Joshua_Tree
Samo na minuvanje...
- Член од
- 21 март 2010
- Мислења
- 1.425
- Поени од реакции
- 4.795
...зошто тогаш не се превземаат заеднички иницијативи помеѓу верските субјекти?Во ред, еве, јас ќе ја копирам содржината од посочениот ти допис:
„...не можам да разберам која е таа желба за пишување на форумот без амбиција за една креативна дискусија.Јас пишивам едно, ти пишуваш нешто сосема трето како одговор.
...или во недостаток на аргументи, пробуваш да деградираш или минимизираш
...искрено,ова е мојата последна реплика на твоите коментари„.
Еве ја содржината од тојот последен допис (до мене):
„
...одговори ми те молам, зошто мора една религија да биде исправна и света, а сите останати религии не?
...зарем не се навидовме колку пакост и несреќа таквиот став носи?
...или најлесно е да се покаже со прст на виновникот
...различностите се богатство а не анатема, и се додека плукаме на се што "не е наше" ќе гледаме само несреќа и човечки страданија.„
А еве ги одговорите:
- Еден Е Бог, Творец на се‘ видливо и невидлово. Од Него, како извор на вистината, можеме да очекуваме едно и само едно религиозно учење, кое Он го прати(л) до родот човечки, на кого му е создател. Наспроти живиот Бог, постои уште еден лик, херувим во Небесната хиерархија, кој откако посака да стане бог, почна да лаже. Што мислиш, кој од наведените два ликови кажува една а кој повеќе вистини?
- Па тоа е целта на „авторот„ на повеќето религии, преку кои „авторот„ Му се одмаздува на Бога, удирајќи по човекот, кого Бог го смета за свое врвно дело.
- Да, најлесно е да се покаже со прст „на другиот„ (таа грешка веќе ја сторија Ева и Адам и истата таа грешна ја наследивме до ден-денешен). Тоа посочување „со прст„ мора да биде и основано и оправдано.
- Различностите (меѓу народите) се последица на Божјата интервенција меѓу луѓето, мешајќи им ги јазиците, за да не разбират едни со други. Тоа само по себе не е проблем, затоа што преку Синот Божји, дојде и спасението за сите народи, секако, оние народи кои Го прифатија Месијата за свој Бог и Спасител. „Различноста„ како „сентиментален„ став, сама по себе е безвредна во духовноста. Сам Бог допушта различности (меѓу народите), што не значи дека сите тие се пречка или проблем пред лицето Божјо. Бог го сака родот човечки па затоа Го прати Свјот Единороден Син на Земјава. Синот Божји не ги гледа(ше) луѓето „на лице„, туку „по срце„.
...или тоа само декларативно стои, а вистината ја гледаме сите секојдневно

...го разбирам твоето верољубие, но не ја разбирам немоќта да се признаат фактите кои тука многупати се набројани