плаќање :)
...и пак се се врти околу парите и моќта како продукт
...крај на светот доаѓа веќе со векови уназад...сигрно ќе дојде кога работиме со полна пареа тоа да се случи
Вистинските богови се обожуваат во пештери, во храмови, во шуми, на осамени врвови на планини, во сопствените тела...
Како ти е волја и кога ти е волја! И како се може...
Не важи ова за сите, дека треба пари и дека парите даваат моќ.
 

Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
...не можам да разберам како е можно во 21ви век сеуште да размислуваме чопоративно. Времињата кога тоа беше неопходност за преживување се минато, иднината сама по себе си носи нови правила на игра каде развиената свест и личниот интегритет е пред се.
Eeeeee....batka,,,tokmu tuka e problemot...vi napravija da egoismot bide vo prv plan i d se vadite ochi edni so drugi....da si praete sekti na koj kako mu odgovara ....vashiot egoisam odi vo krajnost,duri ii da mislite deka ste go fatile bog za jajca , pa duri i da mislite deka vie sta bogovi...JAS SUM BOG....krajno egoisticki.
Porano baza na religijata i na opstestvoto beshe FAMILIJATA...(zakonot za 3)...sega ve navedoa da mislite deka bazata e egoismot...brat so brat ochi da si nvadi...komsija so komsija..itd itd...
Aj...ke vidime kade ke stignete...Bog da ve cuva...
Hepca...ke si umram...tajnite na esoterijata so mene vo grob ke gi nosam...bitno e ti da si moderator...:lolzz:
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.163
Eeeeee....batka,,,tokmu tuka e problemot...vi napravija da egoismot bide vo prv plan i d se vadite ochi edni so drugi....da si praete sekti na koj kako mu odgovara ....vashiot egoisam odi vo krajnost,duri ii da mislite deka ste go fatile bog za jajca , pa duri i da mislite deka vie sta bogovi...JAS SUM BOG....krajno egoisticki.
Porano baza na religijata i na opstestvoto beshe FAMILIJATA...(zakonot za 3)...sega ve navedoa da mislite deka bazata e egoismot...brat so brat ochi da si nvadi...komsija so komsija..itd itd...
Aj...ke vidime kade ke stignete...Bog da ve cuva...
Hepca...ke si umram...tajnite na esoterijata so mene vo grob ke gi nosam...bitno e ti da si moderator...:lolzz:
ЕеееХ

"Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч.
Зашто дојдов да разделам син од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина.
И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни.
Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене."
-Матеј, нов завет

Одамна е почнат овој процес, само вие разбирате малку. Не ве интересираат верувањата, трчате по секти и чудни учења кои кривоверно ве учат за религиите, како да се езотерија..

There is no god but man.

А ти колку разбираш, твоја работа, не може да носиш туѓи обувки и да одиш туѓ пат... :love:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.027
Поени од реакции
6.502
Интересно што атеисти, до некаде и агностици па и одредени верници се фаќаат за наводните ствари кои немале врска, биле глупости и што ти не.
Истовремено тие секуларисти слепо и фанатично робуваат на земската власт, покорни на световната митологија.
Не мора да одиме понатаму, што станува со "општествениот договор"? Никој никогаш и никаде не го видел, едноставно не постои, нема такво нешто. Никој никогаш не потпишал таков договор, значи никогаш! Но непостоењето на тој т.н. договор не ги спречува секуларните да веруваат во него. Верата на атеистите е навистина трогателна, бескрајно веруваат во непостоечки ентитети.

Од сите ствари во кои може да се верува тие запнале фанатично, како пијан русин за бандера, да се фатат за општествен договор и мал милион непостоечки ситуации.

Дали атеистите се воопшто атеисти? Верата во ентитетот наречен Држава кој има свое свештенство иако под друго име е нешто неверојатно! Многу малку се вистински атеисти, остало се позери.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.942
Поени од реакции
5.083
Хепта сигурен си во оваа?
Нормално дека не е...он „само„ верува...:icon_lol:...и без „симболот„ од Телема.
Автоматски споено мислење:

Мене ми е сеедно што проповеда христијанство, ислам, будизам... ако тоа што го проповедаат не ме опфаќа мене, како Телемит... но нивните учења се такви или со нив или...
...и мене ми е се‘ едно тоа што Телема е новоеонско-староеонска препакувана доктрина...

Туку, дај просветли ме/не‘ нас „заостатанатите„ во „стариот еон„, што ново нуди Телема за родот човечки?

Стариот Завет вели дека „..ништо ново нема под Сонцето....„, а во новозаветниве времиња велиме дека саде 2 работи се нови:
- овоплотувањето на Синот Божји и
- основањето на Црквата Христова на Земјава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom