- Член од
- 4 ноември 2013
- Мислења
- 1.152
- Поени од реакции
- 1.779
Па мене не дошол никој да ми каже искрено, јас сам сум го расчешлал тој материјал и сум се информирал околу почетоците на црквата.Сакам да прашам како знаеш дека православната вера е таа што е вистинска...без лоша намера.
Дека додека никој не ти каже не ни знаеш дека постои...затоа го кажав примерот со "африканците".
Башка дел од тоа што избрав е историја на религија , така да..
Сведочат многу луѓе на разноразни начини.
Ги прават еванѓелијата како да се измислени кон крајот на првиот век и некои велат во вториот век , ги имам прелистано сите критики и измислици околу тоа.
Ако еванѓелијата се напишани од 70тите години до 90тите години од првиот век тогаш зошто ниту еден од тие што ги напишале не напишал ништо за смрта на најголемите апостоли на Христијанството , Петар и Павле.
Никој никаде нема ништо пишано околу тоа.
Освен апостолот Јован на индиректен начин во неговите писанија.
Дури и некој да ја измислил приказната ќе знае дека тоа е важна информација.
Ни авторот на 'Акти на Апостолите' не кажува ништо за нивната смрт.
Најлогично е да се заклучи дека нивната смрт не е опишана бидејќи они биле сеуште живи додека биле напишани поголемиот дел од библиските записи.
Тоа е пред 65та година од првиот век
Историската личност Исус загинал од 31до 33 та.
Значи во наредните 30 години биле запишани сите настани и верувања.
Оргиналните записи не се знае ни дали се уништени или не.
Но се знае дека се автентични и дека не се измислени без разлика на тоа што ги нема оргиналните записи.
Во сите старогрчки , латински и старословенски записи не постои ниту еден доказ дека тоа се приказни.
Научно се толкуваат како биографии а еден историски текст се рачуна како биографија ако е проверен и автентичен.
Западната црква генерално верува дека првото евангелие е тоа на Марко а сите записи од црквата викаат дека е Матеј.
Си измисли западот нова историја во 19 век и тоа е денес е меинстрим академија за жал.
Зошто православие а не некое друго Христијанство?
Иди влези во Ватикан , ќе видиш на што личи тоа.
Дувло на паганизам
Протестантиве подржуваат истополови бракови и си измислуваат нови догми кои не се подржани од традиционалната црква.
Тоа го нуди Христијанството , Римски Католичка Црква , Православие и Протестантизам.
Од тие православието е најблиску до црквата од антички времиња со учења , толкување и верување.
Значи ако човек почне да пишува за библиска историја , тоа ќе нема крај.
Си ја видел ли торинската плаштеница и најновите истражувања околу тоа?
Значи ако по некоја случајност се најде крстот на кој е распнат Исус може да се бараат остатоци од ДНК.
Денес се можни такви истражувања
За тој крст иначе нема докази дека е уништен и не се знае каде е.
Изгубена му е трага во историските записи
Имаше еден истражувач од крајот на 90тите што тврдеше дека нашол жива крв на тоа место кај што е распнат ама нема никакви докази за тоа.
Се заташка тоа и го ругаа после од академија дека тресе зелени
Има само снимка и негови тврдења , ништо друго.
Но ако тој крст сеуште постои , може да даде многу одговори
Значи тој истражувачот тврдеше дека нашол крв што има 23 хромозоми од мајката и еден непознат.
Тврдеше дека го дал во Еврејска болница да го истражат тоа и докторите му рекле дека крвта што ја испитале била 'жива' на некој начин..
После тоа нема ништо за таа крв , кај е што е и дали тоа е вистина.
Никој ништо не ни потврди , ниту отфрли и само се заташка тоа од јавноста.
Јас верувам во православието поради многуте сведоштва и записи и поради многуте чуда.
Дури и во денешни денови сеуште не е објаснето како некои работи се случуваат во христијански храмови за верски празници
На пример змиите што се појавуваат во Кефалонија околу 15ти август секоја година со крст

PANAGIA OF THE SNAKES, THE CELEBRATION OF SPIRIT AND TRADITION IN MARKOPOULO
Like every year, even in this disastrous 2020 the first snakes appeared in the Church of Panagia Lagouvarda (or Panagia Fidousa, Panagia of the snakes) in Markopoulo and in nearby Arginia, Kefalonia. The small snakes, silky and with a cross on the back, seem to appear every year out of nowhere...

Мене ме лазат морници само ова што го пишувам.
Секоја година на одреден датум се појавуваат таму и имаат невообичаено 'однесување'.
Сеа замисли ти се паркираш таму 5 години и го истражуваш тоа како се дешава и сфаќаш дека они се појавуваат во периодот околу Голема Богородица.
И сеа ти дремеш таму и истото се дешава година за година.
Иначе змиите не се појавиле два пати до сега , пред еден земјотрес во Кефалонија и пред почетокот на втората светска војна.
Јас пример би отишол да го видам чудото со реката Јордан каде што водата го менува правецот.
Со змиите би го прескокнал
Значи во даден момент кога се фрла крстот сведоци велат дека се гледа како се менува течението.
И истражувачи го имаат видено тоа и до ден денес се бараат одговори
Прво самата помисла дека течението се менува мене ми е језива , мислам дека да присуствувам на тоа ќе се посерам.
Значи никогаш истражувачи не биле вратени ичи спречени да истражуваат од црквата.
Алтернативата е дека ова е некоја хајка од црквата , ама црквата мора да биде ептен паметна за да прави такви работи , што јас искрено не верувам.
Автоматски споено мислење:
На ист начин како што ги знаме своите родители.Бонус прашање.
Од куде знаете дека Исус стфарно воскреснаја?
Ние не знаеме поточно , туку веруваме.
Значи во овој момент ако немаш днк анализа ти незнаеш кој ти е татко.
Дека татко ти ти е татко можеш да заклучиш на многу други начини и не ти треба днк анализа за тоа.
Емпириски доказ е днк анализа , затоа го кажувам ова
Нeма како да знаеме дека Исус воскреснал , може само да веруваме.
Дури и еден ден да се докаже дека е роден од девица , никогаш нема да може да се докаже дека воскреснал.
Во евангелието според Јован(20:24-29) е објаснето околу тоа , поготово што Исус му вели на Тома.
"Затоа што ме виде - ти веруваш , благословени се оние што не виделе ама поверувале"
Тој што го кажал ова бил свесен дека ова е за неверување.
Пак ќе кажам за да се каже дека овие работи се измислени треба конкретни докази
Автоматски споено мислење:
Јас знам дека секое добро треба да биде толкувано како добро.Се наоѓам во период кога пробувам да сфаќам да не осудувам ни мразам и се понашам како дете на предшколска возраст кое нема програмиран ум и сешто ми паѓа на памет..И ја не гледам ништо лошо во тоа,само сакам да знам дали е вера или традиција..
И јас не верувам во многу ритуали како на пр. оганот на Велика Сабота.
Беа на судење тие од црквата од Ерусалим и го изгубија спорот со новинарот што тврдеше дека од свештениците е запален огнот а не како што тврдеа они дека се појавува магично.
Тоа се тешки фанатаци и не се вредни за споменување.
Да идеш да лажеш народ со такви глупости за мене не е ок искрено.
Тоа се одредена група на луѓе , сепак.
Православието не е сигурно само свештеништвото
Тој настан никаде не e е споменат во црквата низ вековите се до 10 век кога се расцепува црквата на два дела и се дели на Римско Католичка и на Источна Православна.
Башка имаат мисионери од стари западни германски племиња умешано прсти во тој ритуал.
Порано биле викани Франки
Тие се корените на тој настан
За жал и во православната црква не е најсјајно , поготово што црквата во Ерусалим исто се занимава на големо со политика.
Кај нас не е ништо поразлично во врвот.
Јасно е денес дека сегде се удира на претставништво и нормално е дека многу имаат умешано прсти и во црквата.
Тоа околу Бадник е дел од традиција според мене и означува убав гест.
Околу Велигден ние неаме врска со тие пагански празници што се појавуваат многу покасно.
Фарбањето јајца е стара арамејска и асириска традиција од времето на апостолите.
Некои традиции почнале од многу мали места и се прифатиле како обичаи многу рано во црквата
Декорации и такви работи се исто подоцна измислени на западот.
Црвено јајце е симбол за Велигден од стари времиња.
Околу Велигден се уште и постите
Последно уредено: