Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.546
Поени од реакции
1.102
...нити сум философ, а уште помалку имам амбиција тоа да бидам. Пробувам само да ги проширам своите хоризонти и гледања на животот, за да можам да го задржам "редот и дисциплината" во себе и сопствните мисловни текови
...од време на време, кога некој коментар ќе ме поттикне на размислување ќе си го кажам своето мислење, и толку
И твојте хоризонти отидоа до небото и се симна тука да ни кажеш што е ,а што не е од небото.
Не летај, седи во средината и врти во круг со умот.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.357
Поени од реакции
4.710
- Или не знаеш ни самиот како да ја објасниш.
- Да, луѓето се проблем и ним им е потребен лекар. Затоа дојде Синот Божји, за да го спаси човекот од злото, од ѓаволот и од смртта. Манипулации со луѓето имало, има и ќе има (се‘ повеќе). Изборот (од понудените вистини) е секогаш личен.
- Јасно е ка‘ ден дека мнозинството од луѓето е „...пораснато до стомакот...„ (како што рече еден мој ценет проф).
- Стариот и Новиот Завет се зададени и се неменливи, небитно и независно од твоето мислење за нив. Верата Христова секогаш била лесно достапна за сите оние (поединци) кои Го бараат Бога-за да Го најдат. Христос делуваше јавно, како што тоа и денес го чини Црквата Христова (со чат-пат по некој проблем...:)).
...не можам да разберам која е таа желба за пишување на форумот без амбиција за една креативна дискусија.Јас пишивам едно, ти пишуваш нешто сосема трето како одговор.
...или во недостаток на аргументи, пробуваш да деградираш или минимизираш
...искрено,ова е мојата последна реплика на твоите коментари :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.975
Поени од реакции
4.142
...не можам да разберам која е таа желба за пишување на форумот без амбиција за една креативна дискусија.Јас пишивам едно, ти пишуваш нешто сосема трето како одговор.
...или во недостаток на аргумента, пробуваш да деградираш или минимизираш
...искрено,ова е мојата последна реплика на твоите коментари :)
ОК
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Делуваше и тајно, некому со параболи, за други точно што и како. Исто како што дејствуваат православните цркви, земски, политички коректни, но од внатре полни со незамисливи интриги и договори, пари и злато! Покров на смртта.

Човекот не е спасен од злото и од смртта, тоа се само проповеди и верувања.... Затоа и 20 века и уште се проповеда едно та исто... постојано се бара верување и ништо друго.

НЕ постои стар завет. ТОа е злокобно и злобно именување на еврејскиот закон од страна на христијанските секти во III век за да си го оправдаат нивното верување и преземање на еврејската философија за месија, демек е нивна, христијанска!
Постои само нов завет кој што е ништо, ако го нема еврејскиот закон! Затоа и не сакаа да го поништат при нивните „собири“ низ вековите, ќе висеа во воздух сите философирања за Христос и целата догма христијанска...
Автоматски споено мислење:

...не можам да разберам која е таа желба за пишување на форумот без амбиција за една креативна дискусија.Јас пишивам едно, ти пишуваш нешто сосема трето како одговор.
...или во недостаток на аргументи, пробуваш да деградираш или минимизираш
...искрено,ова е мојата последна реплика на твоите коментари :)
Никој не чита што се зборува, @alf си тера некоја филсофија поврзана со христијанската света книга и е научен да проповеда, да ни каже што е што, бидејќи јас и ти не разбираме ништо... ако му напнеш, се љути без врска и снемува дискусија....
Еднострани се, Библија па библија... од другите религии ете само нешто поезија суфизам (иако не сакаат да прифатат дека суфизмот е езотериската страна на исламот), но и тоа е заплеткано, не го коментираат преку светлото на учењата од каде доаѓа.... треба да се земат многу свети книги низ рацете и да се фати нишката на човештвото и тој „духовен“ пат, ако постои такво нешто...

П.С. Како што не постои ништо надприродно, не може да постои и разлика од духовно и физичко - се е до количеството енергија :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.975
Поени од реакции
4.142
Делуваше и тајно, некому со параболи, за други точно што и како. Исто како што дејствуваат православните цркви, земски, политички коректни, но од внатре полни со незамисливи интриги и договори, пари и злато! Покров на смртта.

Човекот не е спасен од злото и од смртта, тоа се само проповеди и верувања.... Затоа и 20 века и уште се проповеда едно та исто... постојано се бара верување и ништо друго.

НЕ постои стар завет. ТОа е злокобно и злобно именување на еврејскиот закон од страна на христијанските секти во III век за да си го оправдаат нивното верување и преземање на еврејската философија за месија, демек е нивна, христијанска!
Постои само нов завет кој што е ништо, ако го нема еврејскиот закон! Затоа и не сакаа да го поништат при нивните „собири“ низ вековите, ќе висеа во воздух сите философирања за Христос и целата догма христијанска...
Се согласуваш со самиот себе...нели?...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Се согласуваш со самиот себе...нели?...
Зошто мислиш дека барам ти да се согласиш со мене? Ти тука пишуваш за да некој се согласи со тебе во врска со верувањата и религиите? Тешко тоа...

Сакам други да ме читаат и да сакаат да буричкаат низ историјата на твојата црква пред да климаат со главата понизно и да прифатат било што заради реда, туку така.... бидејќи од проповеди сме ваму кај што сме сега...
Политички интриги и глупости...
 
Покорисно ќе ти е ако пробуричкаш низ лагите од твојава...религија ли е, философоија ли е, збирштина ли е...за да ти станат рабојќето мнооогу појасни.

А тоа што се обидуваш да најдеш туѓи грешки наместо твоите, тоа во Црквата веќе е познато како „...вадење раска од туѓи очи, а не гледање греда во своите...„.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Секаде буричкам јас низ историјата на религиите и верувањата, ритуалите и обожувањата..

И за разлика од тебе, кој што за се друго велиш дека е лага, освен православието, јас наоѓам низ купот зборување и препелкања, зрак вистина низ различните учења, дури и христијанството...

И над сите тие учења има нешто поголемо од нивното парцијално зборување за работите.:coffee:
Затоа мора познавање на историјата на христијанство, евреи, ислам, истокот исто...
 
Кај Црковните апологети, одамна е познато дека низ белосветските религиозни учења, чат-пат (дури!) и може да се најде понекоја вистина па и мудра мисла, неспорно. Она кое е исто така познато, дека токму низ тие религии се среќава и тешка мешавина од де истина, де полувистина, де лага...

Јака ми е таа религија, односно учење, кое во себе не нуди само вистина, туку збирштина „од се‘ по малку„.

Вистината и‘ е објавена само на Црквата, од страна на живиот Бог. Ај пробуричкај малку у порвери од каде „доаѓаат„ (полу)вистините во другите религиозни доктрини.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Црковните апологети се луѓето кои го искасапија еврејскиот закон, го омаловажија и му дадоа погрдно име „стар завет“. Многу кревање на акциите на тие апологети надвор од црквата нема многу смисла, знаеш тоа...
Нека ги во црковните учења дека се многу јаки и ја имаат „вистината“. Под стаклено ѕвоно е се како што велат тие што се под ѕвоното... но надвор - е тоа е друга сказна.

Неточно дека вистината е дадена на црквата, на христијаните. Вистинската религија не раѓа секти и подучења и не се дели и не се заморува со земска политика, злато и мермерни храмови! Кон друго се насочени, но не можеме да зборуваме тука за тоа :)
Тоа е само верување на обичниот христијански верник, додека свештениците - знаат тие добро што е што, читаат книги, не се како вас - закопани во догма.

Богот за кој зборуваш е еврејскиот концепт на божественост, од каде се преземени и идеите за месија од страна на христијанските секти измешани со други учења кои крстосуваа на Блискиот Исток. Ете од каде доаѓаат „вистините“ на православната христијанска црква. Исто така вистини на непризнаеност и потреба да биде признаена, испреплеткани со политика и бладања, земски глупости, човечки надмудрувања... немате право да зборувате за боговите! Затоа расправате за тоа што е семејство, кој што смеел да љуби, што не смее, какво да било општеството... за друго не може да зборувате! Не знаете да зборувате за друго...

Но тоа ти го знаеш, но многумина - не знаат, затоа пишуваме тука :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.975
Поени од реакции
4.142
Црковните апологети се луѓето кои го искасапија еврејскиот закон, го омаловажија и му дадоа погрдно име „стар завет“. Многу кревање на акциите на тие апологети надвор од црквата нема многу смисла, знаеш тоа...
Нека ги во црковните учења дека се многу јаки и ја имаат „вистината“. Под стаклено ѕвоно е се како што велат тие што се под ѕвоното... но надвор - е тоа е друга сказна.

Неточно дека вистината е дадена на црквата, на христијаните. Вистинската религија не раѓа секти и подучења и не се дели и не се заморува со земска политика, злато и мермерни храмови! Кон друго се насочени, но не можеме да зборуваме тука за тоа :)
Тоа е само верување на обичниот христијански верник, додека свештениците - знаат тие добро што е што, читаат книги, не се како вас - закопани во догма.

Богот за кој зборуваш е еврејскиот концепт на божественост, од каде се преземени и идеите за месија од страна на христијанските секти измешани со други учења кои крстосуваа на Блискиот Исток.
Но тоа ти го знаеш, но многумина - не знаат, затоа пишуваме тука :)
Не релативизирај и прејди на буричкање.

Еве ти случај за добар почеток-погоди како е напишана светата книга кај муслиманите.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Сигурно не е напишана како кај христијаните - редактирана и уредена IV века после дадените настани, со мали интриги и уредувања што смее што не смее да има во таа нова „света книга“ во која има само вистина!
Еврејски учења објаснети од странци, кои не знаат од каде доаѓа еврејскиот закон :)

Диктиран е Куранот од страна на нивниот пророк Мухамед. Мухамед ги следи принципите на еврејските пророци... Не е како кај христијаните, кој што слушнал и видел, па запишал... а она што не одговорало од запишаното, оди во апокрифа.

Политика и интриги уште од IV век... човечки сплетки, затоа и законот се предава постојано помеѓу луѓето.
Боговите не можат веќе да не трпат со нашите глупости и инает: ова е вистина, ова е највистина, црквата е највистина, Мухамед е вистина, другите се зло и грешници... преку таквото им на боговите од нас и нашето кревање врева без врска :)
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.975
Поени од реакции
4.142
Сигурно не е напишана како кај христијаните - редактирана и уредена IV века после дадените настани, со мали интриги и уредувања што смее што не смее да има во таа нова „света книга“ во која има само вистина!
Еврејски учења објаснети од странци, кои не знаат од каде доаѓа еврејскиот закон :)

Диктиран е Куранот од страна на нивниот пророк Мухамед. Мухамед ги следи принципите на еврејските пророци... Не е како кај христијаните, кој што слушнал и видел, па запишал... а она што не одговорало од запишаното, оди во апокрифа.
Обиди се повторно...и почни да буричкаш, без изнесување ставови на ниво‘ од „рекла-кажала„.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.758
Поени од реакции
11.831
Обиди се повторно...и почни да буричкаш, без изнесување ставови на ниво‘ од „рекла-кажала„.
Ти ми рече да погодам, ете погаѓав... поправи каде згрешив околу Куранот, светата книга на муслиманите?
Не е диктирана од Мухамед, нивниот пророк? Ако не е диктирана, како е создадена?
Како вашата, на ист начин, преземање од евреите?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.975
Поени од реакции
4.142
Ти ми рече да погодам, ете погаѓав... поправи каде згрешив околу Куранот, светата книга на муслиманите?
Не е диктирана од Мухамед, нивниот пророк? Ако не е диктирана, како е создадена?
Како вашата, на ист начин, преземање од евреите?
Хепта бе,
а бе со нагаѓања ли се обидуваш да стигнеш до некоја вистина? :icon_lol:

Туку, ај ти продужи си, па може и ќе потрефиш нешто вистинито...

Ама ајде да ти помогнам, за да не луташ.

Стариот Завет е превземен комплетно од Евреите, онака како самите го напишале (напишан од патријарсите и пророците), т.е. го превеле на „старогрчки„ и тука нема ништо спорно. Стариот Завет ги тангира пред се‘ Евреите а многу помалку сите други народи.

Новиот Завет исто така е напишан од Евреи (Апостолите Исусови) и тука пак све е јасно ка‘ ден. Новиот Завет ги тангира сите народи, до кои дошло евангелието Христово, односно Новиот Завет е наменет за целиот човечки род.

Стариот и Новиот Завет чинат една неодвоива целина, како Вожјо откровените до родот човечки, во кое е опфатена сета историја на Небесата и на створениов Свет.

Куранот е пишуван во неколку верзии (4) и не како директен диктат од „ангелот“ Џибриил, туку од „рекла-кажала„ од повеќе запишувачи. Само една од верзиите од Куранот е одвоена за „вистинита„ а другите (3) се уништени.

И сега што мислиш, како некој трагач по вистината и по духовноста може да се потпре на света книга, како збирштина од произволни и нескладни записи?...

Ај пробуричкај и види каква е состојбата и со другите религии, кои повремено мораат (!) на изведат по некоја „реформа„ во своите доктирни...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom